логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Архимандрит Георгиј Капсанис: Крстот Христов и Неговото значење во нашиот живот


Чесни крст како Христов символ и знак


Чесниот Крст е најсветиот знак и символ на нашата вера. Сите свети Тајни се извршуваат со призивот на Светиот Дух и со печатот на Крстот: крштевање, миропомазание и Божествената Евхаристија. Сите свештени благослови се во знакот на Крстот. Светите храмови, светите предмети и одежди се осветуваат со чесниот Крст. Било кое литургиско дејство или собрание е незамисливо без крстот.
Крстот е најверен другар на секој православен христијанин, од моментот кога ќе се родиме се до нашето успение. Со крстот се означува и гробот на секој христијанин.
Многу често се осенуваме со знакот на крстот, ставеме крст на своите гради, во домовите каде што живееме, во автомобилите, на работните места, и како што воспева Црквата : „Крстот е чувар на сета Вселена, Крстот е благолепие на Црквата, Крстот е силата на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и пораз на демоните„. Крстот не само што е најсвет и најдрагоцен, туку е и незаменлив христијански символ. Без него е незамислива Црквата на Христос Распнатиот. Затоа еретиците или не укажуваат должно почитување на крстот, во случај на протестантите и евенгелистите, или сосема не го почитуваат како што се Јеховините сведоци. Во Старечникот пишува како свети Јован ги прашал демоните, што најмногу ги плаши кај христијаните, а тие неволно му одговориле: „Од три работи имаме страв: од она што го носите околу вратот, од она со што се потопувате во Црквата и од она што го јадете на Литургијата„. Тогаш, тој повторно ги прашал: „Од овие три работи од што највеќе се плашите?„ И тие му одговориле: „Кога добро би го чувале (во вас) она што го јадете на Литургијата никој од нас не би можел да му наштети ниту на еден христијанин„. Значи, она од што најмногу се плашат демоните е Крстот, крштевањето и Божественото Причестување.
Силата на Чесниот Крст
Благодатта и силата на чесниот Крст не се наоѓа во неговиот облик, т.е. со самото тоа што е крст, туку неговата сила е во тоа што Крстот Христов стана средство со кое Христос Го спаси светот.


Крстот е жртвеник на кој Христос се принесе Самиот Себе за сиот свет. Сиот кенозис, снисходење, смалување, маки, болки, смртта и се што превзеде (превзема) за нас се добредетели во крстот.На крстот Го доживеа најголемото понижување и болка за нас. Заради нас постана проклество за нас да нè ослободи од гревот и законот. Севкупното Христово дело, сето Негово човекољубие се собира во крстот. Свети Григориј Палама ни пренесува едно сведоштво, како некој иронично запрашал еден од богоносните отци дали верува во Распнатиот, а тој му одговорил: да верувам во Оној Кој Го распна гревот. На крстот Богочовекот ја реши трагедијата на човечката слобода како причина за непослушност на првосоздадените, и бидејќи стана послушен до самата смрт, и тоа смрт на крст (Филп. 2,8). Така повторно ја насочи нашата слобода кон нашиот Творец, Троичниот Бог. На Крстот ја победи смртта, со смртта, смртта ја победи, со тоа што нашата смрт ја направи Своја, а со Своето Воскресение ни подари живот и нераспадливост. Преку Крстот Он нé спријатели со Бога Отца и ни подари простување на гревовите. На крстот на најубедлив начин покажа дека нé љуби со Својата безгранична љубов, дури и во часот кога Го распнуваме. Преку Крстот нас нè приведе и соедини во едно тело, нас, своите расеани деца; го сруши непробојниот ѕид кој нас не делеше и создаде во себе нов човек (Еф.2,15). Со Крстот Го очисти и освети небото, воздухот и земјата, со оглед на тоа што е распнат под небото, а подигнат во воздухот, а Неговата пресвета крв се пролеа на земјата. На Крстот ја принесе општата жртва за сета земја и за општо очистување на севкупната човечка природа. Затоа, страдаше надвор од градските ѕидини и надвор од Соломоновиот храм, како што забележува свети Јован Златоуст. Со Своето распнување, „воздигнување со смирение во полнота„, како што вели една древна молитва, ја воздигна и нашата природа која „преку лажното воздигнување и суетното движење се спуштила до адот„. На Крстот покажа дека овој свет не е последната реалност, туку само пат кон последната стварност. Секако, доколку во овој свет крстоносно се бориме против својот егоизам. Така повторно воспостави позитивна смисла на овој свет.
На Крстот откри за Себе дека е Единствен Доброчинител и Спасител, Избавите и Животодател на Универзумот, и конечно го осуети секое дело на ѓаволот, неговите методи и заблуди, моќ и власт која ја имаше над луѓето. Смртта Господова на Крстот е Живототворна и избавителна, дарува живот и избавување: бидејќи е ДОБРОВОЛНА.


