Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас (04.11.2018)
Денес потомци на таа Христова црква сме сите ние заедно тука – како заедница. Како членови на Телото Христово, треба да знаеме дека кога страда еден орган – страда целото тело и дека истото се случува и во заедницата. Но, кога страда еден член на заедницата треба да страда целото тело. Да се научиме да сострадуваме еден со друг.