Архимандрит Андреј Конанос:Исусовата молитва е љубовно искуство (прв дел)
Монасите ја кажуваат по цел ден. Еден добар монах, за да биде навистина монах, најмалку не треба да биде сам, туку секогаш во друштво – во друштвото на молитвата, а најмногу на Исусовата молитва, секогаш да ја носи својата бројаница во раката, а најмногу во своето срце. Секој јазол е возбуда, секој јазол е љубов, секој јазол е прозба, славословие, повикувањето на ова свето и семоќно име, Господовото име.