Изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“, МАНУ
По повод јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир, во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите, на 8 октомври (четврток) 2020 година, во 12 часот, ќе се отвори изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“. На свеченото отворање на изложбата ќе се обратат акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, и г. г. Стефан, Архиепископ Охридски и македонски и на Јустинијана Прва.