логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Pestera.Raspetie.jpg


ЧЕТВРТ РАСКАЗ

За  мене  е  среќа  да  бидам  со  Бога, својата надеж ја полагам во Господа.
Руската поговорка има право, реков јас, навраќајќи кај мојот духовен отец: човекот предлага а Бог располага. Уште денес мислев да заминам во светиот град Ерусалим, но испадна поинаку; еден сосема непредвиден настан ме задржа овде уште два или три дена. Не можев да се воздржам да не дојдам да ве видам за да ви јавам и да барам совет во врска со ова. Еве што се случи.
Бев се поздравил со сите и, со Божја помош, бев го продолжил мојот пат; ќе ја минев оградата, кога пред вратата од последната куќа забележав еден стар поклоник кого не бев го видел веќе три години. Си рековме добар ден и тој ме праша каде одам. Јас му одговорив:
— Ако Бог сака, до стариот Ерусалим.
— Добро, рече тој, овде има еден одличен сопатник за тебе.
— Фала Богу, му реков јас. Зар не знаеш дека никогаш не земам сопатници и дека секогаш одам сам?
— Да, но слушај малку; знам дека оној ти одговара сосема. Нему се ќе му оди добро со тебе, а и тебе со него. Таткото на сопственикот од оваа куќа, кај кого сум ангажиран како работник, дал завет да оди во Ерусалим; ти не ќе имаш незгоди со не-го. Тоа е еден трговец од овде, еден добар старец и, згора на се, тој е сосема глув. Попусто ќе викаш, тој не слуша ништо; кога ќе треба да се бара некоја работа од него, треба да се напише на парче хартија. Тој секогаш молчи и по патот нема да ти здодева. Но ти ќе му бидеш потребен за време патувањето. Неговиот син му дава коњ и кола што ќе ги продаде во Одеса. Стариот сака да оди пеш, но во колата ќе му го стават неговиот багаж и неколку подароци за Гробот Господов. Ти ќе можеш во неа да ја ставиш твојата торба... Сега, размисли. Мислиш ли дека може да се остави да оди вака сам еден сосема глув старец? Насекаде баравме водич, но тие бараат мошне скапо, а и опасно е да го пуштиш да замине со некој непознат, зашто тој има пари и скапоцени предмети. Прифати брате, ќе биде многу добро; прифати за славата на Бога и за љубовта кон ближниот. Што се однесува до мене, јас ќе гарантирам за тебе и господарите ќе бидат воодушевени; тоа се чесни луѓе и многу ме сакаат. Има две години како сум кај нив.
Откако зборуваше вака пред вратата, тој ме воведе кај неговиот газда и видов дека е тоа едно чесно семејство; го прифатив нивниот предлог. Решивме да тргнеме два дена по Божиќ, ако Бог сака, откако ќе ја чуеме Божествената литургија.
Еве какви неочекувани настани се случуваат на животниот пат! Но Бог и Божјата промисла секогаш дејствуваат преку нашите постапки и преку нашите намери, како што е напишано: „Зашто Бог прави во вас да сакате и да работите што Му е угодно"
Мојот духовен отец ми рече:
— Од се срце се радувам, возљубен брате, што Господ ми дозволи вака да те видам уште еднаш. А бидејќи си слободен, ќе те задржам малку и ќе ми раскажеш неколку од средбите што си ги имал во текот на твојот скитнички живот. Зашто го имав задоволството да ги слушам твоите претходни раскази.
— Со задоволство ќе го направам тоа, одговорив јас, и почнав да зборувам.
Имаше и добро и лошо; не може се да се раскаже, а многу работи излегле од моето сеќавање, зашто јас се обидував да го чувам споменот особено на она што мојата мрзелива душа ја враќаше кон молитвата; за се друго, ретко се сеќавам, или, подобро речено, се обидував да го заборавам минатото, според учењето на апостол  Павле, кој рекол:  ,,Заборавајќи го она што е зад мене и гледајќи напред, трчам право кон целта". А мојот блажен старец ми кажуваше дека пречките за  молитва можат да доаѓаат од десно и од лево односно, ако непријателот не може да ја оттргне душата од молитвата со празни мисли или со грешни слики, тој оживува во сеќавањето поучни  спомени  или убави  мисли, за да  го одвлече духот од молитвата што тој не може да ја поднесе. Тоа се вика одвраќање од десно: душата,  презирајќи  го  разговорот со Бога, влегува во прекрасен разговор со самата себе или со созданијата. Затоа тој ме учеше дека за време на молитвата не треба во духот да се дозволи дури ни најубавата и највозвишена мисла; и ако, на крајог од денот, забележиш  дека  повеќе време си минал во медитација или во поучни разговори отколку во чиста молитва, тоа треба да го сметаш за непромисленост или за егоистичка духовна лакомост. Тоа особено важи за почетниците, за кои времето употребено во молитва треба да биде поголемо од времето посветено на другите набожни активности.
Но човек не може да заборави се. Некои спомени толку длабоко се втиснуваат во сеќавањето што остануваат живи без да се евоцираат, како, на пример, оној со набожното семејство во кое Бог ми дозволи да минам неколку дена.

Едно  православно семејство

Додена минував низ намесништвото на Тоболск, еден ден поминав низ еден мал град. Речиси немав повеќе леб, затоа влегов во една куќа за да побарам. Домаќинот на куќата ми рече:
— Доаѓаш во добар час, жена ми туку што го извади лебот од фурната, земи го овој топол сомун и моли Го Бога за нас.
Заблагодарувајќи му се, го ставав лебот во мојата торба; домаќинката ме виде и рече:
— Каква ти е таа сиромашка торба, целата е искината, ќе ти дадам друга! и таа ми даде една здрава торба. Им заблагодарив од се срце и заминав. На излегување од градот, побарав малку сол во еден дуќан и трговецот ми даде едно мало кесе. Бев среќен поради тоа и Му заблагодарив на Бога, Ној ме упати на толку добри луѓе.
— Сега сум мирен за една недела, си велев. Не можам да спијам без грижа. ,,Душо моја, благослови Го Господа!"
Бев изминал пет версти од градот, кога забележав едно село не многу богато, со дрвена црква, мала, но добро варосана и украсена однадвор. Патот минуваше сосема близу и јас имав желба да се поклонам пред храмот Божји. Се искачив на терасата и прочитав една молитва. Во една ливада крај црквата имаше две деца кои си играа; можеа да имаат пет или шест години. Си реков дека, и покрај нивниот негуван изглед, треба да бидат децата на свештеникот. Кога ја завршив молитвата, си заминав. Не бев направил ни десет чекори кога слушнав викање зад мене;
— Мил питачу!  мили питачу! Чекај!
Тоа беа децата кои викаа и трчаа кон мене — едно мало момче и едно девојче; јас астанав и, кога дотрчаа, ме фатија за раце.
— Да одиме кај мама, таа ги сака питачите.
— Јас не сум питач, туку минувач.
— А што има во оваа торба?
— Тоа е мојот леб за пат.
— Тоа не е ништо, дојди со нас, мама ќе ти даде пари за патот.
— А каде е мајка ви? прашав јас.
— Таму, зад црквата, од другата страна на дрвјата.
Тие ме воведоа во една прекрасна градина, среде која видов голема господарска куќа; влеговме во претсобјето. Нолку сето беше чисто и подредено! Одненадеж, госпоѓата дотрча кај нас.
— Колку сум среќна! Од каде Бог те доведе кај нас? Седи, седи, мил мој!
Таа самата ми ја крена торбата, ја стави на една маса и ми даде да седнам на еден нрајно мек стол.
— Сакаш ли да јадеш? Да пиеш чај? Зар ништо не ти треба?
— Понизно ви благодарам, одговорив јас, имам јадење во мојата торба, а чајот! можам да го пијам, но јас сум селанец и немам таква навика; вашата пријатност и вашата љубезност ми се поскапоцени од јадењето; ќе Го молам Бога да ве благослови за ова евангелско гостопримство.
Кажувајќи ги овие зборови, чувствував силна желба да се вратам во самиот себе.
Молитвата вриеше во моето срце и имав потреба од мир и тишина за да го оставам овој пламен да се исначува слободно и за да ги сокријам малку надворешните знаци на молитвата, солзите, воздишните, движењата на лицето или на усните. Затоа застанав и ренов:
— Ве молам да ми простите, но јас морам да си одам. Господ Исус Христос да биде со вас и со вашите мали љубезни дечиња.
— А! не! Бог нена те пази, но јас не те пуштам да си одиш. Вечерва треба да се врати мојот маж од град, тој е судија во онружниот суд.  Не биде толну среќен да те види! Тој секој поклоник го смета за Божји  пратенин.  Уште повене, утре е недела, ќе се молиш заедно со нас на службата и она што Бог ќе ни го прати, ќе го јадеме заедно. Кај нас, на празници, секогаш   примаме   најмалну   по   триесет  сиромашни   питачи,  брана  Христови.  А  ти се уште не си ми нажал ништо за себе, ни од каде доаѓаш, ни наде одиш!  Раскажи ми за тоа, сакам да ги слушам како зборуваат оние што Го почитуваат Господа. Деца, однесете ја торбата на поклоникот во собата со икони, таму тој не ја мине ноќта. На овие зборови, се зачудив и си ренов:
— Дали е тоа човечно суштество, или некакво привидение?
Тана останав да го чекам господинот. На брзина го раскажав моето патување и реков дена одам за Ирнутск.
— Е па добро! рече дамата, тогаш ти треба да минеш низ Тоболск, таму мајка ми живее во еден манастир кано испосничка; ке ти дадеме едно писмо и таа ке те прими. Често одат да бараат од неа духовни совети; впрочем, ќе можеш, исто така, да и однесеш една книга од свети Јован Лествичник, што за неа ја порачавме од Москва. Како работите си се редат добро!
Најпосле, времето за јадење дојде и ние седнавме на трпеза. Дојдоа уште четири дами кои седнаа со нас. По првото послужување, една од нив стана, се понлони пред иноната, пред нас, и отиде да го бара следното јадење; за третото, една друга стана на истиот начин. Гледајќи го ова, и се обрнав на домаќинната:
— Можам ли да прашам дали овие дами се од вашето семејство?
— Да, тоа се мои сестри, готвачната, жената на ноларот, набавувачната и мојата собарна, сите се мажени, во целата куќа нема ниту една девојна.
Гледајќи и слушајќи го ова, уште повеќе бев зачуден и Му заблагодарив на Господа, Иој ме беше довел кај толку набожни луѓе. Ја чувствував молитвата како со сила се качува во моето срце; затоа, за да ја најдам осамотеноста, станав и и реков на дамата:
— Вие треба да се одмарате по ручекот, но јас толку сум свикнал на одење што не одам да се прошетам во градината.
— Не, јас не се одмарам, рече дамата. Ке одам со тебе во градината и ќе ми раскажеш некоја поучна работа. Ако одиш сам, децата нема да те остават спокоен; тие нема да те отпуштат, зашто многу ги сакаат питачите, браќа Христови, и поклониците.
Немаше што да се прави и отидовме заедно во градината.
Заради поугодна тишина, се поклонив пред дамата и реков:
Ве молам, мајко, во името на Бога, долго ли време живеете толку свет живот? Раскажете ми како дојдовте до овој степен на добрина.
—  Тоа е мошне лесно, рече таа. Мајка ми е превпука на свети Јосафат, чии свети мошти са почитувани во Белгород. Таму имавме голема куќа од која едно крило беше дадено под наем на еден не многу богат господин. Тој умрел, како и неговата жена, откако родиле едно дете.
Новороденчето беше целосно сираче. Мајка ми го прибра кај неа, а јас се родив следната година. Ние одраснавме заедно, имавме исти учители и бевме како брат и сестра. Кога татко ми умре, мајка ми го напушти градот и со нас се насели во ова село. Кога одраснавме, мајка ми ме омажи за нејзиното кумче, ни го подари ова село и реши да отиде во манастир. Откако ни го даде својот благослов, таа ни препорача да живееме како христијани, да Му се молиме на Бога од се срце и, пред се, да ја пазиме најважната заповед, онаа за љубовта кон ближниот, помагајќи ги сиромашните браќа во Христа, воспитувајќи ги нашите деца во страв од Бога и постапувајќи со нашите слуги како со браќа. Вака живееме веќе десет години во оваа осамотеност, обидувајќи се да ги исполнуваме советите на нашата мајка. Имаме прибежиште за питачите. Во овој момент ги има повеќе од десет, изнемоштени или болни; ако сакаш утре ќе одиме да ги видиме.
На крајот од нејзиниот расказ, ја прашав:
—  А каде е онаа книга од Јован Лествичник што сакате да ја испратите на мајка ви?
— Да се вратиме дома, ие ти ја поиажам.
Туку што почнавме да читаме, и господинот пристигна. Се прегрнавме христијански како брана, и тој ме одведе во неговата соба, велејќи:
— Дојди, брате, во мојата канцеларија, благослови ја мојата ќелија. Мислам дека таа ти здодевала (покажувајќи ја својата жена). Штом не најде некој поклоник или болен, толку е среќна, што не го напушта ни ноќе ни дење; тоа е стара практика во нејзиното семејство.
Влеговме во неговата ианцеларија. Колку многу книги! прекрасни икони и еден крст во природна големина пред кој беше положено Евангелие! Се прекрстив и реков:
— Вие го имате кај вас, господине, Божјиот рај. Ене Го Господ Исус Христос, Неговата пречиста Мајка и Неговите свети служители; а еве ги и нивните зборови и нивното живо и бесмртно учење; мислам дека често имате задоволство да се занимавате со нив.
— Е, да, рече господинот, сакам многу да читам.
— Каков вид книги имате? прашав јас.
— Имам многу духовни книги: еве го Минејот, делата  на свети Јован  Златоуст, на свети Василиј Велини, многу дела филозофсни или богословсни и многубројни проповеди од современи проповедници. Оваа библиотена ме чинеше пет илјади рубљи.
— Дали немате неиое дело за молитвата? прашав јас.
— Многу ги сакам книгите за молитвата. Еве една сосема скорашна брошурка, дело на еден свештеник од Петроград.
Господинот извади еден номентар на ,,Оче наш" и почнавме да читаме. Насноро пристигна и дамата, таа доаѓаше со чајот, а децата носеа една сребрена норпа полна со еден вид нолачи, нанви што ниногаш не бев јадел. Господинот ми ја зеде ннигата, ја даде на госпоѓата и рече:
Таа не ни чита, таа чита мошне добро, а за тоа време ние не се потнрепиме.
Госпоѓата почна да чита. Слушајни, ја чувствував молитвата иано се начува во моето срце; нолиу повене таа читаше и молитвата повене се развиваше и ме веселеше. Одненадеж, видов една форма наио брзо минува низ воздухот, слична на мојот поиоен старец. Направив едно движење, но, за да го сонријам, реиов: ,,Опростете, бев задремал". Во тој миг имав впечатои дена духот на старецот го прониинува мојот ум и го просветлува. Во себе почувствував  нешто  како  голема  ведрина  и  многубројни мисли за молитвата. Бидејќи се крстев и се присилував да ги истерам овие мисли, госпоѓата го заврши своето читање, а господинот ме праша дали ова ми се допаднало. Разговорот почна во врска со тоа. — Ова ми се допаѓа многу, реков јас; впрочем, Оче наш е повозвишена и поценета од сите напишани молитви што ги имаме; заштосамиот Господ Исус Христос ни ја покажал. Номентарот што го читавте е мошне добар, но тој е целосно свртен кон активниот живот на христијанинот, додека јас сум  читал  кај  светите Оци  едно објаснување кое е особено таинствено и е насочено кон созерцавањето.
— Нај кои Оци си го нашол тоа?
— Нај Максим Исповедник, на пример, и во Добротољубието кај Петар Дамаскин.
— Дали се сеќаваш на тоа? Повтори ни го ако можеш.
— Секако. Почеток на молитвата: Оче наш Ној си на небесата; во книгата што ја читавте, се изјавува дека овие зборови значат оти треба братски да го сакаме нашиот ближен, зашто сме сите синови на еден Татко. Тоа е сосема точно, но Оците додаваат еден подуховен коментар — тие велат дека изговарајќи ги овие зборови, својот дух треба да го издигаме кон небескиот Отец, и да се сеќаваме на обврската во секој миг да бидеме во присуство на Бога. Зборовите: Да се свети името Твое — во оваа книга се објаснуваат со грижата напразно да не го призиваме името Господово; но мистичките коментатори во тоа го гледаат барањето за внатрешната молитва на срцето, односно, за да се свети името Божјо, треба да биде врежано во срцето и преку постојаната молитва да ги освети и просветли сите чувства, сите сили на душата.
Зборовите ,,Да дојде царството Твое" се објаснети вака од светите Оци: Да дојдат во нашите срца внатрешниот мир, спокојството и духовната радост. Во книгата се објаснува дека зборовите: „Лебот наш насушен дај ни го денес", се однесуваат на потребите од нашиот телесен живот, и на она што е потребно за да му се помогне на ближниот. Но Максим Исповедник под насушен леб го подразбира небескиот леб, кој ја храни душата, односно речта Божја, и единството на душата со Бога преку созерцавањето и преку постојаната молитва на срцето.
—  А! внатрешната молитва е тешка работа, таа е речиси неможна за оние што живеат во светот, извика господинот;  нам ни е потребна сета помош Божја за да ја вршиме без мрзеливост редовната молитва.
— Не зборувајте вака, господине. Ако е тоа задача која ги надминува човековите сили, Бог не би им ја заповедал на сите. „Неговата сила се исполнува во слабоста" а светите Оци ни нудат средства што го олеснуваат патот кон внатрешната молитва,
— Никогаш не сум читал нешто прецизно во врска со тоа, рече господинот.
— Ако сакате, ќе ви читам извадоци од Добротољубието.
Го зедов моето Добротољубие, побарав едно место од Петар Дамаскин во третиот дел, на страницата 48, и го прочитав ова што следи:
„Човек треба да се вежба да го призива името на Господа, повеќе отколку дишењето, во секое време, на секое место и во секоја околност". Апостолот вели: „Молете се непрестајно"; со тоа тој учи дека треба да се сеќаваме на Бога во секое време, во секое место и во секоја работа. Ако произведуваш нешто, треба да мислиш на Создателот на се што постои; ако ја гледаш светлината, спомни си за Оној што ти ја дал; ако ги набљудуваш небото, земјата, морето и сето она што тие го содржат, восхитувај Му се и прослави Го Оној што ги создал; ако се покриваш со облека, мисли на Оној од Кого си ја добил и благодари Му, Нему Кој се грижи за твоето постоење. Кратко, секое движење да ти биде мотив за прославување на Господа, така ќе се молиш непрестајно и твојата душа секогаш ќе биде во радоста". Гледате колку оваа постапка е едноставна, лесна и достапна за сите оние што имаат и најмало човечко чувство.
Овој текст им се допадна многу. Господинот ме прегрна со занес, ми заблагодари, го погледна моето Добротољубие и рече:
— Треба да ја купам оваа книга; ќе ја порачам во Петроград; но, за подобро сеќавање, веднаш ќе го препишам овој извадок што го прочита, — диктирај ми.
И тој веднаш го препиша со еден убав брз ракопис. Потоа извика:
— Боже мој! Ами јас имам една икона од свети Дамаскин (веројатно тоа беше свети Јован Дамаскин).
Тој ја отвори рамката и под иконата го намести ливчето што го препиша, велејќи:
Живата реч на еден слуга Божји сместена под неговата икона често ќе ме поттикнува да го практикувам овој спасоносен совет.
Потоа отидовме на вечера. Сите беа повторно околу трпезата истовремено со нас, мажи и жени. Наква тишина и каков мир за време јадењето! По вечерата, сите, заедно со децата, ја прочитавме молитвата и ми дадоа да ја читам химната на Преслаткиот Исус.
Слугите отидоа да се одморат, а ние тројдата останавме во собата. Тогаш госпоѓата ми донесе бела кошула и чорапи. Јас се поклонив длабоко и реков:
— Госпоѓо, не можам да ги земам чорапите, никогаш не сум ги носел, ние секогаш ставаме завои.
Наскоро таа се врати со една стара жолта блуза од фино платно, што ја исече на парчиња. А господинот, откако изјави дека моите чевли не вредат веќе, ми донесе еден сосема нов чифт што тој ги носеше врз чизмите.
— Оди во оваа соба, ми рече тој; таму нема никого, ќе можеш да си ја смениш долната облека.
Отидов да се преоблечам и се вратив кај нив. Ме натераа да седнам на една столица и почнаа да ме обуваат, господинот ми ги виткаше гамашните, а госпоѓата ми ги обуваше чевлите. Во почетокот не дозволував да го прават тоа, но тие ме натераа да седнам, велејќи;
— Седи и молчи, Христос им ги миел нозете на своите ученици.
Не можев да се спротивставам и почнав да плачам, а и тие плачеа исто така.
Тогаш госпоѓата отиде кај своите деца за ноќта, а ние со господинот отидовме малку да поразговараме на чардакот. Долго време останавме бдеејќи. Бевме испружени на земјата и разговаравме. Одненадеж, тој се доближи до мене и ми рече:
— Одговори ми со чиста совест и со вистина, кој си ти? Мора да си од некое благородничко семејство, а се преправаш дека си невин. Читаш и пишуваш совршено, мислиш и зборуваш правилно; сигурно е дека не си добил воспитание од некој селанец.
