Велигденско послание (11.04.2015)
"И секој христијанин, живеејќи во Црквата и учествувајќи во светите тајни и во подвигот на љубовта, ја надминува смртта и уште отсега, уште овде почнува да го живее Воскресението"
"И секој христијанин, живеејќи во Црквата и учествувајќи во светите тајни и во подвигот на љубовта, ја надминува смртта и уште отсега, уште овде почнува да го живее Воскресението"
Страдањата и Крстот Христови не се принесуваат само за човекоцентрични сентиментални мисли, туку за движење на преродување, обновување, прославување и обожување. Потребен е личен егзистенцијален пристап кон овие големи Господови настани. Светиот Максим Исповедник ќе каже дека имаме две можности: едната е повторно да Го распнеме Христа, вршејќи гревови со нашите членови кои со Светото Крштение...
Ќе дојдат времиња во кои само оние што активно го искусуваат дејството на благодатта ќе бидат способни да го разликуваат доброто од злото. Луѓето нема да бидат способни да изберат меѓу доброто и злото служејќи се само со својот човечки разум. Ќе има вешти прелести и измами, и само благодатта Божја ќе може да нѐ спаси од сето тоа. Затоа, моли се – моли се за да не паднеш во искушението на прелеста!
„Тажен собир. Печална глетка. Пред нас – мртовец, и тоа необичен мртовец.
Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творецот на сета вселена.
За нас умре Тој. Ние згрешивме, а Тој страдаше.“
Тажен собир. Печална глетка. Пред нас – мртовец, и тоа необичен мртовец. Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творецот на сета вселена. За нас умре Тој. Ние згрешивме, а Тој страдаше.
Во царството Твое, спомни не, Господи, кога ќе дојдеш во царството Твое. Блажени се бедните по дух, зашто е нивно Царството небесно.
Блажение се тие што плачат, зашто ќе се утешат.
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов...
На 07.04.2015 г, кога го празнуваме Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско-Гостиварскиот Јосиф и Кумановско-Осоговскиот Јосиф, и епископот Хераклејски Климент, заедно со свештенослужителиот од истиот храм, отслужи божествена Литургија, на која го објави чудото кое се случило со иконата на св. Никодим Прилепски.
Гoспoд сo свoeтo страдањe ги oлeснил нашитe страдања. Oн прeтрпeл најгoлeми маки и излeгoл какo пoбeдник; затoа Oн мoжe да нè oхрабрува вo нашeтo малo страдањe. Oн страдал и трпeл на правина, а ниe страдамe и трпимe oтплатувајќи ги свoитe грeвoви. Затoа Oн мoжe двoјнo да нè oпoмeнува, да истрпимe дo крај, какo штo Oн, бeзгрeшниoт, истрпeл.
Ако забележиш дека стануваш нетрпелив и раздразлив, малку олесни си го својот товар. Ако се роди во тебе желба со презир да гледаш на другите, да ги укоруваш, поучуваш или да даваш забелешки, на погрешен пат си:
оној којшто се одрекува од себе, нема што да му приговара на другиот.
... И навистина сo искуствo дoзнаа дeка христијанската благoчeстива наука нe e вo испрeплeтeни збoрoви на мудрувањe, туку вo јавувањeтo на духoт и силата (1. Кoр. 2:4)
Семинар во Трескавец 1982 година, на сликата во центар е архиеп. Ангелариј, протоереј Методиј Гогов (архиепископ МИхаил), мислам дека лево е о. Владимир Санџаковски, а во позадина во профиле сликан св. Гаврил Светогорец, еп. Велички. На овој семинар мислам дека е крстен еден сегашен српски владика.
Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро. Оној кој зборува против молитвата,...
На 07/08 Април со почеток од 17:30 часот во трговскиот центар City Mall, во оганизација на Група на здруженија за РЕТКИ БОЛЕСТИ, ќе се одржи Велигденски Базар, со цел подигнување на јавната свест за ретките болести. Ве покануваме да ни се придружите, да ја реализираме нашата замисла.
04/22- сабота – Воскресението на Лазара / 07.15 утринска во 08.30 литургија Златоустова /
05/23- недела- ЦВЕТНИЦИ / 07.15 утринска во 08.30 литургија Златоустова /
+ СТРАДАЛНА СЕДМИЦА+
1. Голгота на историјата – Павле, Митрополит Алепски
2. Умирајќи – еве. живееме! – Протопрезвитер Џон Бер
3. Слово на светата Пасхална седмица – Архимандрит Јован Крестјанкин
Темјанот ја симболизира нашата молитва, која се издига како чад кон Божјиот престол. „Да се упати нашата молитва како темјан пред Тебе“ (Псалм 140). Значи, како што темјанот кога ќе се загрее се издига нагоре и наоколу шири благопријатен мирис, така и душите, кои се молат со топла и загреана вера, не треба да се врзуваат за земјата и за...
Како прво, евангелските раскази се густо проткаетни со политички мотиви. Без познавање на тогашната политичка состојба во светот и во Светата Земја, воопшто не е можно да се сфати што претставува Августовиот попис, благодарение на кој Господ е роден во Витлеем. Не е јасно кои се стотниците на римската војска и зошто патролираат по улиците на израелските градови, кои се цариниците и заради што народот воопшто не ги сака...
Прими го мојот совет.
Го слушам твојот крик... Ти носам олеснување за твојата тага, бидејќи позната ми е причината за неа, и и го знам лекот...
... Слеп ли си? Изгрева и заоѓа сонцето, а ти тоа не го гледаш?
Пустинските монаси привремено го напуштале тихувањето и доаѓале во светот за да го исповедаат Православието и да ги утврдат Православните во вистинската вера. Така свети Антониј Велики дојде во Александрија за да ја објави својата спротивставеност кон догмите на Аријанците.. Монасите одбивале да се причестат со декларираните еретици. Преподобните отци наши Сава Осветен и Теодосиј Општежителник...