Господ пристaпува на смртта не како осуденик, туку како Цар Кој се жртвува за своите поданици, како што и Самиот вели: "Со крштевање треба да се крстам и колку ми е мачно додека не се сврши тоа" (Лк. 12, 50). Затоа, Ромеите пишуваат на Крстот: „Царот на славата„, и го сликаат Христос не обземен од болка (со обесено тело кое се држи на истегнатите раце и изгледа сосема немоќно), туку Господа(рот) и (на) болката (рацете на Крстот се хоризонтални).

Бидејќи Смртта е СТВАРНА.

Според Божественоста нестрадалниот Господ страдаше за нас по тело. Неговата човечка природа ја изоде предсмртната агонија и болката на распнувањето. Требаше нашата смрт да ја доживее потполно, а не само како феномен. Во Гетсиманската градина човечката природа навистина се исплашила, но сепак се покорила на Божествената воља по природа. Така страдаше и умре за спасение и живот на светот. Бидејќи Он страдаше безгрешен за грешници. Основна вистина е дека Господ бил безгрешен, бидејќи Неговата човечка природа од самото воплотување е соединета со Божествената, заради што ова единство е ипостасно единство во лицето на Словото Божјо. Крстот Христов навистина бил за „Јудејците соблазна, а за Елините безумство, а за нас повиканите во Христа, Божја сила и Божја премудрост„ (1Кор.1,23). Тоа е најголемиот парадокс во историјата: живот преку смрт. Преку проклество, благодат. Преку понижување, слава. Преку смирение, воздигнување. Како што вели свети Григориј Палама: „Тоа е, значи, сила и мудрост Божја, за преку немоќта да победи, за преку смирението да се воздигне, за преку сиромаштвотот, да се обогати„. Не е случајно што Господ не сакал да остане во славата на Преображението и да го избегне крстот, туку слегувајќи од Тавор ги подготвил учениците за она што треба да се случи. Кога Петар го советуваше да ја избегне крсната смрт, стого беше укорен: „бегај од Мене сатано! Ти си ми соблазна, оти мислиш не на она што е Божјо, а за она што е човечко„ (Мт.16,23). И, повторно приближувајчи се на доброволното страдање вели: „Сега се прослави Синот Човечки„ (Јов.13,31). И во другите делови на Евангелието, Крстот се карактеризира како Слава Христова (Јов.12,23). Слично зборува и свети Јован Златоуст: „Крстот кој во минатото беше предмет на срам и казна сега (во Христа) станува слава и чест. А, дека Крстот е слава, чујте што вели Христос: „Оче, прослави Ме со славата која ја имав во Тебе пред да настане светот„, подразбирајќи ја овде славата на Крстот„. (во продолжение: Учество на христијаните во Крстот Христов).

Подготви:

презвитер Горан Стојчевски

2-ри април лето Господово 2016

 

Друго:

Крстот Христов и неговото значење во нашиот живот

Архимандрит Георгиј Капсанис

Животот во Христа не е живот немарен, неодговорен, живот безгрижен, без труд. Ја има вистинската среќа, големи и суштински радости, многу и најдлабок мир, кои меѓутоа се постигнуваат полека – полека и се оддржуваат и се умножуваат преку крстоносниот живот.