— Ви зборував од чисто срце, вам и на вашата сопруга. Го раскажав моето потекло со сета вистина и никогаш не сум мислел да лажам нити да ве мамам. И со каква цел? Ова што го велам не доаѓа од мене, туку од мојот мудар и покоен старец или од Оците кај кои сум го читал; а внатрешната   молитва   која   повеќе   од   се   го просветлува моето незнаење, јао не сум ја спечалил; таа се роди во моето срце преку милоста Божја и благодарение на поуките од старецот. Секој може да направи така. Доволно е да зарониш потивко во своето срце и малку повеќе да го призиваш името на Исуса Христа, веднаш се открива внатрешната светлина, се станува јасно, и  во таа јасност се јавуваат некои тајни од Царството Божјо. А и тоа е веќе голема тајна кога човекот ја открива способиоста да се врати во себе, вистински да се запознае и тивко да плаче поради својот пад и поради својата расипана волја. Ме е многу тешко човек да мисли свето и да зборува со луѓето. Тоа е можно зашто духот и срцето постоеја пред науката и човечката мудрост. Можно  е  секогаш  духот  да  се  образува преку  науката или преку  искуството, но таму каде што нема интелигенција, никакво воспитување   не   може  да   помогне.   Факт е дека сме далеку од самите нас и дека не сакаме да се доближиме, секогаш бегаме за да не се најдеме лице влице со самите себе, ние претпочитаме дребулии пред вистината и мислиме: би сакал да имам духовен живот, да се занимавам со молитвата, но за тоа немам време, зделките и грижите ми пречат вистински да и се предадам. Но, што е поважно и попотребно, вечниот живот на осветената душа, или времениот живот на телото за кое си причинуваме толку зло? Така луѓето доаѓаат или до мудроста или до глупоста.
—  Проштевајте, мили брате, јас не зборував од проста љубопитност, туку од благонаклонетост и со христијанско чувство, и, уште повеќе, затоа што пред две години наидов на еден сосема необичен случај.
Еден ден кај нас дојде еден стар, сосема ослабен питач; имаше пасош на ослободен војник и беше толку сиромашен што одеше речиси гол; тој зборуваше малку и сосема како селанец. Го примивме во прибежиштето; по   пет дена се разболе, го пренесовме на чардакот и жена ми и јас целосно се грижевме за него. Кога беше очигледно дека ќе умре, нашиот свештеник го исповеди, го причести и му ја изврши светата тајна маслосвет. Пред  да   умре, стана, ми побара хартија и перо и настојуваше вратата да биде затворена и никој да не влегува додека го пишува својот тестамент што требаше јас да го испратам на неговиот син во Петроград. Бев вчудоневиден  кога  видов дека  пишува  совршено  и дека неговите реченици се сосема исправни елегантни и полни со нежност. Утре ќе ти го покажам тој тестамент, од него чувам еден препис. Сето тоа ме зачуди многу и, гонет од љубопитност, побарав од него да ми го раскаже своето потекло и својот живот. Тој ме заколна никому ништо да не кажувам за тоа пред неговата смрт и за славата на Бога ми го даде следниов ра-сказ:
—  Бев кнез и мошне богат; водев најраспуштен, најблескав, најраскошен живот што се може. Мојата жена беше мртва, а јас живеев со мојот син, кој беше капетан во Гардата. Една вечер, подготвувајќи се да одам на еден голем бал, силно се налутив на мојот собар; во мојата нетрпеливост, го удрив по главата и наредив да го вратат во селото. Тоа се случи вечерта, а утредента наутро, слугата умре од излив на мозокот. Но, повеќе не обрнувавме внимание на тоа па, иако жалев поради мојата суровост, сосема заборавив за таа работа. По шест недели собарот почна да ми се јавува на сон; секоја вечер доаѓаше да ми додева и да ме укорува повторувајќи непрестајно: Човеку без совест, ти ме уби! Потоа, го гледав вака и кога бев буден. Видението стана се почесто и почесто и, најпосле, тој беше скоро цело време присутен. На крајот, истовремено со него, почнав да гледам и други мртовци, луѓе што ги бев грубо навредил, жени што ги бев завел. Сите ми упатуваа прекори и повеке не ми даваа мир, така што не можев повеќе ни да спијам ни да јадам, ниту да правам што и да е; бев на крај со силите и кожата ми се лепеше за коските. Напорите на најдобрите лекари не даваа никаков резултат. Тргнав да се лекувам во странство но, по шест месечно лекување, не само што немаше никакво подобрување, туку и страшните привиденија непрестајно растеа. Ме вратија повеќе мртов отколку жив; мојата душа, пред да се раздели од телото ,таму целосно ги доживеа пеколните маки; од тогаш поверував во пеколот и дознав каков е тој. Среде овие маки, ја сфатив најпосле мојата нечесност, се покајав, се исповедив, ги ослободив сите мои слуги и дадов завет остатокот од мојот живот да го минам во најтешки работи и да се скријам во облеката на еден питач за да бидам најскромниот слуга на луѓето од најниско потекло. Туку што ја донесов оваа одлука и привиденијата престанаа. Моето измирување со Бога ми даваше толкава радост, едно такво чувство на закрепнување, што навистина не можам да го искажам. Исто така, тогаш разбрав од искуство што е рајот и како царството Божјо се развива во нашите срца. Наскоро бев наполно излекуван, почнав да го извршувам мојот план и, снабден со пасош на еден стар војник, потајно го напуштив моето родно место. Веќе петнаесет години лутам низ Сибир. Понекогаш се изнајмував кај селаните за работи според моите сили, понекогаш питав во името на Христа. А! каква среќа уживав среде овие лишувања! Какво блаженство, каков мир на совеста! Ова може да го разбере само оној кого милоста Божја го извлекла од пекол на болки за да го пренесе. во рајот Божји. При тоа, ми го предаде својот тестамент за да му го испратам на неговиот син и утредента тој умре. — Ете, од него имам една копија во Библијата која се наоѓа во мојата торба. Ако сакате да го прочитате, ќе ви го покажам. Еве го!
Го развиткав листот и прочитав: ,,Во името на Бога, прославен во Светата Троица, Отец, Син и Свети Дух. Мој најмил сине!
Еве петнаесет години како не си го видел твојот татко, но, во својата темнина, тој понекогаш примаше новости од тебе и кон тебе негуваше татковска љубов. Токму таа љубов го тера да ти ги испрати овие последни зборови за да ти служат како поука во животот.
Ти знаеш колку страдав за да го искупам мојот грешен и лесен живот; но ти не ја знаеш среќата што ми ја донесоа плодовите на покајанието за време на мојот мрачен и скитнички живот.
Умирам во мир кај мојот добротвор, кој исто така е и твој, зашто добрините направени на таткото мора да допрат и до саканиот син. Изрази му ја мојата благодарност со сите средства што ги имаш на располагање.
Оставајќи ти го мојот татковски благослов, те опоменувам да се сеќаваш на Бога и да ја слушаш твојата совест: биди добар, претпазлив и разумен; со благонаклонетост однесувај се кон твоите потчинети, не ги презирај питачите или поклониците, сеќа-вајќи се дека само лишувањето и скитничкиот живот му дозволија на твојот татко да го најде одморот во својата душа.
Молејќи Го Бога да ти ја даде својата благодат, мирно ги затворам очите, во на-дежта на вечен живот со милосрдието на Искупителот на луѓето, Исус Христос."
Ете, вака зборувавме со овој добар господин. Одненадеж, му реков:
—  Мислам дека вие честопати имате незгоди со вашето прибежиште.
—  Има толку браќа кои стануваат поклоници само од негрижа или мрзливост, и кои непристојно се однесуваат на пат, како што честопати можев да видам.
Не, таквите биле мошне ретки, одговори господинот. Ние сме имале само вистински поклоници. Но, кога немаат сериозен изглед, ние сме уште пољубезни со нив и ги чуваме некое време во прифатилиштето. Во допир со нашите сиромаси, кои се браќа Христови, честопати се поправаат и си одат со скромно и кротко срце. Неодамна имав еден таков пример. Еден трговец од нашиот град беше паднал толку ниско што го тераа со стап и никој не сакаше да му даде ни парче леб. Тој беше пијаница, силеџија, кавгаџија и, згора на се, тој крадеше. Така, еден ден дојде кај нас, теран од гладта; тој побара леб и ракија, зашто сакаше многу да пие. Го примивме љубезно и му рековме: „Оетани кај нас, ќе имаш ракија колку што ќе сакаш ,но под услов: штом ќе се напиеш, ќе одиш да си легнеш и ако направиш и најмал скандал, не само што ќе те истераме засекогаш, туку и ќе барам од судијата да те затвори поради скитање." Тој прифати и остана кај нас. Една недела, или повеќе, пиеше навистина колку што сакаше; но секогаш, според неговото ветување и затоа што се плашеше дека ќе биде лишен од алкохол, одеше да си легне на својот кревет или мирно да се издолжи на крајот од градината. Нога ќе се отрезнеше,  нашите браќа од прибежиштето му зборуваа и го опоменуваа да се воздржува барем малку. Така тој почна да пие помалку и за три месеци стана сосема трезвен. Сега работи некаде и повеќе не го јаде лебот на други. Завчера дојде да ме види.
Каква мудрост во оваа дисциплина раководена од љубовта! помислив јас, и извикав:
—  Нека е благословен Бог, чија милост дејствува во кругот на вашето живеалиште!
По сите овие разговори, задремавме малку и, кога го чувме ѕвончето за утрена, отидовме во црквата, каде веќе се наоѓаше госпоѓата со своите деца. Ја ислушавме Утрената, а потоа и Литургијата. Ние бевме во хорот заедно со господинот и со неговиот мал син, а госпоѓата и малата ќерка беа пред иконостасот за да го видат издигнувањето на Светите Дарови. Боже мој, како сите тие се молеа и какви солзи на радост лееја! Нивните лица беа толку осветлени што, гледајќи ги, почнав да плачам!
По службата, господарите, свештеникот, слугите и сите питачи седнаа заедно на трпезата; имаше околу четириесет питачи, сакати, болни и деца. Каква тишина и каков мир околу таа трпеза! Собирајќи смелост, тивко му реков на господинот:
— Во манастирите, за време јадењето се читаат житијата на светиите; и вие можете да правите така, бидејќи го имате Минејот комплетно.
Господинот се сврте кон дамата и рече:
— Вистина, Марија, треба да го воведеме тоа. Ова ќе биде одлично за сите нас. За првото јадење ќе читам јас, потоа ти, потоа нашиот свештеник, и нашите браќа секој по ред и според своето знаење.
Свештеникот престана да јаде и рече:
— Чујте, со задоволство, но да чита слуга! Јас не сум слободен ниту еден миг. Штом ќе отидам дома не знам кај да ја свртам главата, ништо друго освен зделки и грижи: ова треба, она треба; еден куп деца; добитокот по нивите; целиот ден минува со овие глупости и ни минута не ми останува за читање или учење. Се што научив во богословијата, одамна сум го заборавил.
Од овие зборови се стресов, но госпоѓата ми ја зграби раката и ми рече:
— Отецот зборува вака од скромност, секогаш се понижува самиот себе, но тој е добар и набожен човек; тој е вдовец веќе дваесет години, тој ги одгледува сите свои мали деца и, уште повеќе, мошне често служи.
Овие зборови ме потсетија на една изрека од Никита Стетатос во Добротољубието: 
,,Природата на предметите ја цениме според внатрешното расположение на душата", односно секој си формира претстава за другите според она што е самиот тој; а, понатаму, вели уште: ,,Оној што вистински се моли и сака, повеќе не ги разликува предметите, не го разликува праведникот од грешникот, туку подеднакво ги сака сите луѓе и не ги осудува, како што и Бог ги грее и им дава дожд на добрите и на лошите".
Повторно настана тишина; спроти мене седеше еден питач од прибежиштето, сосема слеп. Господинот го хранеше, му ја чистеше рибата, му ја подаваше лажицата и му сипаше да пие. Го погледнав внимателно и забележав дека, во неговата постојано полуотворена уста, јазикот постојано се движеше; се прашав дали не чита молитва и го погледнав повнимателно. На крајот од јадењето, на една старица и се слоши, таа се задушуваше и офкаше. Господинот и госпоѓата ја одведоа во нивната спална и ја положија на креветот; госпоѓата остана да ја негува, свештеникот за секој случај отиде по светите дарови, а господинот нареди да ги впрегнат коњите за да побара лекар во градот. Сите се разнесоа. Во себе чувствував глад за молитва; имав силна потреба да ја пуштам да бликне, зашто веќе два дена бев без спокојство и тишина. Во моето срце чувствував нешто како бран готов да се излее и да се рашири во сите мои членови и, бидејќи го задржував, почувствував силна болка во срцето — но благотворна болка, која ме тераше само на молитва и во тишина. Тогаш сфатиз зошто приврзаниците на постојаната молитва бегаа од светот и се криеја од сите; исто така сфатив зошто блажениот Есихиј вели дека и највозвишениот разговор е само дрдорење, ако се продолжи премногу, и се сетив на зборовите од свети Ефрем Сирин: „Еден добар разговор е сребро, но молчењето е чисто злато." Размислувајќи за сето тоа, стигнав во прифатилиштето; сите спиеја по јадењето. Се искачив на таванот, се успокоив, се одморив и малку се помолив. Иога сиромасите се разбудија, отидов да го најдам слепиот и го одведоз во градината; седнавме во еден осамен агол и почнавме да зборуваме.
—  Иажи ми, во името на Бога, и за доброто на мојата душа, дали ја читаш молитвата Исусова?
—  Веќе долго време ја повторувам непрестајно.
—  Иакво дејство чувствуваш од неа?
—  Само тоа што ни дење ни ноќе не можам без неа.
—  Иако ти ја открил Бог оваа активност? Раскажи ми го тоа детално, мили брате.
— Е, па добро, јас сум занаетчија, одовде, својот леб го заработувам како кројач, одев во другите намесништва, по селата, и шиев селски алишта. Во едно село, ми се случи да останам долго време кај еден селанец за да го облечам целото негово семејство. Еден празничен ден, кога немаше што да правам, забележав три стари книги на штичето под иконите. Ги прашав: „Има ли некој да чита кај вас?" Тие ми одговорија: „Никој, овие книги се од вујкото; тој знаеше да чита."
Зедов една од книгите, случајно ја отворив и ги прочитав следниве зборови, за кои се уште си спомнувам: „Постојаната молитва се состои во непрестајно призивање на името Господово; седнат или стоејќи, на трпеза или на работа, во секоја околност, на секое место и во секое време треба да го призиваш името Господово."
Размислив за она што бев го прочитал и заклучив дека тоа мошне добро ми одговара, така, и додека разговарав, почнав сосема тивко да ја повторувам молитвата и поради тоа бев сосема среќен. Луѓето што живееја со мене го забележаа тоа и се подбиваа со мене: ,,Да не си гаталец, што мрмориш без престанок? или, пак, правиш магии?"
За да се сокријам, престанав да ги мрдам усните и почнав да ја читам молитвата движејќи го само јазикот. Најпосле, толку свикнав на тоа, што мојот јазик ја кажува ден и ноќ и тоа ми прави добро.
Работев долго време, потоа, одненадеж, станав сосема слеп. Бидејќи сум мошне сиромашен, општината ми најде место во прибежиштето во Тоболск. Одам таму, но господарите ме задржаа овде за да ми дадат кола да отидам до таму.
—  Како се викаше книгата што си ја читал? Не беше ли тоа Добротољубието?
—  Богами ,не знам ништо. Не го погледнав насловот.
Отидов да го земам моето Добротољубие. Во четвртиот дел, ги пронајдов зборовите на патријархот Калист што тој ми ги повтори напамет и почнав да читам.
— Тоа е токму истото, извика слепиот. Читај, читај брате .зашто тоа е навистина мошне добро.
Кога дојдов на местото каде што е речено: треба да се молиш со срцето, тој ме праша што значи тоа и како се практикува. Јас му реков дека целата наука за молитвата на срцето детално е изложена во оваа книга, Добротољубието, и настојчиво побара да му го читам сето она што се однесува на неа.
—  Еве што ќе направиме, му реков јас. Кога мислиш да заминеш за Тоболск?
— Ами веднаш, ако сакаш, одговори тој. ,
— Тогаш, еве! Би сакал да си одам утре, само треба да заминеме заедно и по пат ќе ти го читам сето она што се однесува на молитвата на срцето и ќе ти покажам како да го откриеш твоето срце и да проникнеш во него.
— А колата? рече тој.
— Е! остави ја колата. Од овде до Тоболск има само сто педесет версти, ќе одиме   полека;   ќе   биде  добро  да   патуваме двајцата сами; а одејќи пеш подобро може да се чита и да се зборува за молитвата.
Така се согласивме; вечерта, господинот лично дојде да не повика на вечера и, откако јадовме, му изјавивме дека мислиме да си одиме и дека немаме потреба од кола, зашто сакаме да го читаме Добротољубието. Тогаш господинот ни рече:
—  Добротољубието многу ми се допадна; веќе го напишав писмото и ги подготвив парите и утре, одејќи во судот, ќе ги испратам во Петроград за со наредната пошта да  го добијам Добротољубието.
И така, утредента наутро, тргнавме на пат откако многу им заблагодаривме на овие добри господари за нивната љубов и за нивната примерна нежност; обајцата не придружуваа една верста и се поздравивме.

Слепиот селанец

Одевме полека со слепиот, десет до петнаесет версти на ден, а остатокот од времето, седевме во осамени места и го читавме Добротољубието. Му прочитав се што се однесуваше за молитвата на срцето, следејќи го редот што ми го посочи мојот старец, тоест почнувајќи со книгите на Никифор Монахот, на Григориј Синаит, и така по ред. Со какво внимание и со каков жар го слушаше сето тоа! Колку беше среќен и возбуден поради тоа. Потоа, тој почна да ми поставува такви прашања за молитвата што мојот ум не беше доволен да ги разреши.
Откако го сослуша моето читање, слепиот побара да му кажам некое практично средство со помошта на умот да го најде своето срце, да го воведе во него божественото име на Исуса Христа и така внатрешно да се моли со срцето. Јас му реков:
—  Секако, ти не гледаш ништо, но со умот можеш да си го претставиш она што си го видел некогаш, некој човек, предмет или еден од твоите членови, твојата рака или твојата нога; можеш ли да си го замислиш толку јасно како да го гледаш и можеш ли, иако слеп, да го упатиш кон него твојот поглед?
—  Можам, одговори слепиот.
—  Тогаш замисли си го така твоето срце, сврти ги очите како да го гледаш низ твоите гради и слушај како чука едно по друго. Нога ќе го постигнеш тоа, при секое отчукување на твоето срце, без да го загубиш од вид, присилувај се чукањето да го усогласиш со зборовите на молитвата. Односно, со првото отчукување речи или помисли: Господи, со второто: Исусе, со третото: Христе, со четвртото: смилувај се, со петтото: на мене, и оваа вежба повторувај ја често. Тоа ќе ти биде лесно, зашто си ти веќе подготвен за молитвата на срцето. Потоа, нога ќе свиннеш на оваа активност, почни во твоето срце да ја воведуваш молитвата Исусова и да направиш да излегува истовремено со издишувањето, односно вдишувајни воздух, вели или мисли: Господи Исусе Христе, а издишувајќи го: Смилувај се на мене! Ано тана правиш често и доста долго време, насноро не почувствуваш лесна болна во срцето, потоа малну во него не се роди благотворна топлила. Со помошта на Бога, на тој начин не дојдеш до постојаното дејство на молитвата во внатрешноста на срцето. Но, особено пази се од секакви мисли, од сенанви слини што се раѓаат во твојот ум додена се молиш. Отстрани ги сите замисли, зашто светите Оци, за да не паднеме во заблуда, ни заповедаат умот да го чуваме празен од сенанви форми за време молитвата.
Слепиот, ној ме слушал со внимание, ревносно вежбаше според она што му го ренов и, ноќта, на нонанот, долго време минуваше во тоа. По пет дена, тој почувствува во срцето силна топлина и неиснажлива срена; освен тоа, тој имаше голема желба да и се предаде на постојаната молитва, ноја му ја отнриваше љубовта што ја имаше за Исуса Христа. Поненогаш тој гледаше  ненаква  светлина,  но  без  да  се појави било наков предмет; кога тој прониннуваше во своето срце, му се чинеше дека гледа како од него блика светлиот пламен на една голема свеќа која, излегувајќи надвор, го осветлуваше целиот; а тој пламен му дозволуваше да види дури и оддалечени предмети, како што се случи еднаш.
Минувавме низ една шума, тој беше занесен, молчелив, во молитвата. Одненадеж, тој ми рече:
—  Наква несреќа! црнвата гори и камбанаријата туку што се урна.
—  Престани да евоцираш такви празни слики, му реков јас, тоа е искушение. Треба што посноро да отфрлиш секакво сонување. Кано можеш да го видиш она што се случува во градот? До него има уште дванаесет версти.
Тој ме послуша — и, враќајќи и се на молитвата, тој замолче. Вечерта пристигнавме во градот и навистина видов повеќе нуќи запалени и една урната намбанарија, направена од дрва; насекаде околу, луѓето дискутираа и се чудеа што камбаната паѓајќи не отепала никого. Нако што разбрав, несреќата се случила во часот кога слепиот зборуваше во шумата. Во истиот миг го слушнав како вели:
— Според тебе, моето видение беше празно, а сепак било така. Нако да не Му благодариш и да не Го сакаш Господа Исуса Христа Кој својата благодат им ја открива на грешниците, на слепите и на лудите! Ти благодарам и тебе, кој ме научи на активноста на срцето!
—  Јас му одговорив:
—  Исуса Христа, сакај Го и благодари Му, но пази се било какви виденија да ги сметаш за директни откровенија на благодатта, зашто тоа честопати се случува природно. Човековата душа не е сосема врзана за материјата. Таа може да ги гледа во мракот, и оддалечените предмети како и блиските. Но ние не ја одржуваме таа способност на душата, ние ја оптоваруваме со товарот на нашето дебело тело или со конфузијата на нашите расејани и лесни мисли. Иога ќе се концентрираме во самите себе, кога ќе се одделиме од се што не окружува и кога ќе го изостриме нашиот ум, тогаш душата целосно се враќа на самата себе, дејствува со сета своја моќ, и тоа е природно дејство. Мојот покоен старец ми рече дека и оние што не и се предаваат на молитвата, на пример, сакати или специјално надарени луѓе, кога се наоѓаат во мрачна соба, ја гледаат светлината што зрачи од секој предмет, го чувствуваат присуството  на  нивниот двојник  и  проникнуваат во туѓи мисли. Но директните последици на Божјата благодат, за време молитвата на срцето, толку се прекрасни, што ниту еден јазик не може да ги опише: не може да се споредат со ништо материјално; чувствениот свет е низок, спореден со чувства што благодатта ги буди во срцето.
Мојот слепец ги ислуша овие зборови со внимание и стана уште поскромен; молитвата непрестајно се развиваше во неговото срце и неискажливо го радуваше. Мојата душа беше среќна поради тоа и Му благодарев на Господа што ми овозможи да запознам таква набожност кај еден од Неговите слуги.
Најпосле дојдовме во Тоболск. Го одведов во прифатилиштето и, откако срдечно се поздравивме, го продолжив мојот осаменички пат.
За време од еден месец, одев полека и чувствував колку се корисни и благотворни живите примери. Често го читав Добротољубието и во него го проверував сето она што му го бев рекол на рлепиот. Неговиот пример ја разгоруваше мојата ревност, мојата преданост и мојата љубов кон Господа. Молитвата на срцето ме правеше толку среќен што мислев дека на земјата не може да постои поголема среќа од оваа, и се прашував како можаат уживањата во царството небеско да бидат поголеми од овие овде. Оваа среќа не ја осветлуваше само внатрешноста на мојата душа, туку и надворешниот свет имаше прекрасен изглед; се ме повикуваше да Го сакам и славам Бога: луѓето, дрвјата, растенијата, животните, се ми беше блиско и насекаде ја наоѓав сликата од името на Исуса Христа. Понекогаш се чувствував толку лесен што мислез дека повеќе немам тело и дека полека лебдам во воздухот; понекогаш, целосно се враќав во самиот себе. Јасно ја гледав својата внатрешност и му се вохитував на прекрасниот строеж на човечкото тело; понекогаш чувствував толку голема радост како да бев станал цар, и среде сите овие утехи посакував Бог да ми дозволи да умрам што поскоро и својата благодарност да ја излеам пред Неговите нозе, во светот на духовите.
Сигурно многу уживав во овие чувства, или, пак, Бог реши така, но по извесно време, во моето срце почувствував еден вид страв и треперење. Да не е, си реков јас, некоја нова несреќа или непријатност како онаа што ја поднесов за девојката што ја учев за молитвата Исусова во капелата? Мислите ме оптоваруваа како облаци и јас се сетив на зборовите од блажениот Јован Карпатос, кој вели дека учителот е често предаван на обесчестување и поднесува искушенија и маки за оние што им помогнал духовно. Откако се борев против овие мисли, заронив во молитвата која целосно ги истера. Се почувствував посилен и си реков: Нека биде Божја волја! Готов сум да поднесам се што ќе ми испрати Исус Христос за дати окајам мојата грубост и мојата горделивост. Впрочем, оние на кои скоро им ја открив тајната на внатрешната молитва, за неа беа подготвени со тајното дејство на Бога пред да ме сретнат. Оваа мисла сосема ме смири и јас одев во молитва и со радост, посреќен отколку порано. Два дена времето беше врнежливо и патот беше толку каллив што не можеше да се излезе од дупките; минав низ степата и, за време петнаесет версти, не најдов населено место; најпосле, вечерта, забележав една гостилница крај патот, се зарадував мислејќи дека би можел барем да се одморам и да ја минам ноќта во неа. А утре, ако Бог даде, можеби времето ќе биде поубаво.

