логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

лого

 

Monah.bastum

 

ВТОР РАСКАЗ

Долго време патував по секакви места, придружуван од молитвата Исусова, која ме закрепнуваше и ме тешеше по сите патишта, во секоја околност и при секоја средба. На крајот, ми се стори дека ќе направам добро ако се запрам негде за да најдам некоја поголема осамотеност и да го проучувам Добротољубието, кое можев да го читам само вечерно време на конакот или за време пладневниот одмор; имав голема желба да му се посветам подолго време за да можам со вера од него да ја црпам вистинската наука за спасението на душата преку молитвата на срцето. За жал, за да ја задоволам оваа желба, не можев да се нафатам на никаква рачна работа, бидејќи мојата лева рака беше онеспособена за тоа уште од моето рано детство; затоа, не можејќи да се задржам во некое место, се упатив кон сибирските предели, кон Свети Инокентие Иркутски, мислејќи дека, низ рамнините и шумите Сибирски, ќе најдам повеќе тишина и ќе можам покомотно да им се предадам на читањето и на молитвата. Така заминав, рецитирајќи ја непрестајно молитвата.
По некое време, почувствував дека молитвата самата од себе минуваше во моето срце, односно дека моето срце, чукајќи нормално, почнуваше на некој начин во самото себе да ги чита светите зборови при секое отчукување, на пример: 1. — Господи, 2. — Исусе, 3. — Христе, итн. Престанав да ги мрдам усните и со внимание го слушав она што го велеше срцето; се обидував, исто така, да гледам во внатрешноста на срцето, спомнувајќи си колку е тоа пријатно, како што велеше мојот покоен старец. Потоа, почувствував лесна болка во срцето, а во мојот дух таква љубов кон Исуса Христа што ми се чинеше дека, ако бев Го видел, ќе се фрлев на Неговите нозе, ќе ги зграбев, ќе ги гушнев и измиев со своите солзи, благодарејќи Му за утехата што ни ја дава со Неговото име, со својата добрина и љубов кон неговите недостојни и грешни созданија.


Наскоро во моето срце се јави една благотворна топлина која ги зафати целите мои гради. Тоа ме одведе посебно кон внимателно читање на Добротољубието за во него да ги проверам овие чувства и да го проучам развојот на внатрешната молитва на срцето; без оваа проверка, се плашев да не паднам во заблуда, делата на природата да ги сфатам како дела на благодатта и да се погордеам со оваа брза придобивка на молитвата, според она што ми го објасии мојот покоен старец. Затоа нарочно патував ноќе, а деновите ги минував во читање на Добротољубието седнат во шумата под некое дрво. Аj колку нови работи, колку длабоки и незнаени работи открив со ова читање. Во оваа работа, вкусив блаженство посовршено од се што бев можел да си замислам до тогаш. Без сомнение некои одломки остануваа несфатливи за мојот ограничен ум, но плодовите од молитвата на срцето го расветлуваа она што не го разбирав; покрај тоа, на сон понекогаш го гледав мојот старец кој ми објаснуваше многу тешки места и мојата несфатлива душа уште повеќе ја приклонуваше кон смиреноста. Во ова совршено блаженство минав два големи летни месеци. Најмногу патував низ шумите и по селските патеки; кога ќе пристигнев во некое село, барав торба леб, грст сол, ја полнев со вода мојата матарка и  повторно заминував за сто версти.

Поклоникот е нападнат од разбојници


Несомнено поради гревовите на мојата закоравена душа, или поради напредокот на мојот духовен живот, на крајот од летото се јавија искушенијата. Еве како: една вечер кога излегов на големиот пат, сретнав два човека кои имаа глави на војници; тие ми побараа пари. Кога им кажав дека немам ни динар, тие не сакаа да поверуваат и грубо извикаа:
— Ти лажеш! Поклониците собираат многу пари! Едниот од двата додаде: — Некорисно е да се зборува со него долго време, и ме удри по глава со својот стап; паднав во бесознание.
Не знам дали останав долго време така, но кога се освестив, видов дека сум во шумата покрај патот; бев сиот искинат и мојата торба беше исчезнала; беа останале само краиштата од врвцата за која се држеше. Фала Богу, не беа го однесле мојот пасош што го чував во мојата стара капа за да можам брзо да го покажам кога ќе затреба. Kога станав, жално плачев не толку поради болката колку за моите книги, мојата Библија и моето Добротољубие, кои беа во украдената торба. Целиот ден, целата ноќ, бев нажален и плачев. Каде е мојата Библија што ја читав уште од времето кога бев мал и што секогаш ја носев со мене? Kаде е моето Добротољубие од кое извлекував поука и утеха? Несреќен јас, го изгубив единственото благо на мојот живот, без да можам да се наситам од него. Подобро ќе беше да умрам отколку да живеам вака без духовна храна. Не ќе можам никогаш да ги откупам.
Два дена одвај одев, толку што бев нажален; третиот ден, исцрпен паднав крај еден џбун и заспав. И ,ете, на сон, се гледам себе во осаменост, во ќелијата на мојот старец и му го оплакувам својот јад. Откако ме утеши, старецот ми рече:
— Нека тоа ти биде лекција за ослободување од земните работи за да одиш послободно кон небесата. Ова искушение ти е пратено за да не паднеш во духовна наслада. Бог сака христијанинот да се одрече од својата сопствена волја за целосно да и се предаде на волјата Божја. Се што прави Он е за доброто и за спасението на човекот. Он сака сите да се спасат. Затоа собери храброст и верувај дека со искушението Господ го подготвува и среќниот крај. Наскоро ќе примиш утеха поголема од сета твоја мака.
При овие зборови, се разбудив, во моето тело почувствував свежи сили, а во мојата душа како зора и како еден нов мир. Нека биде волјата Господова, реков јас. Станав, се прекрстив и заминав. Молитвата повторно заботеше во моето срце како и порано и гри дена патував спокојно.
Одненадеж, на патот среќавам чета робијаши, што ги водеа со придружба. Притекнувајќи ги, ги забележав двата човека што ме ограбија, и како тие одеа на работ од колоната, се фрлив на нивните нозе и ги замолив да ми кажат каде се моите книги. Во почетокот се правеа дека не ме препознаваат, потоа едниот од нив ми рече:
— Ако ни дадеш нешто, ќе ти кажеме каде се твоите книги. Потребна ни е една рубља.
Се заколнав дека ќе им ја дадам, апсолутно, макар и просел за тоа.
— Повелете, ако сакате, како залог земете го мојот пасош.
Тие ми рекоа дека моите книги се наоѓаат во колите со другите предмети што им ги беа одзеле.
— Како  можам   да   ги   добијам?
— Барај од капетанот на придружбата.
Отрчав кај капетанот и работата му ја објаснив детално. Во разговорот ме запраша дали знам да ја читам Библијата.
 
— Не само што знам да читам, реков јас, ами знам и да пишувам; на Библијата ќе видите натпис кој докажува дека таа ми припаѓа мене; а ете ги во пасошот моето име  и   презиме.
Капетанот ми рече:
— Овие разбојници се дезертери, тие живееја во една колиба и ги пљачкосуваа минувачите. Еден вешт колар ги беше заробил вчера, кога сакаа да му ја земат неговата тројка. Сакам многу да ти ги дадам твоите книги, ако се овде, но треба да дојдеш со нас до конакот, тоа е само на четири версти одовде и не можам да го запирам целиот конвој заради тебе.
Сиот радосен одев покрај коњот на капетанот и разговарав со него. Видов дека тоа беше чесен и добар човек и кој не беше веќе млад. Ме прашува кој сум, од каде доаѓам и каде одам. Му одговорив со сета вистина; и така дојдовме до куќата за конак. Тој отиде да ги побара моите книги и ми ги   предаде   велејќи:
— Кај сакаш да одиш сега? Веќе е ноќ. Друго не ти останува освен да останеш со мене.
Останав. Толку бев среќен што ги најдов моите книги што не знаев како да Му благодарам на Бога; ги притискав на градите додека не добив грч во рацете. Солзи радосници ми течеа од очите, а срцето ми биеше од голема радост.
Гледајќи ме, напетанот рече:
— Се гледа дека сакаш да ја читаш Библијата.
Од радост не можев да одговорам ниту збор. Само плачев. Тој продолжи:
— И самиот јас, брате, секој ден грижливо го читам Евангелието. Притоа, подотворајќи ја својата униформа, извади едно мало Евангелие од Киев со сребрена обвивка.
— Седни и јас ќе ти раскажам како го добив . Еј! нека не послужаат со вечера!