Крстот Христов постои и се повторува во животот на Светите, во животот на верните, на учениците Христови и денес. Тој го разубавува нашиот живот, нè образува во Христа, нè созрева, нè подготвува за Воскресението, за вечниот живот.

Светот вон Црквата се плаши од Крстот Христов, му се потсмева, се гнаси од него, се одрекува од него на секој начин. Така останува без Неговиот благослов, без Неговата сила, без надеж во сегашниот и во идниот век. Смирените ученици Христови со многу трпение го носат Крстот во својот живот, макар и со немоќи, со несовршенства, коишто ден за ден се премавнуваат и на нивното место се отпечатуваат крсните на љубовта „рани Исусови“ во нивното тело и душа.

Тоа се тие кои произлегуваат „од големата скрб“ и се обелува нивната облека со крвта на Агнецот.

Тоа се тие кои можат да љубат вистински во Христа, да го сфатат ближниот со неговите гревови и слабости, да го прифатат каков што е, дури и кога не го цени тоа, како што Самиот Господ нè возљуби без да го цениме тоа.

Тоа се тие кои со подигањето на Крстот Христов во нивниот живот ја држат Божјата благодат во нашиот болен свет и го оддржуваат, го разубавуваат. Не се и денес малку тие кои го љубат Крстот Христов во нивниот живот. Не се малку тие коишто го претпочитаат наместо лесните светски решенија, пазејќи „сурови патишта“ само и само „заради зборовите од усните Исусови“.

Во нив копнееме да се вброиме, со благодатта Божја, и ние што поради нашите слабости тешко го распнуваме на Крстот Христов стариот човек, нашиот горд разум, и да велиме со секојдневната наша пракса: „На Твојот Крст се поклонуваме, Владико…“
На Твојот Крст се поклонуваме, Владико…
Чесниот Крст како символ и знак Христов

Чесниот Крст е најсветиот знак и символ на нашата вера. Сите свети Тајни се извршуваат со призивот на Светиот Дух и со печатот на Крстот: Крштението, Миропомазанието, Евхаристијата. Сите свештени благослови се во знакот на крстот. Светите храмови, светите садови и одежди се осветуваат со Чесниот Крст. Не може да се замисли литургиско дејство или собрание на верните без печатот на Чесниот Крст.

Крстот е и најверниот пријател на секој православен Христијанин, од моментот кога кога ќе се родиме па до нашата смрт. И гробот на секој Христијанин се обележува со Крст. Знакот на крстот го ставаме на нашите гради, на нашите работни места, во нашите домови, во нашите автомобили, и како што пее Црквата: „Крстот е чувар на целата Вселена, Крстот е красота на Црквата, Крстот е утврдување на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и рана за демоните“.

Крстот е не само најсвет и најомилен, туку и најнезаменлив христијански символ. Без него не може да се замисли Црквата на Распнатиот Христос. Затоа еретиците или не ја искажуваат должната почит кон Чесниот Крст (како што се Протестантите или Евангелистите), или целосно го одречуваат и го навредуваат (Јеховините сведоци).
Света Причест

Во Старечникот е опишано како Јован Востринос, човек свет и со власт над нечистите духови, ги прашал демоните: „Кои работи кај Христијаните најмногу ве плашат?“ Тие му одговориле: „Од три работи се плашиме: од она што го носите околу вратот, од она со што се попрскувате во храмот и од она што го јадете на Литургија“. Тој пак ги прашал: „Од тие три нешта, од кое најмногу се плашите?“ а тие му одговориле: „Ако добро го пазите она со што се причестувате, никој од нас не би можел да му наштети на ниту еден Христијанин“. Значи она од што најмногу се плашат демоните се: Крстот, Крштението и Причеста.

Извадок од книгата: Архимандрит Георгиј Капсанис, Крстот Христов и неговото значење за нашиот живот, Скопје: Премин, 2008, 7-12.

 

https://bigorski.org.mk/katehizis/krstot-hristov-i-negovoto-znachenje-vo-nashiot-zhivot/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная