Викарен Епископ Јаков Стобиски: Милоста и состраданието ќе нѐ направат слични на Христос, а не некаква праведност
Е, сега, гледајте дали ќе барате правда или ќе пројавите милост. Поимот правда не треба да се спомнува меѓу нас, не треба да се повикуваме на такво нешто во меѓусебните односи. Еве, сите вие кога дојдовте првпат на исповед, вашиот духовен отец кон вас пројави правда или милост!? Ви прочита разрешителна молитва и ви кажа дека Бог ги љуби грешниците што се каат, или пак, за правда ви зборуваше!?