Поштенската станица

Наближувајќи, забележав еден старец  блечен со војнички шинел; тој седеше пред гостилницата и имаше пијан изглед. Го поздравив и реков:
—  Можам ли од некого да барам дозвола овде да ја минам ноќта?
—  Кој може да те пушти да влезеш, ако не јас? извика стариот; јас сум шефот овде! Јас сум управник на станицата и овде се менуваат коњите.
—  Тогаш, дозволете ми оче, да ја минам ноќта кај вас!
—  Но, имаш ли пасош? Покажи ги твоите документи!
Му го дадов мојот пасош и, додека го држеше во рацете, почна да вика:
—  Каде е твојот пасош?
—  Го имате во рацете, одговорив јас.
— Добро, да влеземе во куќата.
Шефот на станицата  ги стави своите очила, го погледа мојот пасош и рече:
—  Сето ова ми изгледа во ред, можеш да останеш овде; гледаш, јас сум чесен човек; еве, ќе ти донесам една мала чашка.
—  Не пијам никогаш, одговорив јас.
—  О! тоа не е ништо! Тогаш, барем вечерај со нас.
Тој седна на трпеза со готвачката, една млада жена која, исто така, беше поднапиена, а и јас седнав со нив. Додека јадеа, тие не престанаа да се расправаат или да се укоруваат и, на крајот, избувна вистинска кавга. Управникот отиде да спие во собата за намирници, а готвачката остана да ги мие чиниите и лажиците, колнејќи го стариот.
Јас седев и, гледајќи дека не е готова да се смири, и реков:
—  Иаде би можел да спијам, мајко? Многу сум изморен од патот.
—  Еве, ќе ти подготвам еден кревет, добри оче. Таа намести една клупа крај онаа што беше под предниот прозорец и на неа рашири еден волнен покривач и една перница. Јас се издолжив и ги затворив очите, преправајќи се дека спијам. Уште долго време готвачката се движеше низ собата; најпосле, таа ја заврши својата работа, ја угаси светилката и се доближи до мене. Ненадејно, целиот прозорец што се наоѓаше на аголот од фасадата се урна создавајќи страшна врева: рамката, стаклата, напречните дрва, се одлета со трескот; во исто време надвор се слушаше офкање, викање и борбена врева. Жената, исплашена, побегна до средината на собата и падна на земја. Јас скокнав од мојата клупа, мислејќи дека земјата се отвора под мене. Ненадејно, видов двајца колари од поштенската кола како внесуваат еден човек сиот прекриен од крв, не му се гледаше дури ни лицето. Тоа уште повене го зголеми мојот страв. Тоа беше државен нурир ној требаше таму да ги замени ноњите. Ноларот беше ја фатил нривината и нормилото го пробило прозорецот; а бидејни пред куќата имаше дупна, нолата беше се превртела, а нурирот беше си ја ранил главата од еден остар нол што го потпираше нупот земја. Курирот побара вода и алнохол за да си ја измие раната. Тој ја натопи со ранија, потоа испи една чаша и извина:
— Коњи!
Јас се доближив и му реков:
— Кано не можете да патувате со една ваква рана?
—  Курир нема време да биде болен, одговори тој и исчезна.Ноларите ја одвленоа жената во еден агол нрај печката и ја понрија со еден чаршав, велејќи: ,,Стравот и го направил тоа". Што се однесува до управнииот на станицата, тој си сипа една мала чашна и продолжи да спие. Јас останав сам.
Насноро жената стана и почна да оди од еден агол до друг, како месечарна; најпосле таа излезе од нуната. Прочитав една молитва и, чувствувајни се сосема слаб, заспав малну пред зората.
Утрото се поздравив со управнинот на станицата и, одејни по пат, ја издигав мојата молитва со вера, надеж и благодарност кон Отецот на милоста и на секаква утеха, Ној ме спаси од неизбежна несреќа.
Шест години по овој настан, минувајќи нрај еден женски манастир, влегов во црквата да се помолам. Игуманијата ме прими љубезно по службата и нареди да ме послужат со чај. Ненадејно, најавија гости на минување; таа отиде да ги пречека и ме остави со сестрите што ја служеа. Гледајќи една од нив како снромно сипа чај, љубопитно ја прашав:
—  Има ли долго време, г/ајко, како сте во овој манастир?
—  Пет години, одговори таа; кога ме донесоа овде, мојата глава не беше повеќе моја, но Бог ми се смилува. Мајката игуманија ме зеде во нејзината ќелија и ме замонаши.
—  А како сте го загубиле умот? ја прашав јас.
—  Од страв. Работев во една поштенска станица. Една нон, додека спиев, ноњи снршија еден прозорец и од страв полудев. Цела година моите родители ме носеа по светите места. Дури овде се изленував.
Нога ги чув овие зборови, се зарадував во мојата душа и Го прославив Бога, Чија мудрост обрнува се во наша полза.

Селскиот свештеник

Имав уште многу други доживувања, реков јас, обрнувајќи му се на мојот духовен татко. Кога би сакал да раскажам се, не би биле доволни три дена. Ако сакате, ќе ви кажам уште едно.
Еден јасен летен ден, недалеку од патот забележав гробишта, или поточно речено, една парохија, тоест една црква со куќите на црковните служители и гробишта. Намбаните биеја за службата; јас брзав кон црквата. Доаѓаа, исто така, и луѓето од околината; но многумина седнуваа во тревата пред да дојдат до црквата и, гледајќи ме нако брзам, ми велеа:
— Не брзај толку, имаш доста време; овде службата е мошне бавна, свештеникот е болен, а и многу тром!
Навистина, Литургијата не течеше бргу; свештеникот млад, но блед и слаб, служеше мошне бавно, со набожност и чувство; на крајот од Литургијата изговори одлична проповед за средствата со кои се здобива љубовта на Бога.
Свештеникот ме покани да јадам кај него. За време на ручекот, му реков:
— Вие служите со голема набожност, оче, но исто така и бавно!
— Да, одговори тој, тоа не им се допаѓа на моите парохијани и тие мрморат, но нема што да се прави, зашто сакам да размислам и да измерам секој збор пред да го отпеам; лишени од ова внатрешно чувство, зборовите немаат никаква вредност за себе ни за другите. Се е во внатрешниот живот и во внимателната молитва! Ах! колку малку се занимаваме со внатрешна активност! додаде тој. Тоа е затоа што не се сака, луѓето не се грижат за внатрешната духовна просветеност.
Повторно го прашав:
—  Но како да се дојде до тоа? Тоа е мошне тешка работа!
—  Ни најмалку; за да се добие духовната просветеност и да се стане внатрешен човек, треба да се земе било кој текст од Светото писмо и врз него да се концентрира вниманието колку што е можно подолго време. На тој начин се открива светлината на интелигенцијата. За да се молиш, треба, исто така, и да работиш. Ако сакаш твојата молитва да биде чиста, права и благотворна, треба да избереш куса молитва, составена од неколку кратки, но силни збора, и да ја повторуваш долго време и често; на тој начин се засакува молитвата.
Оваа поука на свештеникот многу ми се допадна бидејќи беше практична и едноставна и во исто време длабока и мудра. Во духот му заблагодарив на Бога што ми даде можност да запознам еден вистински пастир на Неговата Црква.
На крајот од ручекот, свештеникот ми рече:
—  Оди одмори се малку, треба да ја читам Речта Божја и да ја подготвам мојата проповед за утре.
Отидов во кујната. Таму немаше никој освен една стара готвачка седната сета подгрбавена во еден агол и кашлаше. Седнав под едно прозорче, го извадив Добротољубието од торбата и почнав да читам за себе, тивко; по некое време, заклучив дека старицата што седеше во аголот непрестајно ја читаше молитвата Исусова. Бев среќен што слушам како вака се призива светото Име на Господа и и реков:
—  Колку е добро тоа, мајко, да ја читаш вака молитвата! Тоа е најдоброто и најхристијанско дело!
—  Да, одговори таа, при крајот на мојот живот, тоа е моето задоволство, нека Господ ми прости!
—  Долго ли време се молиш вака?
—  Од мојата младост, мој добар оче; и без тоа не би можела да живеам, зашто молитвата Исусова ме спаси од несреќа и од смртта.
— Како тоа? Раскажи, те молам, за славата на Бога и во чест на благотворната молитва Исусова.
Го ставив Добротољубието во мојата торба, седнав крај неа и таа го почна својот расказ:
— Бев млада и убава девојка; моите родители ме верија; спроти венчавањето, вереникот доаѓаше кај нас, ненадејно, требаше уште десет чекори да направи, кога тој умре, сиот вкочанет! Тоа толку ме исплаши, што решив да се откажам од бракот и да одам по светите Места, молејќи се на Бога. Меѓутоа, се плашев да заминам сосема сама по патиштата зашто, поради мојата младост, лошите луѓе би можеле да ме нападнат. Една стара жена која веќе долго време водеше скитнички живот ме поучи дека треба непрестајно да ја читам молитвата Исусова и силно ме увери дека таа молитва би ме запазила од секаква опасност на патот. Јас поверував на она што таа го велеше и никогаш ништо не ми се случи, дури ни во најоддалечените предели; моите родители ми даваа пари за пат. Со стареењето, станав болна и, за среќа, овдешниот свештеник ме храни и кон мене се однесува со добрина.
Со радост го слушав овој расказ и не знаев како да Му благодарам на Бога за овој ден во кој ми откри толку поучни примери. Малку подоцна, побарав благослов од овој добар и свет свештеник и го продолжив патот, сиот радостен.

