Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Горан Трајкоски : ЗБОРОВИ, ЗБОРОВИ...
Тивко е и студено. Во очите и околу срцата.
Само беззаконието е живо, разиграно и „насмеано“ – сеприсутно и камуфлирано во одеждите на секојдневието. Повиено во пелените на навиките, закрилено со топлината на „традицијата“, запакувано во тренди амбалажата на модерноста и напредокот, и како такво е







Ако добро размислам, сè околу мене е поврзано со овој збор. Уште од првиот мајчински поглед и начинот на кој ме гледаше кога бев мал, до татковите поуки и семејната атмосфера која владее во нашиот дом – сè е поврзано со љубовта. Родителите уште од мал ме учеа да си ги сакам пријателите и соучениците… Се сеќавам, и уште се смеам на една случка од второ одделение, кога сакав да разделам две деца од осмо одделение кои се караа.

Постои сепак случај, кога христијанинот може да се постави со вознемиреност кон она што се случува и на своевиден начин „егоистично“ но без да има вистински егоизам во душата. Кој е тој случај? Кога треба да ја заштитиме нашата вера, можеме и треба да сме покатегорични и построги, но тоа нема да биде вистински егоизам, туку наше исповедање на верата.
Штo сака Бoг, браќа, тoа и гo oткрива на луѓeтo, а штo нe сака Oн, тoа oстанува нeoткриeнo. Бoгoвидeцoт Мoјсeј ништo нe мoжeл да рeчe пoвeќe за нeбoтo, oсвeн самo дeка нeбoтo Бoг гo сoздал вo пoчeтoкoт, и кoга гo рeкoл тoа, тoј прoдoлжува исцрпнo да гo oпишува сoздавањeтo на зeмјата.
„Бoг ги слуша мoлитвитe на правeдницитe и ги испoлнува, пoнeкoгаш вeднаш и дoкрај, а пoнeкoгаш пoдoцна, вo пoгoднo врeмe, сo oглeд на тoа дали e oд пoлза на Црквата. Сo други збoрoви: испoлнувајќи ги мoлитвитe на правeдницитe, Бoг гo има вo прeдвид или спасeниeтo на eдeн чoвeк, или
Кога го собираме нашиот ум, секој од нас, нека го помоли Бога да ни даде дух на послушание на Неговата волја и сите да нè благословува. Било најмладиот, било најстариот, со срце да го слушате ближниот, за да разберете кога духот Божји говори низ него. Еден дваесетгодишен ѓакон – Свети Атанасиј Велики – а не патријарсите, ниту епископите или другите маченици, беше оној
Сѐ додека во овој свет има луѓе што страдаат на кој било начин, не можеме да речеме дека доволно сме направиле и како црква, и како народ, и како држава, и самостојно, како луѓе. Црквата прави многу во однос на тоа материјално да им се помогне на загрозените категории луѓе, но не е во духот на црквата да им се дава публицитет на тие дејности, меѓу другото, и поради достоинството на самиот човек кому му се помага.
Така, многумина заведувала и ги привлекувала кон себе. Но, никогаш не го исполнувала ветеното. Секој што ќе ѝ се приближел го губел паметот и станувал нејзин слуга и роб. И додека се трудел, како да ѝ угоди и да ја задоволи, доаѓале војниците на некој голем цар, го убивале и го закопувале. Потоа, таа заведувала други, кои ги снаоѓала истата судбина.
Пораката на ангелите за време на ноќта на Рождеството Господово, ноќта на Божественото вочовечување е една порака на мир: Слава на Бога во височините и на земјата мир – на земјата да дојде мир и да остане. Со голема болка, секој од нас гледа дека овој мир не постои ниту во нашите домови, ниту во нашите општества, ниту, нормално, во вселената, во овој свет, ниту, за жал, во нашите срца. Но, токму овој мир го претставува потребното и за општествениот и за личниот живот и усовршување.
1. Неисправните мерила се одвратни пред Господа, а точните мерки Нему Му се угодни.
„Нашите светители поседуваат Божествена правда наместо човечка,“, ми одговори.
Го нарекуваат „подвижник од градот“. Готви сам, храмот во митрополијата го чисти самиот, не користи мобилен телефон, ретко зборува и на фиксниот телефон. Оди во Атина само за да учествува на Синодските седници користејќи ги автобусите од јавниот превоз, ги обиколува околните села од неговата митрополија одејќи пеш и има заборавено што се тоа скапи архиерејски одежди. „Јас сум еден калуѓер“, вели самиот тој.
По извесно време ги видов како си одат. Сега беа сосема поинакви. Молчаливи, замислени се спуштаа низ патеката. Излегов и ја прашав старицата: „Кои беа овие, кои дојдоа?“ – „Дојдоа некои луѓе, едниот раскопчан, другиот без кошула, третиот на кратки пантолони… Влегоа и викаа, и едниот од нив ми рече: ,Старицо, ќе нѐ примите ли вакви какви што сме?‘ – ,Манастирот не е мој. Тој е на Богородица‘ – им рекла таа. ,И тие влегоа‘“.
Фреската од Сикстинската капела на која Микаланџело го изобрази создавањето на Адам, првиот допир на Бога и човекот, е прекрасна метафора за дарот на животот кој има божествен происход и треба да го почитуваме како најголема скапоценост. Она против што се бунтува моето битие ...
„
























