† ПОСЕТА НА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД Г-ДИН МАЈК ПОМПЕО НА ОХРИД
На 04.10.2019 година, во официјална посета на Р. Македонија престојуваше државниот секретар на Соединетите Американски Држави, г-дин Мајк Помпео, заедно со својата сопруга, г-ѓа Сузан Помпео. При својата посета, г-динот Помпео ја посети Галеријата на икони во Охрид, како и едно од најзначајните светилишта на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, кој потекнува од XIII век.