Старец Петрониј: Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог
Непрестајната молитва е постојана поврзаност со Бог. Така треба да биде и така е, затоа што тогаш се наоѓам постојано во Неговото присуство.
Не може јас да бидам со Бог, а да гледам на друга страна; срамно е ако мојот поглед е свртен од Него. Бог секогаш е присутен тука, затоа молете се непрестајно.
Така секогаш ќе бидеме во контакт со Него! Како што нема живот без дишење, не треба да ја оставаме ниту молитвата, затоа што таа ни е насушна потреба дадена од Бога.