Свети Јован Касијан Римјанин: Борбата со осумте најглавни страсти (5)
Оној што сака да појде да живее во пустина, тој треба да се потруди да биде совршен, да се исчисти од секоја страст или да се ослободи од нив во манастирското братство, и не да бега таму од малодушност, туку со желба да ги придобие вистината на божествените созерцанија, кои и не можат да се придобијат на друго место, освен во пустината.