На патот за Казан

И ете, пред кусо време, кога го минав намесништвото Иазан за да дојдам овде, ми беше дадено уште да ги запознам ефектите од молитвата Исусова; дури и за оние што ја практикуваат несвесно, таа е навистина најсигурното и најбрзото средство за да се дојде до духовните блага.
Една вечер, морав да се запрам во едно татарско село. Навлегувајќи во селската улица, пред една куќа забележав кола и еден колар Русин; коњите беа отспрегнати и јадеа крај колата. Сиот среќен, решив да побарам да спијам во оваа куќа каде би нашол барем христијани. Јас се доближив и го прашав коларот кого вози. Тој одговори дека неговиот господар патува од Казан за Крим. Додека зборувавме со коларот, господинот ја тргна кожената завеса од вратата, ме погледна и рече:
— Ноќта ќе ја минам овде, но јас не влегувам во куќа на Татари зашто се многу валкани, решив да спијам во колата.
По некое време, господинот излезе за да направи неколку чекори — вечерта беше убава — и така започнавме разговор.
Изменивме многу прашања и тој ми го раскажа приближно ова што следи:
— До шеесет и петтата година служев во морнарицата како капетан на брод. Стареејќи, почнав да пијам и се повлеков на Нрим на имотот од мојата жена; бев болен скоро секој ден. Мојата жена многу ги сакаше приемите, копнееше да игра карти. На крајот, и здодеа да живее со болен човек и, си отиде во Иазан кај нашата ќерка, која беше омажена за еден функционер; таа однесе се со себе, дури и домашната послуга, а за слуга ми остави едно дете од осум години, моето кумче.
Така останав сосема сам за време од три години. Моето момче беше мошне снаодливо, ми ја местеше собата, палеше огин, ја готвеше мојата каша и го подгреваше мојот самовар. Но во исто време беше многу избувлив, вистински мангуп. Трчаше, викаше, играше, насекаде тропаше и многу ме вознемируваше; поради болест и од здодевност, сакав многу да читам духовни автори. Имав една одлична книга од Григориј Палама за молитвата Исусова. Ја читав скоро непрестајно, и по малку ја читав молитвата. Тропањето на малиот ми беше мошне непријатно и никаква мерка, никаква казна не можеше да го спречи да прави глупости. Најпосле измислив едно средство; го натерав да седи во собата на една мала клупа и непрестајно да ја повторува молитвата Исусова. Во почетокот тоа воопшто не му се допадна и, за да се спаси од тоа, молчеше.
Но, за да го натерам да ја извршува мојата заповед, со себе зедов стапови. Нога ја читаше молитвата, јас читав спокојно или го слушав она што го велеше; но, штом ќе замолчеше, му ги покажував стаповите и, исплашен, повторно се враќаше на молитвата; тоа ми правеше големо добро зашто најпосле мирот почнуваше да се вселува во мојата куќа. По некое време, забележав дека стаповите не се веќе потребни, тој ја извршуваше мојата заповед со поголемо задоволство и ревност; подоцна, неговиот карактер сосема се измени; стана тивок и молчелив и многу подобро ги вршеше домашните работи. Тоа ме зарадува и му дадов поголема слобода. А резултатот? Значи, толку добро свикна на молитвата така што ја повторуваше непрестајно и без никаква принуда од моја страна. Кога му реков за тоа, ми одговори дека има несовладлива  желба да ја чита молитвата.
— А што чувствуваш ти?
— Ништо специјално, но се чувствувам добро додека ја повторувам молитвата.
— А како, добро?
— Не знам како да го објаснам тоа.
— Се чувствуваш ли весел?
— Да, се чувствувам весел.
Тој имаше дванаесет години кога изби Иримската војна. Јас заминав за Назан и го одведов со мене кај мојата ќерка. Таму, го сместивме во кујната со другите слуги, но тој беше мошне несреќен зашто тие го минуваа своето време во забава и игра меѓу себе, а исто така, и подбивајќи се со него и пречејќи му да се занимава со молитвата. По три месеци, дојде кај мене и ми рече:
— Не си одам дома; не можам да го поднесам овдешниот живот со сета оваа врева.
Јас му реков:
— Нако сакаш да одиш толку далеку сосема сам и среде зима? Чекај да заминам и ќе те земам со себе.
„Утредента, мојот дечко беше исчезнал. Пратив да го бараат насекаде, но беше неможно  да  се  најде.  Најпосле,  еден  убав ден, добив писмо од Крим; чуварите на куќата таму ми јавуваа деиа на 4 април, вториот ден од Велигден, момчето го нашле мртво во пустата куна. Беше испружен во мојата соба со сирстени раце на градите, иапата под глава и во она мало палто што си го имаше сеиогаш и со иое беше избегал. Така го погребаа во мојата градина. Примајни ја оваа вест, се зачудив поради брзината со ноја стилнал до таму. Беше заминал на 26 февруари, а го нашле на 4 април. Три илјади версти за еден месец, човен одвај би стигнал и со ноњ. Тоа се сто версти на ден. И, згора на се, со лесна облена, без пасош и пребиена пара. Да претпоставиме дена нашол иола за патот, но тоа не може да биде без интервенција Божја. Така, мојот мал слуга ги виусил плодовите на молитвата, рече господинот завршувајни, а јас, на нрајот од мојот живот, уште не сум се иначил висоно ни нолиу него.
При тоа, му реков на господинот:
—  Оваа одлична ннига од свети Григориј Палама, што сте ја чигале, јас ја знам. Но во неа се истражува особено усната молитва; вие би требале да ја читате оваа - овде, која се вина Добротољубие. Таму ие го најдете комплетното учење за молитвата Исусова во духот и во срцето.
Истовремено му го покажав моето Добротољубие. Очигледно, тој го прими мојот совет со задоволство и изјави дена не си ја набави книгата.
— Боже мој, си велев јас, канви чудни дејства на Божјата мон се отнриваат прену оваа молитва! Нолну е воспитен и длабок овој расказ; стаповите го натерале ова момче да ја научи молитвата. Тие му ја дале срената! Несрените и тагите што ги сренаваме на патот на молитвата зар не се стаповите Божји? Затоа, зошто да се плашиме нога раиата на нашиот Отец небесен ни ги поиажува? Он е полн со бесирајна љубов нон нас и неговите стапови не учат да се молиме поантивно, тие не водат нон неиснажливите радости.
Кога ги завршив овие раснази, му реков на мојот духовен отец:
— Опростете ми, во името на Бога, премногу дрдорев, а Оците изјавуваат и духовен разговор, ако се премногу продолжи, е само суета. Време е да го најдам оној што треба да ме придружува во Ерусалим. Молете се за мене, кутриот грешник, Господ во својата милост да го раководи мојот пат на добро.
—  Тоа ти го посакувам со сета своја душа, возљубен брате во Господа, одговори тој. Преизобилната благодат Божја нека ги осветлува твоите чекори и да ти биде сопатник, како ангелот Рафаил  на Товиј!

Раскази на еден поклоник - Прв расказ
Расказ на еден поклоник - Втор расказ

Раскази на еден поклоник -Трет расказ 

 

 

 

Издавач : Преспанско - пелагониска епархија

 Raskazi.korica.jpg

(Битола, 1982)

Превел: протоѓакон Јован Таковски, проф.

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная