„Како благодат над благодатите после крштението на луѓето им е дадено покајанието, зашто покајанието е второ раѓање од Бога. Овој дар, чиј залог го примивме со вера, го примаме со покајанието. Покајанието е врата на милоста која им се отвара на оние кои упорно ја бараат, преку таа врата влегуваме во Божјата милост; без тоа влегување, нема да добиеме милост зашто, според зборовите во Светото Писмо, сите згрешија... а ќе се оправдаат преку дарот, Неговата благодат. Покајанието е втора благодат и се раѓа во срцето како резултат на верата и стравот (од Бога); стравот е татковско железо што нѐ управува додека не го достигнеме духовниот рај на добрата, а кога ќе го достигнеме, тој тогаш нѐ напушта и се враќа назад.“-
Свети Исак Сирин
"Божјата благодат му помага на човекот тогаш кога Господ ја гледа неговата „добра волја“, и „добра желба“, кога човековата душа објавува вистинска решителност: и кога што и да ѝ биде сторено, и кога меѓу илјада искушенија, трпејќи сѐ, вели: и ако треба да умрам нема да Го оставам за да му угодам на гревот и непријателот (св. Макариј Велики). Оваа решителност ќе се изрази така што човекот ќе го осуди својот престап во страстите и пороците, така што ќе ги намрази и ќе постави цврст темел со својот непријателски однос кон гревот. Според зборовите на св. Теофан, можноста, основата, условот за сите внатрешни победи е пред сѐ победата над себеси – во кршење на волјата и себепредавањето на Бога со непријателско отфрлање на сѐ гревовно. Тука се раѓа нељубовта, омразата и непријателството кон гревот кои и се војна со духовните сили и кои ја заменуваат сета војска. Каде што нив ги нема, таму без борба победата е веќе во рацете на непријателот; спротивно на тоа, каде што тие постојат, таму често победуваме и без борба. Оттаму се гледа дека појдовна точка за нашиот позитивен подвиг е нашето внатрешно расположение. Значи, насочувањето на сопствената волја кон доброто и омразата кон гревовните страсти, кон своите пороци, кон своите поводи за нив претставува еден од основните услови за успех во борбата со страстите (св. Теофан Затворник). Господ, вели преп. Макариј Велики, гледајќи ја таквата желба и добра намера кај човекот, му ја покажува Својата милост, го спасува од непријателите и од гревот што живее во него исполнувајќи го со Светиот Дух." -
Свети Николај Алма-Атински и Казакстански
Биди внимателен, воздржлив, не осудувај, чувај го умот и срцето од лоши помисли, и сметај дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги сака. Заради таквите смирени мисли, благодатта на Светиот Дух нема да те напушта и ќе велиш: Милостив е Господ.
Доколку осудуваш, доколку ропташ, доколку си самоволен, душата ќе ти опустоши, дури и ако многу се молиш на Бога.-
Свети Силуан Атонски
Избор од ФБ прпфилот на : Моника Николова