РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ ЧИНОНАЧАЛСТВУВАШЕ НА ОПЕЛОТО НАД УБИЕНИОТ РУСКИ АМБАСАДОР АНДРЕЈ ГЕНАДЈЕВИЧ КАРЛОВ
Веруваме, дека по нашите молитви, и особено, преку својата маченичка смрт, Андреј Генадјевич ќе влезе во Божественото царство на славата и на него ќе се излие милоста на милосрдниот Бог. Нека нашите молитви за него, не бидат само во овој ден, кога се збогуваме со него и го испраќаме на неговиот последен пат, но молитвениот спомен за него да се зачува во нашиот народ уште многу години“.