На 26.07.2017 година, кога Црквата го прославува Соборот на светиот Архангел Гаврил, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на протоереј - ставрофор Александар Гошевски, протоереј - ставрофор Глигор Дамјановски и Игумен Агатон отслужи Божествена Литургија во црквата Свети Архангел Михаил во населба Автокоманда. На Литургијата во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Александар Најдовски.По завршувањето на Литургијата, Архиерејот со свештениците и присутните верници молитвено со Панихида се помолија за жртвите на Скопскиот земјотрес од 1963 г.
Среда, 26 Јули 2017
Извор: Скопска епархија