Слаѓана Ставрева: Во спомен на Караман, кучето кое беше горски цар (2)
Во почетокот, во оние најрани денови кога дојде кај нас, Караман се плашеше и бегаше од се’ што личеше на стап во рацете на некој човек. Но, за кратко време, тој бргу сфати дека земен стап во рака, не значи ќотек во оваа куќа. Затоа без страв знаеше да се испружи врз расцутените цветни леи, во кои јас со љубов секоја пролет садев разнобојни цвеќиња ...