monah.dalechina

Историјата на капетанот
Седнавме на трпеза. Капетанот го почна својот расказ:
— Уште од мојата младост, служев во гарнизон. Добро си ја знаев службата и моите претпоставени ме сметаа како поручник, кој служи за пример. Но, бев мошне млад а, исто така, и моите пријатели; за моја несреќа, научив да пијам и толку многу му се предавав на пиењето што од тоа се разболев; кога не пиев, бев одличен офицер, но кога ќе испиев и најмала чаша, следеа шест недели в кревет. Долго време ме поднесуваа, но, на крајот, поради навреда на еден претпоставен после пиење, бев деградиран и осуден да служам три години во гарнизон; ми се закануваа дека ќе бидам казнет со една од најстрогите казни. Во оваа бедна положба, попусто се обидував да се воздржам, попусто барав да се лекувам, не успеав да се ослободам од мојата страст и беше решено да бидам испратен во дисциплинскиот баталјон. Кога дознав за тоа, не знаев повеќе што да правам.
Еден ден, бев седнат во една соба со друштво и размислував за сето тоа. Тогаш влезе еден монах кој бараше милостина за една црква. Секој даваше колку што можеше. Кога дојде до мене, ме прашува:
— Зошто си толку нажален?
Јас позборував малку со него и му ја кажав својата мака. Монахот, сочувствувајќи во мојата положба, ми рече:
— Истата работа му се случи и на мојот брат, а, ете, како тој се извлече од тоа: Неговиот духовен татко му даде едно Евангелие и му нареди да чита од него по една глава секој пат кога ќе има желба да пие; и кога желбата ќе му се јавеше повторно, тој мораше да ја чита следната глава. Овој совет  мојот брггг  то спроведе во дело и, по некое време, страста за пиење го напушти. Еве веќе има петнаесет години тој не вкусил жесток пијалак, И ти прави така, и наскоро ќе ја видиш ползата од тоа. Имам едно Евангелие, ако сакаш, ќе ти го донесам. При овие зборови, јас му реков:
— Што сакаш да правам со твоето Евангелие, кога ниту моите усилби ниту лекарствата не можеа да ме спречат? (Така зборував зашто никогаш не бев го читал Евангелието).
— Не вели го тоа, одговори монахот. Јас те уверувам дека тоа ќе ти биде од полза.
Веќе утредента монахот ми го донесе ова Евангелие што го гледаш. Јас го отворив, го погледав, прочитав неколку реченици и му  реков:
— Не го сакам; ништо не се разбира; немам навика  да читам црковнословенски.
Монахот продолжи да ме опоменува, велејќи дека во самите зборови од Евангелието има една благотворна сила; зашто самиот Бог ги кажал зборовите што се отпечатени во него. Ништо не е тоа што не разбираш, само читај со внимание. Еден светител рекол: Ако ти не ја разбираш речта Божја, ѓаволите го разбираат тоа што го читаш и треперат; а сигурно е дека желбата за пиење е дело на демоните. Јас ќе ти го кажам и ова: Свети Јован Златоуст пишува дека дури и местото во кое се чува Евангелието ги застрашува духовите на темнината и прави пречка на нивните сплетки.
Повеќе не се сеќавам сосем добро — мислам дека му дадов нешто на тој монах — го зедов неговото Евангелие и го ставив во сандакот со моите работи; го заборавив сосема. По извесно време, дојде моментот да пијам; умирав од желба и го отворив мојот сандак за да земам пари и да трчам во кабарето .Го здогледав Евангелието и, сеќавајќи се наеднаш за сето она што ми го беше рекол монахот, го отворив и почнав да ја читам првата глава од Матеј. Го прочитав до крај без ништо да разберам; но си спомнувам за она што ми го објасни монахот: не е ништо тоа што не разбираш, само читај со внимание. Ах, си реков, да се обидам уште една глава. Читањето ми се стори појасно. Да ја видиме и третата: уште не бев ја ни почнал, кога одекна некакво ѕвонење: тоа беше вечерниот повик. Немаше повеќе начин да се напушти касарната: така, останав без пиење.


Утредента наутро, кога требаше да излезам да побарам ракија, си реков: А кога би прочитал една глава од Евангелието? Ке видам. Ја прочитав и не се поместив. И при една друга прилика, посакав да пијам, но почнав да читам и се почувствував олеснет. Бев сосем утешен и, при секоја нова желба, читав една глава од Евангелието. Колку повеќе минуваше времето, и тоа одеше на подобро. Кога ги завршив четирите Евангелија, мојата страст кон виното беше целосно исчезнала; не чувствував повеќе никаква потреба за него. И ете, сега има веќе точно дваесет години како не сум допрел никаков јак пијалак.
Сиот народ беше зачуден од мојата промена; по три години повторно бев примен во офицерскиот корпус, ги минав постапните чинови и станав капетан. Се оженив, зедов одлична жена; собравме нешто имот и сега, благодарение на Бога, живееме доста добро; ги помагаме сиромасите колку што можеме и примаме поклоници. Имам син кој е веќе офицер, тоа е едно храбро момче.
И ете, гледаш, од моето исцелување, сум си ветил секој ден, додека сум жив, да читам едно од четирите евангелија до крај, не дозволувајќи никаква пречка. Ете така правам јас. Кога сум оптоварен од работа и кога сум премногу заморен, си легнувам и барам од жена ми или од син ми да ми го читаат Евангелието покрај мене, и на тој начин го запазувам моето правило. Во знак на благодарност и за славата на Бога, дадов да се прекрие ова Евангелие со масивно сребро и секогаш го носам на моите гради. Со задоволство го слушав овој говор на капетанот и му реков:
— Јас запознав еден сличен случај: во нашето село, во фабриката, имаше еден одличен работник, мошне верзиран во својот занает; но, за негова несреќа, тој пиеше, и тоа често. Еден набожен човек го посоветува, секојпат кога ќе има желба за ракија, да рецитира триесет и три молитви на Исуса во чест на Пресветата Троица, а според годините од земниот живот на Исуса Христа. Тој постапи така и наскоро престана да пие. И тоа не е се: по три години, тој стапи во манастир.


— А што вреди повеќе, запраша капетанот, молитвата Исусова или Евангелието?


Сето тоа е едно, одговорив јас. Евангелието е како молитвата Исусова: зашто божественото име на Исуса Христа во себе ги содржи сите евангелски вистини. Светите оци велат дека молитвата Исусова е резиме на целото Евангелие.
Потоа ги прочитавме молитвите; капетанот почна да чита од почетокот на Марковото евангелие, а јас го слушав молејќи се во моето срце. Капетанот го заврши своето читање во два часот наутро и отидовме да си легнеме.
Според мојата навика, утрото станав рано; сите спиеја; денот одвај почнуваше кога јас заронив во моето мило Добротољубие. Со каква радост го отворив! Ми се чинеше дека повторно го најдов мојот татко по едно долго отсуство, или пријател воскреснат од мртвите. Го гушнав и Му заблагодарив на Бога што ми го врати; почнав да го читам Теолепт Филаделфијски кој се наоѓа во вториот дел од Филокалијата. Бев зачуден кога видов дека тој предлага во еден ист миг да се предаваме на три вида активности: кога седиш на трпеза, вели тој, на твоето тело дај му храна, на увото четиво, а на духот молитва. Но, сеќавањето на претходната благотворна вечер практично ми ја објаснуваше оваа мисла. Дури тогаш ја сфатив тајната на разликата меѓу срцето и духот.


Кога капетанот се разбуди, отидов да му заблагодарам за неговата добрина и да му кажам збогум. Тој ми стави чај, ми даде една рубља и се разделивме. Радосен, го продолжив мојот пат.
Кога заминав една верста, се сетив дека на војниците им бев ветил една рубља, а која сега ја имав. Требаше ли да им ја дадам или не? Од една страна, си велев, тие те претепаа и те ограбија, а и не можат ништо да направат со неа бидејќи се затворени. Но, од друга страна, спомни си што пишува во Библијата: Ако твојот непријател е гладен, дај му да јаде. А и Самиот Исус Христос вели: Сакајте ги вашите непријатели, и уште: Ако некој сака да ти ја земе кошулата, дај му го и палтото. Вака убеден, се вратив назад и стигнав до куќата за одмор во моментот кога конвојот се формираше за повторно да тргне: отрчав кон двајцата злосторници и им ја ставив в рака мојата рубља велејќи:
— Молете се и покајте се; Исус Христос е пријател на луѓето. Он нема да ве напушти!
По овие зборови се оддалечив и си го продолжив патот во спротивен правец.

Осамотеност


Откако минав педесет версти од главниот пат, тргнав по селски патишта поосамотени и попогодни за читање. Долго време одев низ шумите; одвреме навреме, наидував на некое мало село.  Честопати,  по цел ден седев во шумата читајќи го Добротољубието; во исто време, бев нажален што не можев да најдам засолниште каде би можел во мир и без прекин да му се предадам на читањето.
Во тоа време, ја читав, исто така, и мојата Библија и чувствував дека почнувам подобро да ја разбирам; во неа се помалку наоѓав нејасни места. Светите оци имаат право кога велат дека Добротољубието е клучот кој ги открива тајните закопани во Светото писмо. Под негово раководство, почнував да ја разбирам скриената смисла на Речта Божја; откривав што значи тоа „внатрешниот човек на дното од срцето", вистинската молитва, обожувањето со дух, Царството внатре во нас, посредувањето на Светиот Дух; ја разбирав смислата на овие зборови: Вие сте во Мене, дај ми го твоето срце, да бидеш облечен во Христа, веридбата на Духот во нашите срца, призивот „Ава Оче" и многу други. Нога истовремено се молев длабоко во моето срце, се што ме окружуваше имаше прекрасен изглед: дрвјата, тревите, птиците, земјата, воздухот, светлината, се чинеше како да ми велат дека постојат заради човекот, дека сведочат за љубовта Божја кон човекот; се се молеше, се Му пееше слава на Бога! На тој начин го разбирав она што Добротољубието го вика „запознавање говорот на созданието", и јас гледав како е можно да се разговара со Божјите созданија.

Историјата на еден шумар


Вака патував долго време. Најпосле дојдов во еден предел толку пуст што три дена не видов ниту едно село. Бев го довршил мојот леб и со неспокојство се прашував како да не умрам од глад. Штом почнав да се молам во моето срце, мојата здодевност исчезна, и се предадов на Божјата волја и станав весел и спокоен. Туку што тргнав по патот низ една огромна шума, пред мене забележав едно куче чувар, кое излегуваше од шумата; го повикав и тоа дојде, мило, да го погалам. Јас се зарадував и си реков: Ете ја добрината Божја! Сигурно има некое стадо во оваа шума, а ова е кучето на пастирот, или пак некој ловец овде прогонува дивеч; во секој случај, ќе можам да побарам леб, бидејќи веќе два дена не сум јадел, или да се информирам дали нема некое село во околината. Кучето, откако сврте околу мене, гледајќи дека нема ништо за јадење, избега во шумата по истата патека од која скокна на патот. Јас тргнав по него; по двесте метри, низ дрвјата го забележав кучето сместено во една дупка од каде ја подаваше главата лаејќи.
Видов како се доближува низ дрвјата еден слаб и блед селанец, на средна возраст. Тој ме запраша како сум дошол до таму. Јас, пак, го прашав што прави во едно толку осамено место. И ние изменивме неколку пријателски збора. Селанецот ме замоли да влезам во неговата колиба и ми објасни дека е шумар и ја чува оваа шума која треба да биде исечена. Тој ми понуди леб и сол, и така почна разговорот меѓу нас.
— Ти завидувам на овој осамотен живот, му реков јас; тоа не е како јас, кој постојано лутам и доаѓам во допир со сите.
— Ако сакаш, ми рече тој, можеш и ти да живееш овде; понатаму има една стара колиба, онаа што му служела на поранешниот чувар; таа е малку оштетена, но за летото може да се поправи. Ти имаш патни исправи. Има доволно леб за нас двајцата секоја седмица ми носат од нашето село; а ете го и потокот кој никогаш не пресушува. Што се однесува до мене, брате, ете има веќе десет години како јадам само леб и пијам само вода. Само, на есен, кога ќе завршат полските работи, ќе дојдат двесте луѓе за сечата; јас повеќе не ќе имам работа овде, а нема ни тебе да ти дозволат да останеш овде.
При овие зборови почувствував толкава радост што за малку ќе му се фрлев пред нозе. Не знаев како да Му заблагодарам на Бога за Неговата добрина кон мене.
Сето она што го сакав и заради кое се беспокоев, ете го добивам одненадеж. До половината на есента има уште четири месеци и за тоа време јас можам да ги искористам тишината и мирот со помошта на Добротољубието да ја проучам постојаната молитва во внатрешноста на срцето. Така решив да се сместам во посочената колиба. Ние продолживме да зборуваме и овој смирен брат ми го раскажа својот живот и своите идеи.


— Во моето село, рече тој, не бев последниот; имав занает, бојадисував ткаенини во црвена и сина боја; живеев спокојно, но не без грев: ги мамев многу моите муштерии и пцуев по секој повод; бев груб, пијаница и кавгаџија.
Во ова село, имаше еден стар поец, кој имаше една стара книга, мошне стара, за Последниот суд. Честопати, тој доаѓаше кај православните за да им чита од неа; за тоа му даваа нешто малку пари; тој доаѓаше и кај мене. Повеќето време, му беше давано десет парички и чаша ракија и тој остануваше да чита додека петел не запее. Еднаш, работев слушајќи го, тој читаше една одломка за маките во пеколот и за воскресението на мртвите, како Бог ќе дојде да суди, како ангелите ќе засвират во труби, каков огин, каков катран ќе има и како црвите ќе ги изедат грешниците. Ненадејно, страшно се исплашив и си реков: нема да ги избегнам маките! Доста, ќе почнам да ја спасувам својата душа и можеби ќе успеам да ги искупам своите гревови. Долго време размислував и решив да го напуштам мојот занает; си ја продадов куќата и, бидејќи живеев сам, станав шумар, не бирајќи за плата друго освен леб, покривка и свеќи да палам додека се молам.
Ете, има повеќе од десет години како живеам овде. Јадам само еднаш на ден и не земам друго освен леб и вода. Секоја ноќ, станувам кога ќе запее првиот петел и до разденувањето ги правам моите коленопреклонувања и моите метании до земјата; кога се молам, палам седум свеќи пред иконите. Дење, додека ја обиколувам шумата, на кожата носам синџири тешки шеесет фунти. Не пцујам, не пијам ни пиво ни алкохол, не се карам со никого; жени и девојки, никогаш не сум ги имал.
Во почетокот, бев задоволен со ваквиот живот, но подоцна бев опседуван со мисли што не можам да ги отерам. Бог знае дали ќе ги искупам моите гревови, но овој живот е мошне тежок. И потоа, дали е вистина тоа што го раскажува книгата? Како може човекот да биде воскреснат? Оние што умреле пред сто и повеќе години, дури и нивната прашина исчезнала. А кој знае дали ќе има пекол или не? Во секој случај, никој никогаш не се  вратил  од  оној  свет;   кога  човекот умира, и од него повеќе не остануваат траги. Оваа книга, можеби ја напишале поповите или функционерите за да не заплашат, нас, слабоумните, и за да бидеме повеќе покорни. Вака, се живее мачно, без утеха на оваа земја а во другиот свет, не ќе има ништо! Тогаш, зошто сево ова? Зар не е подобро некое време по ова да си проживеам  малку? Овие  мисли  ме прогонуваат, додаде тој, и се плашам ако морам да го продолжам мојот стар занает.
Бев полн од сожалување кон него и си велев:  Се мисли дека само научниците и интелектуалците стануваат слободни мислители и не веруваат повеќе во ништо, но нашите браќа, простите селани, какви ли се неверувања си измислуваат! Сигурно е дека мрачниот свет има пристап до сите и можеби уште полесно ги напаѓа простите. Треба да се размислува колку што е можно и да зајакнуваме против непријателот со помошта на Речта Божја.


Затоа, со цел да му помогнам на овој брат да ја зајакне својата вера, го извадив од мојата торба Добротољубието и го отворив на 109 глава на блажениот Исихиј. Ја прочитав и му објаснив дека човек не се воздржува од грев само поради страв од казна, зашто душата не може да се ослободи од грешните мисли освен преку будноста на духот и чистотата на срцето. Сето тоа се добива преку внатрешната молитва. Ако некој тргне по патот на аскезата (испоснички живот) не само поради страв од пеколните маки, ами од желба за царството небеско, додадов јас, неговата постапка светите Оци ја споредуваат со постапката на еден наемник. Тие велат дека стравот од маките е патот на робот, а желбата за награда е патот на наемникот. Но Бог сака да му приоѓаме како синови; Он сака љубовта и ревноста да не тераат да живееме достојно и да уживаме од совршеното единство со Него во душата и во срцето.

— Попусто се исцрпуваш и си ги наложуваш најтешките физички подвизи и искушенија; ако Бог не ти е секогаш во мислите и молитвата Исусова во срцето, никогаш не ќе бидеш заштитен од лошите мисли; секогаш ќе бидеш склон да грешиш и при најмал повод. Но, почни, брате, да ја изговараш постојано молитвата Исусова; тоа ти е лесно во оваа самотија; наскоро ќе ја видиш ползата од тоа. Безбожничките мисли ќе исчезнат, верата и љубовта кон Христа ќе ти се откријат; ќе разбереш како мртвите можат да воскреснат и Страшниот суд ќе ти се прикаже во неговата вистинска светлина. А во твоето срце ќе има толку леснина и радост што ќе се зачудиш; повеќе нема да бидеш изморен и вознемирен поради твојот понајнички живот!
Потоа му објаснив, колку што можев, подобро да ја чита молитвата Исусова според божествените заповеди и според учењето на светите Оци. Се чинеше дека тој не бара повеќе и неговиот немир се намали. Тогаш, разделувајќи се од него, влегов во старата  колиба што  ми ја беше  посочил.

Духовни подвизи


Боже мо, каква радост, каква утеха, каков восхит почувствував пречекорувајќи го прагот на ова засолниште или подобро речено на овој гроб; ми изгледаше како прекрасна палата исполнета со веселост. Со солзи радосници Му заблагодарив на Бога и си реков: А сега, во ова спокојство и во овој мир, треба сериозно да работам и да Го молам Господа да ми го просветли умот. Така почнав да го читам Добротољубието од почетокот до крајот со големо внимание. За неколку време го завршив читањето и се уверив во мудроста, светлоста и во длабочината на оваа книга. Но бидејќи во неа се расправани бројни предмети, не можев да разберам се, нити да соберам сили во мојот дух за самото учење на внатрешната молитва за да дојдам до спонтаната и постојана молитва во внатрешноста на срцето. Сепак, имав голема желба за тоа, според божествената заповед предадена од Апостолот: ,,Барајте ги најсовршените дарови" и ,,Не гаснете го Духот". Попусто размислував, не знаев што да правам. Јас немав доволно интелигенција на разбирање, а немаше никој да ми помогне. Ќе Му здодевам на Господа со молитви и можеби ќе сака да ми го просветли умот. Така минав еден ден во молитва без да запрам ни за миг; мислите ми се смирија и заспав; на сон се гледам во ќелијата на мојот старец како тој ми го објаснува Добротољубието велејќи: оваа книга е исполнета со голема мудрост. Тоа е една таинствена ризница од поуки за скриените намери Божји. Таа не е достапна до секое место и до секого; но таа содржи начела според потребите на секого, длабоки за длабоките умови и едноставни за простите. Затоа, вие, простите луѓе, не треба да ги читате книгите на светите Оци според редоследот како што се поместени овде. Овој распоред е сообразен со богословието; но оној што не е упатен, а сака да ја научи внатрешната молитва во Добротољубието, треба да го практикува следниов ред: 1. — најнапред да ја чита книгата на монахот Никифор (во вториот дел); потоа 2. — книгата на Григориј Синаитски во целина, освен кратките глави; 3. — трите облици на молитвата од Симеон Нови Богослов и неговата расправа за верата; и во продолжение 4. — книгата на Калист и Игнатиј. Во овие текстови се наоѓа комплетното учење за внатрешната молитва на срцето, пристапна за секого.
Ако сакаш еден текст уште поразбирлив, земи го во четвртиот дел скратениот образец на молитва од Калист, патријарх Цариградски.
И јас, држејќи го Добротољубието в рака, го барав посоченото место без да успеам да го најдам. Старецот, свртувајќи неколку страници, ми рече: Ене го, ќе ти го одбележам! И земајќи едно јагленче од земјата, повлече една црта на страницата спроти посоченото место. Внимателно ги слушав сите зборови на старецот и се обидував да ги запомнам со сила и во подробности.

Се разбудив и, бидејќи се уште не беше се разденило, останав истегнат, потсетувајќи се на сето она што го бев видел на сон и повторувајќи го она што ми го беше рекол старецот. Потоа почнав да размислувам: Бог знае дали тоа што ми се јавува вака е душата на мојот покоен старец или се моите сопствени мисли кои ја земаат оваа форма, зашто јас мислам често и долго време на Добротољубието и на старецот! Во оваа несигурност на духот станав; почнуваше да се разденува. И, ненадејно, на каменот што ми служеше место маса, го гледам Добротољубието отворено на посочената од старецот страница и одбележена со црта од јаглен, точно како во мојот сон; самиот јаглен беше уште крај книгата. Бев трогнат од тоа, зашто си спомнував дека вечерта книгата не беше таму; пред да заспијам, бев ја ставил крај мене, затворена, и си спомнував, исто така, дека немаше никаков белег на таа страница. Овој настан ме увери во вистинитоста на јавувањето и се осигурав во светоста на споменот на мојот старец. Така повторно почнав да го читам Добротољубието според посочениот ред. Прочитав еднаш, потоа уште еднаш и ова читање ја запали мојата ревност и мојата желба да го почувствувам на дело сето она што го бев прочитал. Јасно ја открив смислата на внатрешната молитва, средствата да се дојде до неа и нејзините последици; сфатив како таа ги весели душата и срцето и како може да се разликува дали среќа доаѓа од Бога, од природата, или од илузијата.


Барав, пред се, да го откријам местото на срцето, според учењето на свети Симеон Нови Богослов. Откако ќе ги затворев очите, мојот поглед го упатував кон срцето, обидувајќи се да си го претставам такво какво што е во левиот дел од градите и внимателно слушајќи го неговото чукање. Оваа вежба ја практикував за време од половина час, повеќепати на ден; во почетокот, гледав само мрак; наскоро се јави моето срце и јас го почувствував неговото длабоко движење; потоа успеав да ја воведувам во моето срце молитвата Исусова и да ја изведувам, со ритамот на дишењето, според учењето на Григориј Синаитски, и на Калист и Игнатиј: за таа цел, гледајќи со духот во моето срце, вдишував воздух и го чував во моите гради велејќи; ,,Господи Исусе Христе", и го издишував велејќи: „смилувај се на мене". Најнапред вежбав за време од еден или два часа, потоа се занимавав со ова се почесто и почесто и, најпосле, со тоа го минував целиот ден. Кога се чувствував отромавен, изморен или неспокоен, веднаш ги читав во Добротољубието местата кои расправаат за активноста на срцето, и тогаш желбата и ревноста за молитвата повторно се раѓаа во мене. По три недели, почувствував болка во срцето, потоа пријатна млитавост и едно чувство на утеха и на мир. Тоа ми даде повеќе сила да се вежбам во молитвата, за која се врзуваа сите мои мисли и почнав да чувствувам голема радост. Од тој момент, одвреме навреме доживував различни нови чувства во срцето и во духот. Понекогаш во моето срце имаше нешто како вриеж и едно олеснување, слобода, една радост толку голема  што  бев  преобразен и се чувствував во екстаза. Понекогаш чувствував топла љубов кон Исуса Христа и кон сето Божјо создание. Понекогаш солзите ми течеа од самите себе од благодарност кон Господа, Кој покажа милост кон мене, закоравениот грешник. Понекогаш мојот ограничен ум се просветуваше толку што некогаш не би можел ни да го замислам. Понекогаш благата топлина на моето срце се ширеше низ целото мое битие и со возбуда го чувствував неброеното присуство на Господа. Понекогаш чувствував силна и длабока радост, кога го призивав името на Исуса Христа и разбирав што значи Неговиот збор: „Царството Божјо е во вас.


Среде овие благотворни утехи, забележав дека дејствата на молитвата на срцето се јавуваат во три облика: во духот, во чувствата и во интелигенцијата. Во духот, на пример, благоста на Божјата љубов, внатрешното спокојство, восхитеноста на духот, чистотата на мислите, јасноста на идејата за Бога; во чувствата, пријатната топлина на срцето, полнотата на благоста на членовите, вриежот на радоста во срцето, леснотијата, животната сила, нечувствителноста кон болестите и кон маките; во интелигенцијата, просветлувањето на разумот, разбирањето на Светото писмо, познавањето на јазикот на созданијата, рамнодушноста кон непотребните грижи, свеста за убавината на внатрешниот живот, сигурноста од близината на Бога и од Неговата љубов спрема нас.
По петмесечно живеење во осаменост, во овие напори и во оваа среќа, толку добро свикнав на молитвата на срцето што ја практикував непрестајно и што, најпосле, почувствував дека таа си оди сама од себе без никаква активност од моја страна; таа извираше од мојот дух и од моето срце не само кога бев буден, туку и кога спиев, и не се прекинуваше ниту една секунда. Мојата душа Му благодареше на Господа и моето срце ликуваше од непрестајна радост.
Времето на сечењето дојде, дрварите се собраа и јас морав да го напуштам моето тивко засолниште. Откако му заблагодарив на шумарот и прочитав една молитва, го целивав аголот од земјата каде Господ благоизволи да ми ја покаже Својата добрина, си ја ставив торбата на плеќи и тргнав. Одев долго време и обиколив многу предели пред да влезам во Кркутск. Спонтаната молитва на срцето беше мојата утеха за време целото мое патување. Таа никогаш не престана да ме весели, иако не секогаш подеднакво; никаде и ниту во еден миг таа не ме беспокоеше, никогаш и ништо не можеше да ја намали. Кога работам, молитвата делува од самата себе во моето срце и мојата работа оди побргу; кога читам или слушам некоја работа со внимание, молитвата не престанува, и во истиот момент јас ги чувствувам и едното и другото како да сум разделен или како во моето тело да се наоѓаат две души. Боже мој! Колку е човекот таинствен!...

