Старец Емилијан Симонопетриски († 2019): Помоли Го Христос да влезе во твоето срце
Покажи маченички дух таму, каде што е твоето секојдневно поле: во твојот дом, при својот сопруг, при својата сопруга. Кога сопругот се прибира од работа изморен и ти зборува неучтиво, ти не се разгневувај. Кога ќе те навреди, ти премолчи. Покажи му љубов, понизност, трпение. Ако жена ти го прегори јадењето, ти не брзај да викаш, изеди го. Стави малку лимон во него, за да стане повкусно и кажи ѝ: убаво е јадењето, за да не разбере дека изгорело.