Откриен најстариот христијански ракопис
Пред многу векови, еден од првите христијани во Римската Империја, што живеел во Египет, му напишал на папирус писмо на својот близок. Ова писмо преживеало до денешен ден и денес е дел од збирката папируси на Универзитетот во Базел, Швајцарија. Писмото датира од 230 година, со што е признаено како најстар христијански документиран доказ од Римски Египет и навистина најстаро христијанско писмо до денес во светот.