Скокот на волкот
Колку се прекрасни делата твои, Господи: се си создал со премудрост. На мојот пат сретнав многу чудесни случаи. Кога би требало да ги раскажам сите, не би ги завршил пред повеќе денови. Еве, на пример: една зимска вечер, минував сам низ една шума, сакав да легнам на две версти од таму, во едно село што веќе се забележуваше. Одненадеж врз мене скокна еден волк. Во раката ги држев волнените броеници на мојот старец (ги имав секогаш со мене). Го оттурнав волкот со броениците. И можете ли да поверувате? Броениците ми испаднаа од рацете и се завиткаа околу вратот на ѕверот. Волкот се фрли назад и, скокајќи низ трњето, ѕадните нозе му се фатија во боцките, додека броениците се закачија на гранката од едно суво дрво; волкот се отимаше со сите сили, но не успеваше да се ослободи зашто броениците му го стегаа грлото. Јас се прекрстив со вера и тргнав да го ослободам волкот; особено затоа што се плашев да не ги искубе броениците и да не побегне однесувајќи го овој толку скапоцен предмет. Туку што се доближив и бев ги ставил рацете на броениците, волкот ги скина и побегна. И така, благодарејќи Му на Господа и споменувајќи го мојот блажен старец, стигнав без тешкотии во селото; отидов во гостилницата и побарав да легнам. Влегов во куќата. Два патника беа седнати на масата во аголот, едниот веќе остарен, другиот на зрела возраст и снажен, и двајцата веројатно луѓе од добро потекло. Тие пиеја чај. Селанецот што ги чуваше нивните коњи го прашав кои се. Тој ми објасни дека старецот е учител, а другиот секретар на судот: и двајцата од благородничко потекло. — Јас ги водам на панаѓурот кој е оддалечен дваесет версти одовде.
Откако малку се одморив, на домаќинката и побарав конец и игла. Се доближив до  свеќата  и  почнав да  ги  шијам  моите броеници. Секретарот ме погледна и рече:
— Ти си морал да правиш скокови за да ги скинеш твоите броеници!
— Не ги оштетив јас, ами еден волк... Види, и волците читаат свои  молитви, одговори   секретарот,   смеејќи   се.
Јас им го раскажав настанот во детали и им објаснив колку се скапоцени за мене овие броеници. Секретарот почна пак да се смее и рече:
— За вас, лековерните, има секогаш чуда! Што има чудесно во тоа? Едноставно, ти си му фрлил нешто, тој се исплашил и побегнал; кучињата и волците секогаш се плашат од тоа, а да се заплеткаат шепи во шума, тоа не е тешка работа; сепак, не треба да се верува дека се што се случува во овој свет станува преку чудо.
Тогаш учителот почна да зборува со него:
— Не зборувајте така, Господине! Вие не сте упатени во овие прашања... Што се однесува до мене, во кажувањето на овој селанец гледам двојна тајна, чувствителна и духовна...
— Како тоа? запраша секретарот.
— Еве: иако вие не сте многу упатени во ова, сигурно сте ја учеле светата историја преку прашања и одговори, издадена за училиштата. Вие си спомнувате дека кога првиот човек, Адам, беше во невина состојба, сите животни му беа потчинети; тие се доближуваа до него со страв и тој им даваше имиња. Старецот, на кого му припаѓаа овие броеници, беше свет; а што е светоста? ништо друго освен воскреснување на грешниот човек во состојбата на невиност на првобитниот човек, благодарение на усилбите и на добродетелите. Душата го осветува телото. Броениците беа секогаш во рацете на еден светец; значи, преку постојаниот допир со неговите раце и со неговото испарување, овој предмет е проникнат со света сила, силата на состојбата на невиност на првиот човек. Еве ја тајната на духовната природа!... Оваа сила ја чувствуваат сите животни, особено мирисот: зашто носот е главниот сетилен орган кај животните. Тоа е тајната на чувствената природа...
— За вас учените, за вас постојат само сила и истории од овој вид; но ние, работите ги гледаме поедноставно: да си наполниш една мала чашка и да ја испиеш, тоа е она што дава сила, рече секретарот, и тој се упати кон шкафот.
— Тоа е ваша работа, одговори учителот, но, во овој случај, оставете ни ги малку научните сознанија.
Зборовите на учителот ми се допаднаа; му се доближив и му реков: „Дозволете ми да ви раскажам уште нешто во врска со мојот старец." Му објаснив како ми се јави на сон, и, откако ме поучи, беше ставил белег на Добротољубието. Учителот го ислуша овој расказ со внимание. Но секретарот, истегнат на една клупа, мрмореше:
— Вистина е дека човек станува луд кога носот ќе го има постојано пикнат во Библијата. Доволно е да го видиш само онојтаму! Ној ќе е тој ѓавол што ќе оди ноќе да ти ги исцрнува книгите? Додека си спиел книгата ти паднала на земја и се извалкала во пепелта... И тоа ти е твоето чудо! О! сите овие безделници: ги знаеме, стари мој, овие од твојата дружина!
Откако промрморе вака, секретарот се сврте кон ѕидот и заспа.
По овие зборови, се наведнав над учителот и реков:
— Ако сакате, ќе ви ја покажам книга-та што го носи овој белег, а не траги од пепел. Го извадив Добротољубието од мојата торба и му ја покажав, велејќи:
— Се чудам како може една бестелесна душа да земе јаглен и да пишува...
Учителот го погледна знакот на книгата и рече:
— Ова е тајната на духовите. Ке ти објаснам. Кога духовите не му се јават на човеи во телесен облии, своите видливи тела тие ги составуваат од светлина и од воздух, употребувајни ги за таа цел елементите од иои е составено нивното смртно тело. А бидејни воздухот е обдарен со еластичност, душата иоја е облечена во него може да дејствува, да пишува или да фати предмети. Но каква е таа книга што ја имаш? Дај да видам.
Тој ја отвори кај говорот и расправата на свети Симеон Нови Богослов.
— А! секако е тоа некоја богословска книга. Мене ми е непозната. . .
— Оваа книга, мој оче, го содржи речиси само учењето за внатрешната молитва на срцето во името на Исуса Христа; ова учење е изложено овде детално од дваесет и пет Оци.
— А! Внатрешната молитва! Знам што е тоа, рече учителот...
Длабоко се поклонив пред него и го замолив да ми каже некој збор за внатрешната молитва.
— Е па добро, во Новиот завет е речено дека човекот и целото создание ,,се покорни на суетата против своја волја и дека се воздивнува и се стреми  кон слободата на децата Божји. Ова таинствено движење на созданието, оваа вродена желба во душите, тоа е внатрешната молитва. Човек не може да ја научи, зашто таа е во сите и во се!...
— Но како човек да ја усвои, да ја отирие и да ја почувствува во срцето? Како да стане свесен за неа и да ја прима доброволно, да постигне таа да дејствува активно, радувајни ја, осветлувајќи ја и спасувајќи ја душата? го запрашав јас.
— Не знам дали богословсиите расправи зборуваат за тоа, одговори учителот.
— Ами овде, овде, сето тоа е напишано, извикав јас.. . Учителот зеде еден молив, го забележа насловот на Добротољубието и рече:
— Секако ќе ја порачам оваа инига во Тоболси и ќе ја разгледам.
И така ние се разделивме.
Одејќи си, Му заблагодарив на Бога за мојот разговор со учителот и Го помолив Господа да му дозволи на секретарот да го прочита еднаш Добротољубието и да ја разбере неговата смисла за доброто на својата душа.

Девојката од селото
Другпат, во пролет, стигнав во едно гратче и се запрев кај свештеникот. Тој беше одличен човек и живееше сам. Кај него минав три дена. Откако ме испита за тоа време, ми рече:
— Остани кај мене, ќе ти дадам плата; имам потреба од сигурен човек. Ти си забележал дека се гради нова црква од камен покрај старата која е од дрва. Не можам да најдам некој совесен човек кој ќе ги надгледува работниците и да биде во капелата за да ги собира подароците за градбата; гледам дека ти би бил способен за тоа и дека ваквото живеење би ти одговарало мошне добро; ти би бил сам во капелата за да Му се молиш на Бога, таму има едно изолирано засолниште во кое можеш да стоиш. Остани, те молам, барем додека биде завршена црквата.
Долго време се бранев, но најпосле морав да попуштам пред истрајното молење на свештеникот. Значи, останав за летото до есента, и се сместив во капелата. Во почетокот имав доволно спокојство и можев да се вежбам во молитвата, но во празничните денови доаѓаше многу народ, едни да се молат, други да се проѕеваат, трети, пак, да украдат нешто од чинијата за прилози. И бидејќи понекогаш ја читав Библијата или Добротољубието, некои од посетителите започнува разговор со мене, други бараа малку да им читам.
По некое време, забележав како една млада девојка од тој крај често доаѓа во капелата и долго време останува на молитва. Кога обрнав внимание на она што таа го мрмореше, открив дека таа чита чудни молитви, некои беа сосема изопачени. Ја прашав: „Кој те научи вака?" Таа ми рече дека тоа била нејзината мајка, која е православна, додека татко и е расколник од сектата на оние што немале свештеници. Оваа положба ми изгледаше тажна и јас и посоветував правилно да ги чита молитвите, според преданието на светата Црква: Ја научив Оче наш и Богородице Дево. На крајот, и реков: „Читај ја особено молитвата Исусова; таа не доближува до Бога повеќе отколку сите други молитви и од неа ќе добиеш спасение на твојата душа." Девојката ме сослуша со внимание и постапи едноставно според моите совети. И, верувате ли? По некое време ми јави дека свикнала на молитвата Исусова и дека чувствува потреба да ја чита непрестајно, ако е можно; додека се молеше, таа чувствуваше задоволство, а најпосле и радост, како и желба да се моли уште. Јас се зарадував поради ова и и посоветував да продолжи да се моли уште повеќе, призивајни го името на Исуса Христа.
Крајот на летото наближуваше; многу посетители на капелата доаѓаа да ме најдат, веќе не само да бараат совет или да им читам, ами да си ги раскажат нивните домашни болки, па дури и како да дознаат како да си ги најдат загубените предмети; очигледно, ненои од нив ме сметаа за гаталец. Најпосле, еден ден, девојката дотрча сета несреќна, за да ме прашува што треба да прави. Нејзиниот татко сакал да ја мажи против нејзина волја за еден расколник како него а извршителот на венчавањето би бил еден селанец.
— Зар е тоа законски брак? викаше таа; тоа е само разврат! Ќе бегам таму каде што ќе ме водат очите.
Јас и реков:
— А каде ќе бегаш? Ќе те најдат пак. Со текот на времето лесно ќе те најдат без патни исправи; подобро е ревносно да Го молиш Бога да ја смени одлуката на твојот татко и да ја пази твојата душа од грев и од ереста. Тоа ќе биде подобро отколку твојата замисла да бегаш.
Времето си изминуваше, вревата и разонодите  ми стануваа се  помачни.  Најпосле летото заврши; решив да Ја напуштам капелата и да си го продолжам патот како и порано. Отидов кај свештеникот и му реков:
— Оче, вие ги знаете моите потреби. Јас имам потреба од мир за да се занимавам со молитвата. а овде наоѓам само немир и расејаност. Го извршив она што го баравте од мене, останав цело лето: сега, оставете ме да одам и благословете го мојот осамотенични пат.
Свештеникот не сакаше да ме отпушти и ме принудуваше со еден говор:
— Што може да те спречи да се молиш овде? Ти немаш што друго да работиш освен да седиш во капелата, а лебот ти е готов. Моли се таму ден и ноќ ако сакаш; живеј со Бога! Ти си способен и корисен овде, не зборуваш глупости со посетителите, ти си верен и чесен и осигуруваш приходи на Црквата Божја. Во очите на Господа тоа е подобро отколку твојата осаменичка молитва. Зошто да останеш секогаш сам? Со луѓето човек се моли многу повесело. Бог не го создал човекот за да се запознае само себеси, туку секој да го помага својот ближен, водејќи се еден друг кон спасението, секој според своите можности. Гледај ги светителите и вселенските учители: тие беа дење и ноќе во движење и со грижа за Црквата, тие проповедуваа насекаде и не остануваа во осамотеност за да се кријат од своите браќа.
— Секој го прима од Бога дарот што му одговара, оче; мнозина му проповедувале на народот, а мнозина живееле во осаменост. Секој постапуваше според својата склоност и веруваше дека е тоа патот на спасението, посочен од Самиот Бог. Но како ќе го објасните тоа што толку светители ги оставиле црковните достоинства и почести и побегнале во пустината, за да не бидат искушувани во светот? Така, свети Исак Сирин ги напуштил верните, а блажениот Атанасиј Атонитски го напуштил својот манастир; тие ги сметаа овие места за многу соблазнителни и вистински веруваа во зборовите на Исуса Христа: „Каква корист има човекот да го задобие светот, ако ја загуби својата душа?
— Но тие постапувале така затоа што биле големи светители, духовито одговори свештеникот.
— Кога светители се пазеле со толку голема грижа од допирот со луѓето, одговорив јас, што треба да прави еден несреќен грешник!
Најпосле, му реков збогум на овој добар свештеник и ние се разделивме срдечно.
По десет изминати версти, се задржав во едно село за да ја минам ноќта. Во него имаше еден смртно болен селанец. На неговото семејство му посоветував да го причестат со Светите Тајни Христови и, утрото, тие испратија да го побараат свештеникот од градот. Јас останав да се поклонам пред Светите Дарови и да се молам за време примањето на оваа голема тајна. Бев седнат на една клупа пред куќата за да пазам кога ќе дојде свештеникот. Одненадеж, видов како трча кон мене девојката што се молеше во капелата.
— Нако дојде овде? и реков јас.
— Се беше готово кај нас за да ме мажат со расколникот, а јас избегав.
Потоа, фрлајќи ми се на нозете, таа извика:
— О! смилувај се, земи ме со тебе и води ме во еден манастир; не санам да се мажам, ќе живеам во манастир кажувајќи ја молитвата Исусова. Тебе ќе те послушаат таму и ќе ме земат.
— А каде сакаш да те водам? Јас не знам овде ниту еден манастир и како да те земам со мене без пасош? Не ќе можеш нигде да се задржиш. Веднаш ќе те откријат; ќе бидеш вратена дома и казнета поради скитање. Врати се поскоро дома и моли Го Бога; а ако не сакаш да се мажиш, преправај се дека имаш некој недостаток. Тоа се вика набожно преправање; така постапила светата мајка Нлиментова, блажената Марина, која го градела своето спасение во еден машки манастир, и многу други.
Додека вака зборувавме, видовме четири селани во една чеза, и тие галопираз право на нас. Тие ја зграбија девојката, ја ставија во колата и ја испратија со едниот од нив; другите тројца ми ги врзаа рацете и ме вратија во гратчето во кое го минав летото. На сите мои објаснувања, тие одговараа викајќи: ,,Добро е, мал светецу, ќе ти покажат како се заведуваат девојки!" Вечерта ме одведоа во затворот, ми ги ставија синџирите на нозете и ме затворија за да бидам суден утредента наутро. Свештеникот, кога дознал дека сум во затвор, дојде да ме посети; тој ми донесе вечера, ме утеши и ми рече дека ќе ме земе во одбрана и ќе изјави, како исповедник, дека не сум имал такви намери како што се мислеше. Тој остана малку со мене и си отиде.
Кога се наближи ноќта, оттаму замина покраинскиот судија; му го раскажаа настанот. Тој нареди да го свикаат општинското собрание и да ме одведат во судската палата. Иога влеговме, останавме да чекаме стоејќи. Одненадеж пристигна судијата, веќе мошне загреан; тој седна на масата чувајќи ја својата шапка и викна:
— Еј! Епифаниј, оваа млада особа, твојата ќерка, ништо не однесе од дома?
— Ништо, Господине!
— Не направила никаква глупост со овој идиот?
— Не, Господине!
— Тогаш, спорот е пресуден и ние донесуваме одлука: со твојата ќерка, расправи се како што ти знаеш; а ова јуначиште, ние ќе го молиме утре да бега одовде откако ќе биде добро казнет за да не става повеќе нога на овој терен. Ете така!
По овие зборови, судијата стана и си отиде да спие; мене ме вратија во затворот. Утредента рано, дојдоа двајца селани кои ме камшикуваа и бев ослободен; јас си заминав, благодарејќи Му на Господа, Кој ми дозволи да страдам во Негово име. Тоа ми даваше утеха и уште повеќе ме поттикнуваше на молитва.
Сите овие настани воопшто не ме нажалија; тоа беше како да се однесуваат на некој друг, а јас да сум набљудувач; дури и кога ме тепаа, успевав да го поднесам тоа; молитвата, која го веселеше моето срце, не ми дозволуваше да внимавам на нешто друго.
По четири версти, ја сретнав мајка и на младата девојка, која се враќаше од пазарот. Таа застана и ми рече:
— Нашиот вереник не остави. Гледаш, тој и се налути на Акулка затоа што беше избегала.
Потоа ми даде леб и еден колач и јас си го продолжив патот.
Времето беше суво и јас немав желба да спијам во некое село; забележав две копи сено во шумата и таму се сместив за да ја минам ноќта. Заспав и почнав да сонувам како одам по патот и ги читам главите на свети Антониј Велики во Добротољубието. Ненадејно, старецот ми се придружи и ми рече: ,,Не треба таму да читаш", и тој ми ја покажа триесет и петтата глава за Јован Карпатски во која е напишано: „Понекогаш ученикот е предаден на обесчестување и поднесува искушенија заради оние што духовно им помогнал." Тој ми ја покажа и четириесет и првата глава каде е речено: „Сите оние кои силно и се предаваат на молитвата стануваат плен на страшни и исцрпувачки искушенија."
Потоа тој ми рече:
— Биди храбар и не попуштај! Сети се на зборовите од Апостолот: ,,Оној што е во вас е поголем од оној што е во светот". Сега со искуство знаеш дека нема искушенија што ги надминуваат силите на човекот. „Зашто со искушението, Бог го подготвува и среќниот крај. Со надеж во помошта од Господа светителите се поткрепени не само да го минат својот живот во молитва, туку и настојувале, со љубов, да ги научат и просветлат другите. Еве што за ова вели свети Григориј Солунски: „Не ни е доволно само да се молиме непрестајно во името на Исуса Христа според божествената заповед, туку треба ова учење да им го изложуваме на сите, монаси, мирјани, интелигентни или прости, мажи, жени или деца, за да се разбуди во нив ревноста за внатрешната молитва". Блажениот Калист Теликуд се искажува на истиот начин: ,,Духовната активност (односно, внатрешната молитва), контемплативното сознание и средствата за издигнување на душата не треба да бидат чувани само за себе, ами треба да бидат предадени, писмено или преку говор, за доброто и за љубов на сите. И речта Божја вели дека „братот помогнат од неговиот брат е како висок и цврст град. Само е потребно со сета своја сила да ја избегнуваме суетата и да бдееме доброто зрно на Божјата наука да не биде однесено од ветерот."
Иога се разбудив, во моето срце почувствував голема радост, а во мојата душа нова сила. И јас го продолжив мојот пат.

