Рускиот Патријарх Кирил и Претседателот на РФ В. Путин во на Света Гора
Најпрвин, Претстојателот на Руската Православна Црква пристигна во Кареја, каде што беше торжествено пречекан од страна на Протоепистатот на Света Гора, Старец Павел Лавриот, како и од претставниците на сите Атонски манастири, мноштво монаси и поклоници. Со големи почести, а само еден ден подоцна, во Кареја беше пречекан и Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.