Велигденско послание (25.04.2019)
Сè што Спасителот учеше и сè што направи е за целото човештво и за секого од нас. Тој ни порача дека небото и земјата ќе преминат, ама зборовите Негови нема да преминат14. Затоа, и ние сме повикани да земеме учество во воскресенската слава и со сите христољупци да ја споделуваме победоносната радост. Но, на таков подвиг вистински ќе се удостоиме само преку верата и добрите дела.