ОТСЕКУВАЊЕ НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ
Св. Јован Крстител и Претеча Господов проповедал покајание. На луѓето им велел дека по него доаѓа Христос и Нему треба да Му се покоруваат. Мисијата на светиот пророк и Претеча била поврзана со проповедта за покајание. Без сознанието за покајание, човекот е неспособен да ги осознае и сопствените гревови. Таквиот човек е неспособен да го открие своето срце пред Севишниот Бог.