логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Храмот како дом Божји


Во раното христијанство, кога сѐ уште не постоеле храмови, заедничките богослужби се извршувале на отворено, а жртвите биле принесувани на подигнато место наречено – олтар. Како жртвен олтар обично служел некој голем камен. Подоцна започнала изградбата на храмови и посебни олтари.

3.angeli.so.truba
 
Што, всушност, претставува храмот? – Храмот е пред сѐ Божји дом. Па, зарем Бог има свој дом? Нели е кажано дека Бог не живее во неракотворни храмови (Дела 7, 48ч 17, 24)? Да, вистина е дека Бог физички не живее во згради создадени од човечки раце, зашто Он е Дух. Бога не можат да Го примат целите небеса, дури и целата вселена (Пс. 102,22). Тој е насекаде и сѐ исполнува. Он благодатно присуствува во храмовите кои Му се Нему посветени. Овде присуствуваат оние, кои длабоко ја чуствуваат верата и се свесни за тоа. па затоа, кај било кои народи и во сите историски периоди од минатото, па и денес, има одредени места на кои се подигаат олтари или изградени храмови посветени во името на Бога, во кои луѓето го повикуваат името Божјо, Му принесуваат жртви, се молат за Неговата помош и заштита.
Некогаш праотецот Јаков го нарекол „Дом Божји“ местото, каде што Бог им се јавил. Тој посебно го одбележал тоа место, подигнувајќи камен и прелевајќи го со елеј. Мојсеј според Божјите упатства подигнал скинија – храм од платно, во која пребивала Божјата слава (2.Мој. 25, 8). Подоцна пак, Соломон Му изградил на Бога величествен храм. За време на осветувањето на тој храм, Божјата светлина го исполнила домот Господов (3.Цар. 8,11). Самиот Господ Исус Христос го посетувал ерусалимскиот храм и покажувал голема ревност кон него (Јн. 2, 17ч Пс. 68, 9).
Храмот, како дом Божји, претставува предмет на особено побожно почитување. Тој се разликува од другите згради по архитектонското решение, уредување, убавина и раскош. Најубави згради во минатото, па и до ден денес, се самите свети храмови.

3.angeli.so.truba
 
Првите христијани немале храмови. Тие оделе на молитва во Ерусалимскиот храм (Дела 2, 46). За време на христијанското гонење од страна на Јудеите и незнабожечките власти, во првите три века, христијаните се собирале на молитва на секое можно место, по домовите, катакомбите, на отворено место, пустините, на бродовите и разни други места. Еден свештеномаченик, бидејќи немал соодветно место поради прогонувањата, светата Евхаристија ја извршил на своите гради, велејќи им на христијаните „Моите гради се олтар, а вие пак сте храм на светата Жртва“.
Ваквата состојба била сѐ до 313. година, кога императорите Константин Велики и Ликиниј го издале едиктот во Милан, со чија сила христијанството е признато за дозволена религија. Тогаш престанале гонењата против христијаните. За Христовата Црква настанала нова ера на слободно живеење. Во голема мера се граделе христијански храмови, а самиот тогашен римски граѓански стил (базиликата и ротондата) бил прифатен од самите христијани, внесувајќи во внатрешноста христијанско обележје.
Храмот имал посебно значење за христијаните. Тој постанал центар на нивниот верски живот.
Што всушност, претставува храмот? Како што е речено, тој пред сѐ е Божји дом т.е место на особено благодатно присуство. Имено „дом Божји“ во Светото Писмо е доста вообичаено (Мт. 21, 12-13). Храмот е симбол на небото. Кога стоиме во храмот, ние мислиме дека сме на небото. Па затоа, сѐ што се наоѓа во него е така уредено, за да нѐ потсетува на небесното.

3.angeli.so.truba

Храмот е дом за молитва (Лк. 19, 46). Така Бог го назначил уште во Стариот Завет, велејќи: „Бидејќи Мојот дом ќе се нарече дом за молитва за сите народи“ (Ис. 56, 7). Тоа истото го потврдил и Самиот Господ Исус Христос, кога ги протерал трговците од Ерусалимскиот храм (Лк. 19, 46).
Храмот е светилиште, т.е место свето и осветено (Пс. 65, 5ч Дела 6, 13). Храмот не е свето место затоа што осветен со посебен чин, туку поради благодатното присуство на Сесветиот Бог во него. Овде се извршуваат разни свештенодејствија, па дури и најсветата Тајна – Евхаристија која истовремено ги осветува оние што ја примаат, а и самото место каде таа се извршува.

3.angeli.so.truba
 
Храмот е училиште на верата и моралниот живот. Тука ние ја слушаме Божјата наука, науката на Господ Исус Христос и проповедите, во кои се открива и објаснува смислата на Светото Писмо, верските и моралните вистини. Во храмот, од самиот амвон, верниците се запознаваат со животите на Божјите угодници, кои претставуваат вистински пример за подржавање. Свештените симболи, богослужбените дејствија и фрескоживописот на библиските настани претставуваат жива книга и проповед. Со помош на фрескоживописот, се дава можност за разбирање на верата на оние, кои се колебаат и на непосреден начин ги примаат божествените вистини. Светите Божји угодници како да нѐ гледаат од иконостасот и фреските и како да сакаат да ни кажат: “И ние бевме исти луѓе како вас, со исти страсти, но го љубевме Бога и ближните, а самиот Бог нѐ освети со Својата сесвета благодат. Па затоа и вие следете го нашиот пример“!
Храмот е тивко пристаниште за душата и засолниште од бурата на животот. Кога бурата ќе го зафати бродот на отворено море, тогаш бродот брза кон тивкото пристаниште. Кога нѐ прогонува непријател, ние веднаш се засолнуваме. Колку пријатно чувство го обзема човекот, кога ќе успее да се засолни на сигурно и безопасно место! Токму домот Божји (црквата) е такво тивко пристаниште и тивко засолниште во бурниот живот, но и сигурна заштита од злобните демонски напади.
Храмот не е само Божји дом, туку и наш дом. Оние кои веруваат се собираат во храмот, како членови на едно семејство, како деца на Единиот и Ист Отец Небесен. Овде сите се чувствуваат како браќа. Сите најважни случувања на верните се сврзани токму со самиот храм. Тие овде се крстени, т.е духовно родени, па затоа храмот во духовна смисла претставува нивна родна куќа; тука тие се миропомазани и духовно израснати, тука го добиваат и благословот за својот брачен сојуз; тука тие преку светата Евхаристија доаѓаат до најживо општење со својот Спасител Господ Исус Христос; и најпосле, повторно тука, за последен пат, ќе бидат донесени како упокоени, за Мајката Црква да се помоли за нивното заминување од овој земен кон небесниот живот.


3.angeli.so.truba
 
Поради сето ова, христијанинот е силно поврзан со Божјиот храм и нему му е верен, па дури од мали нозе неговиот дух копнее за Господовите дворови. Овој свет копнеж за Божјиот дом прекрасно го изразил Псалмопевецот со зборовите: „Колку се мили Твоите живеалишта, Господи Саваот! Копнее душата моја, сакајќи да е во Господовите дворови; срцето мое и телото мое со радост се стремат кон Живиот Бог“ (Пс. 84, 1-2). „Само за едно  Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм“ (Пс. 27, 4). „Се зарадував кога ми рекоа: Да одиме во домот Господов“ (Пс. 122, 1)!
Со оглед на неговата специјална предодредена намена, храмот како култен објект посебно е уреден, а има и посебна конструкција, која се состои од три дела: припрата, среден дел и светиот олтар. Некогаш околу храмот постоел специјален објект со базен или извор (за крштевање), со зграда како дом за свештениците, но исто така имало и трпезарии за сиромасите и место за прием на посетителите.
Припратата (нартексот) е место во кое стоеле огласените на молитва, т.е оние кои се припремале за крштение, но и оние кои се каеле. Во овој дел се извршуваат некои помали богослужби, како што се полуноќницата, деветти час, повечерие и сл.
Во средниот дел наречен „брод“ (наос), се собираат оние кои го примиле светото крштение. Овде се извршуваат повеќе чинови од заедничките богослуженија, а се читат и Божествените Писма. По читањето се произнесува проповедта. Во некои наши стари храмови, а особено во турското ропство, после припратата постоело посебно одвоено место од средниот дел, со дрвена ограда, наменето за жените. Во поново време, во некои храмови на западната страна има галерии, одредени за жените и црковниот хор. Во средниот дел е архиерејскиот трон и две певници (од левата и десната страна), наречени клироси. Речиси во сите храмови постојат амвони – подигнати места од кои се чита евангелието и се проповеда.
На источниот дел од храмот е светиот олтар. Тој е одвоен од среднииот дел со преграда наречена иконостас, бидејќи на него се ставале светите икони. Иконостасите обично се прават од резбано дрво. За да се влезе во светиот олтар постојат три врати: централна, која е наречена „царски двери“ и две од страните – јужна и северна. Некои помали храмови ја немаат јужната олтарска врата. Царските двери најчесто се изработуваат од дрвена резба. Позади дверите постои завеса, која се повлекува и извлекува во одредени моменти на богослужбите.

3.angeli.so.truba
 
Најважен дел на храмот е светиот олтар. Во средината на олтарот, пред царските двери, се наоѓа светиот престол, кој е наречен и чесна трпеза или жртвеник. Цветиот престол, во конкретна смисла на зборот, значи олтар, бидејќи во него се принесува нашата бескрвна жртва – Светата Евхаристија.
Источниот олтарски ѕид, обично е полукружен и се нарекува „апсида“. Во големите катедрални храмови на внатрешната страна на апсидата се наоѓа архиерејскиот трон, а покрај него од двете страни има тронови за свештениците. Во нив седат свештениците само во определени моменти од богослужбите.
На северниот дел од источниот олтарски ѕид се наоѓа ниша, која личи на мала пештера, наречена „протесис“ или „проскомидија“. Овде се извршува припремниот дел од светата Литургија. Проскомидијата ја симболизира пештерата во која Христос се родил, но истовремено и Голгота – возвишението, на кое бил распнат Нашиот Спасител.
Домот Божји е свет (Пс. 94, 5) и му припаѓа светост за долго време (Пс. 93, 5). Ако местото на коешто горела капината било свето, поради што Мојсеј, во знак на особена побожна почит требало да ги собуе обувките, тогаш колку повеќе е свет нашиот храм, осветен со свето миро и со архиерејско осветување, место на особено благодатно присуство Божјо, и светиот олтар на кој се извршува најсветата Тајна – тајната над тајните – Светата Евхаристија! Со колку ли побожно чувство треба да стоиме во домот Божји и со каква љубов треба да го сакаме! Треба да чувствуваме ревност за Божјиот дом, како што чувствувало богољубивото срце на светиот цар и пророк Давив (Пс. 68, 10) и Господ Исус Христос (Јн. 2, 17).
„Господи, го засакав живеалиштето на Твојот дом и местото каде што пребива и славата Твоја“ (Пс. 25, 8.)

3.angeli.so.truba
 
„Копнее душата моја, сакајќи да е во Господовите дворови; срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог … Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои“ (Пс.83, 2-3, 5)

3.angeli.so.truba

„Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам; да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да го посетувам Неговиот свет храм“ (Пс.26, 4)


 Епископ Макариополски Николај

 

За Преминпортал подготви

Дејан Блажески

23ти октомври 2020 лето Господово

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная