Духовден- Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, с.Љубанци(08.06.2020)
Со слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите се запечатило спасението на човечкиот род од Богочовекот Исус Христос. Воедно, со слегувањето на Светиот Дух започнала и апостолската проповед, започнал светотаинскиот живот во Црквата. Затоа светата Педесетница се смета и како роденден на Црквата Христова. На овој ден таа ги примила благодатните дарови на Светиот Дух, коишто ја сочинуваат нејзината таинствена суштина.