Чудесно исцелување
Долго време потоа, имав уште едно доживување. Ако сакате, ќе го раскажам.
Еден ден, на 24 март, почувствував несовладлива потреба да се причестам со светите тајни Христови, денот посветен на Мајката Божја во спомен на нејзиното божествено Благовештение. Прашав дали има црква натаму: ми рекоа дека има една оддалечена триесет версти.
Одев остатокот од денот и целата ноќ за да стигнам навреме за утредента. Времето беше едно од најлошите, еднаш врнеше дожд, еднаш снег, а згора на се еден студен и силен ветер. Патот минуваше низ еден поток и јас туку што направив неколку чекори кога ледот се скрши под моите нозе, 
и јас паднав во водата до појас. Целиот измокрен, стигнав на утрената, што ја ислушав, како и литургијата, на која Бог ми дозволи да се причестам.
За да го минам тој ден во мир, без ништо да ми ја наруши духовната радост, побарав од чуварот да ме пушти до утредента во стражарската ќелија. Целиот тој ден го минав во неискажлива радост и во мир на срцето; бев истегнат на една клупа во таа незатоплена колипка како да се наоѓав во прегратките Аврамови: молитвата делуваше со сила. Љубовта кон Исуса Христа и кон Мајката Божја минуваше низ моето срце како благотворни бранови, а мојата душа ја потопуваше во утешителен занес. Бидејќи ноќта паѓаше, одненадеж почувствував силна болка во нозете и се сетив дека ми беа измокрени. Но, одбивајќи ја оваа расејаност, повторно потонав во молитвата и повеќе не почувствував болка. Нога утрото сакав да станам, не можев повеќе да ги мрднам нозете. Тие беа без сила и меки како фитил од камшик; чуварот ме симна од клупата и така останав два дена без да се поместам. Третиот ден, чуварот ме истера од бараката, велејќи: — ,,Ако умреш овде, ќе треба уште да трчам и да се грижам за тебе." Успеав да се одвлечам на раце до црковната тераса каде останав легнат. Таму останав околу два дена. Луѓето што минуваа не обрнуваа ни најмалку внимание ниту на мене ниту на моите молби. Најпосле, еден селанец ми се доближи и започна разговор. По некое време, тој рече:
— Што ќе ми дадеш? Јас ќе те исцелам. Јас ја имав токму оваа работа и знам еден лек.
— Немам ништо да ти дадам, му одговорив јас.
— А  што  има   во  твојата   торба?
— Ништо, освен сув леб и книги.
— Е па добро, ако те излекувам, ќе работиш кај мене едно лето.
— Не можам ни да работам. Гледаш дека имам само една здрава рака.
Тогаш што знаеш да работиш?
— Ништо, освен да читам и да пишувам.
— А! да пишуваш! Тогаш, ќе го научиш мојот син да пишува, тој знае малку да чита и би сакал да пишува. ;Но учителите бараат скапо, дваесет рубли за да го научи целото писмо.
Се договорив со него и, со помош на чуварот, ме однесоа кај селанецот и ме оставија во една стара бања на крајот од зградата. Тогаш тој почна да ме негува: по нивите, во дворовите, низ дупките за отпадоци тој собра многу стари коски од животни, од птици и од секаков вид; тој ги изми, ги искрши на ситни парчиња и ги стави во еден голем котел; го покри со еден капак кој имаше една дупка и сето тоа го преврте над една вазна што беше ја закопал во земјата. Дното на котелот грижливо го премачка со дебел пласт глинена земја и го покри со цепеници што ги остави да горат повеќе од дваесет и четири часа. Поставувајќи ги цепениците, тој велеше: ,,Сето ова ќе направи смола од коски." Утредента, тој го откопа котелот, од кој низ отворот од капакот беше истекол околу еден литар течност густа, црвеникава, маслена и која мирисаше како свежо месо; коските што останале во котелот, од црни и скапани какви што беа, сега имаа бела и провидна боја како седефот или како бисерите. Пет пати на ден си ги масирав нозете со оваа течност. И верувате ли? Утредента почувствував дека можам да ги мрдам прстите; третиот ден, можев да ги свиткам нозете, а петтиот, можев да стојам и да одам низ дворот со помошта на стап. За една недела, моите нозе беа станале нормални. Му заблагодарив на Бога и си велев во себе: мудроста Божја се јавува во Неговите созданија! Суви, или скапани коски, речиси веќе претворени во земја, во себе чуваат животна сила, боја и миризба; тие имаат дејство врз живите тела, на кои можат да им го вратат животот! Тоа е залог на идното Воскресение. Да можев ова да му го кажам на шумарот кај кого живеев, а кој се сомневаше во Воскресението на телата!
Вака излекуван, почнав да се занимавам со малото момче. Нако образец му ја напишав молитвата Исусова и му дадов да ја препишува, покажувајќи му како убаво да ги пишува буквите. За мене ова беше како одмор, зашто дење тоа служеше кај управникот, а кај мене доаѓаше само кога овој спиеше, односно рано наутро. Детето беше внимателно и наскоро пишуваше речиси правилно.
Управникот, гледајќи  го  како пишува, го праша:
— Ној ти дава часови?
Детето одговори дека е тоа сакатиот поклоник кој живее кај нив во старата бања. Управникот, љубопитен — тоа беше еден Полјак - дојде да ме види и ме најде за време кога го читав Добротољубието. Тој проговори малку со мене и рече:
— Што читаш таму?
Јас му ја покажав книгата.
— А! тоа е Добротољубието, рече тој.
Ја видов оваа книга кај нашиот свештеник кога живеев во Вилна. Но сум слушнал дека таа содржи чудни рецепти и методи на молитва, измислени од грчки монаси по примерот на фанатиците од Индија и Букара, кои ги дуваат нивните дробови и глупо веруваат, кога ќе успеат да почувствуваат некое мало скокоткање во срцето, дека ова природно чувство е некаква молитва дадена од Бога. Човек треба да се моли едноставно, за да ја исполни својата должност спрема Бога; на станување, треба да се чита Оче наш како што за тоа учи Христос; и со тоа човек е раздолжен за целиот ден. Но кога цело време повторува иста работа, човек ризикува да полудее и да си го оштети срцето.
— Не зборувајте вака за оваа света книга, мој добар господине. Тоа не се прости грчки монаси што ја напишале, туку стари и свети личности што и вашата Црква ги почитува, како Антониј Велики, Макариј Велики, Марко Пустиник, Јован Златоуст и други. Монасите од Индија и Букара од нив ја позајмија техниката на молитвата на срцето, но тие ја нагрдиле и расипале, како што ми раскажа мојот старец. Во Добротољубието, сите поуки за внатрешната молитва се земени од Речта Божја, од светата Библија, во која Исус Христос, заповедувајќи да го читаме Оче наш, потврдил, исто така, дена треба да се молиме непрестајно, ве лејќи: ,,Сакај Го Бога со сето свое срце и со сета своја мисла; пазете, бдеете и моле те се;  вие ќе бидете во Мене, и јас ќе бидам во вас". И светите Оци, цитирајќи го сведоштвото на цар Давид во псалмите: „Вкусете и видете,  колку е благ Господ, го  толкуваат   велејќи  дека  христијанинот треба да прави се за да ја запознае сладоста  на  молитвата;  тој треба  постојано да бара утеха во неа, а не да се задоволи со читање „Оче наш" еднаш. Ете, ќе ви прочитам што велат Оците за оние што не се обидуваат да ја проучуваат благотворната молитва на срцето. Тие изјавуваат дека таквите прават троен грев, зашто, 1. му противречат на Светото писмо; 2. — тие не признаваат дека за душата има повозвишена и посовршена состојба:  задоволувајќи се со надворешните добродетели, тие не ја познаваат гладта и жедта за правда и се лишуваат од блаженството во Бога; 3. — посматрајќи ги своите надворешни добродетели, тие често паѓаат во задоволство со себе и во суета.
 
— Ти читаш таму нешто возвишено, рече управникот; но како, ние мирјаните, би можеле да одиме по еден таков пат?
Ете, ќе ви прочитам како чесни луѓе, иако мирјани, можеле да ја научат постојаната молитва. Ја зедов во Добротољубието расправата на Симеон Нови Богослов за младиот Георгиј, и почнав да читам.
Тоа му се допадна на управникот и ми рече:
— Дај ми ја оваа книга и ќе ја читам кога ќе бидам слободен.
— Ако сакате, ќе ви ја дадам за еден ден, но не повеќе, зашто јас ја читам непрестајно и без неа не можам.
— Но ќе можеш барем да ми ја препишеш оваа страница; ќе ти дадам пари.
— Немам потреба од вашите пари, но со радост ќе ја препишам, со надеж дека Бог ќе ви даде ревност за молитвата. Веднаш ја препишав одломката што бев ја прочитал.Тој и ја прочитал на својата жена и двајцата сметаа дека е добра. Од тој ден, одвреме навреме праќаа по мене. Доаѓав со Добротољубието; јас читав, а тие слушаа, пиејќи чај. Еден ден, ме задржаа на вечера. Жената на управникот, стара љубезна дама,  беше  со  нас  и  јадеше  пржена  риба.
Одненадеж, таа голтна една носка; и покрај сите наши усилби, не можевме да ја ослободиме, многу ја болеше грлото и по два часа мораше да си легне. Испратија по ленар на триесет версти оттаму, а јас се вратив дома сиот нажален. За време ноита, бидејќи спиев лесно, ненадејно го слушнав гласот на мојот старец, иако не гледав никого; гласот ми велеше: „Твојот домаќин те излекува, а ти ништо не можеш да направиш за управничката? Бог ни заповедал да сострадуваме со болните на ближниот. — Јас би и помогнал со радост, но како? Не знам нинанов лен. — Еве што треба да правиш: таа отсеногаш чувствувала големо гадење од рициновото масло: нејзе и е одвратна и самата миризба; Затоа дај и една лажична рициново масло, таа ќе поврати, носната не излезе, маслото не ја ублажи раната во нејзиното грло и таа не се излекува. — А нано ќе ја натерам да пие кога таа се гади од него? — Барај од управникот да и ја држи главата и насила сипај и течност во устата."
Се тргнав од мојот сон и отрчав нај управникот, кому му раснажав се во детали. Тој ми рече:
— Што ќе и е твоето масло? Таа веќе има треска, блада и нејзиниот врат е сиот надуен. Всушност, може да се проба: ако маслото не и направи добро, во секој случај нема да и наштети.
Тој налеа рициново масло во една мала чаша и успеавме да ја натераме да го проголта. Веднаш таа силно поврати и ја исплуна косната со малну крв; таа се почувствува подобро и заспа во длабок сон.
Утредента наутро, дојдов по нови вести и ја најдов со нејзиниот маж како пие чај; тие се чудеа поради нејзиното исцелување, а особено поради она што ми беше речено на сон за нејзината одвратност спрема рициновото масло, зашто никому не беа зборувале за тоа. Тогаш пристигна и лекарот: управничката му раскажа како беше изленувана, а јас, нако селанецот ми ги негуваше нозете. Лекарот изјави:
— Овие два случаи не се изненадувачки: и двата пата дејствувала природна сила, но ќе ги забепежам заради сеќавање; тој извади од џебот еден молив и запиша ненолну збора во едно блокче.
Наскоро се разнесе вест дека сум гаталец, лекувач и маѓесник; од сенаде доаѓаа да бараат совет, ми донесуваа подароци и почнуваа да ме почитуваат како светител. По една недела, размислив за сето ова и се уплашив да не паднам во суета и во расипништво. Следната ноќ, потајно го напуштив селото.

Пристигнување  на  Иркутск
И така, повторно одев по осамотеничкиот пат и се чувствував лесен кано цела планина да паднала од моите плеќи. Молитвата ми даваше утеха се повеќе и повеќе; понекогаш срцето ми вриеше од бескрајната љубов кон Исуса Христа, а од ова прекрасно вриење благотворни бранови се ширеа по целото мое битие. Сликата на Исуса Христа беше толку добро врежана во мојот дух што мислејќи на настаните од Евангелието, беше како да ги гледам пред моите очи. Бев возбуден и плачев од радост, а понекогаш во моето срце чувствував танва среќа што не знам како да ја опишам. Понекогаш, по три дена останував далену од секакво човечно живеалиште и со занес се чувствував на земјата, сам, беден грешник пред милостивиот Бог, пријател на лугето. Оваа осамотеност ја правеше мојата среќа и сладоста на молитвата во неа беше многу почувствена отколку во допир со луѓето.
Најпосле, пристигнав во Иркутсн. Откако се поклонив пред моштите на свети Инокентиј, се прашав каде да одам понатаму. Немав желба да останам долго време во градот, зашто беше премногу населен. Одев низ улицата размислувајќи. Ненадејно, сретнав еден трговец од тој  крај, кој  ме запре и ми рече:
— Ти си поклоник? Зошто не дојдеш кај мене?
— Ние  пристигнавме  во  неговата  богата куќа. Ме праша кој сум и јас му го раскажав моето патување. При овие зборови, тој ми рече:
— Ти би требало да одиш до стариот Ерусалим. Таму има светост на која никаде и нема рамна.
— Би одел со радост, му одговорив јас, но немам со што да го платам патот, зашто за тоа се потребни многу пари.
— Ако сакаш, јас ќе ти посочам едно средство, рече трговецот; минатата година испратив таму еден старец, наш пријател.
Јас паднав пред неговите нозе и тој ми рече:
— Слушај ќе ти дадам едно писмо за мојот син кој е во Одеса и кој тргува со Цариград; тој има бродови, ќе те превезе до Цариград и, оттаму, неговите претставништва ќе ти го платат патот до Ерусалим. Тоа не е толку скапо.
На овие зборови, бев исполнет со радост, многу му заблагодарив на овој добротвор, а особено Му заблагодарив на Бога, Kој покажа толку татковска љубов кон мене, закоравен грешник, кој не прави никакво добро нити Нему нити на другите, а кој непотребно им го јаде лебот на другите.
Три дена останав кај овој великодушен трговец. Тој ми даде едно писмо за неговиот син и сега ќе одам за Одеса со надеж дека ќе стигнам до светиот град Ерусалим. Но не знам дали Господ ќе ми дозволи да се поклонам пред Неговиот животворен гроб.

 

 Раскази на еден поклоник - Прв расказ 

Ретроспектива (2005-2020): Раскази на еден поклоник - Втор расказ

Раскази на еден поклоник -Трет расказ

Раскази на еден поклоник - ЧЕТВРТ РАСКАЗ 

Издавач : Преспанско - пелагониска епархија

 Raskazi.korica.jpg

(Битола, 1982)

Превел: протоѓакон Јован Таковски, проф.

 Aja.Sofija13

 

Извор

TVITer270

П.П. 2009-03-09 07:14:41

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная