логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Едноставно, оставете ги кебапчињата

Честопати се случува во почетокот на некој пост да ме опфатат мрачни мисли. Иако човекот треба да е спокоен и смирен, сепак има некои нешта на кои лесно не може да се навикне. Едно од нив е „големата духовност“, која се појавува во таквите периоди во годината. И уште се сеќавам на онаа приказна, која што народот ја измислил: „Натерај го мрзеливиот да работи, за да те научи на памет“. Токму неа можеме да ја парафразираме вака: „Натерај ги денешните православни на пост, за на духовност да те научат“...


Тешко ми е да го соберам целиот букет од “мудрост“ на која што наидувам. На пример, сигурно сте слушнале оти „постот е наметнат на мирјаните од монасите“, а исто и тоа дека „не е задолжителен“, бидејќи „јадењето всушност воопшто не е важно, важен е духовниот пост, а не телесниот“, бидејќи „битно е да сакаш, а не дали јадеш скара“ и т.н. Ако на своите места ги поставиме некои од овие тврдења, тие можеби ќе се покажат како вистинити. Сепак, прашањето е каква е мотивацијата за да зборуваме за нив...


Имам еден прост предлог за постот – едноставно оставете ги кебапчињата. Престанете да јадете храна од животинско потекло. Тоа е почеток на вистинскиот пост. Не случајно е дадено тоа од отците. Тие го познавале човекот многу подобро од нас. Причината да не се јаде месо и да не се оди на гласни забави во определени периоди од годината е многу проста – тоа му помага на човекот да погледне во себе си. Му помага, ако сака да се покае, да се промени. Секој, кој што го пробал тој тежок процес на покајание, видел колку е сериозно нешто духовниот живот. Токму тогаш отпаѓаат приказните за „голема љубов“ и за тоа дека е „важно да ги сакаш сите луѓе, а не што јадеш“. Секој кој вистински се потрудил па погледне внатре во себе си, ги видел пустошите, кои што гревот ги нанел во и околу него. Разбрал колку далеку се наоѓа од Бога. Колку е далеку од секоја добродетел. И сознал дека телесниот пост е лесен, но вистински напорен е духовниот. Ако човекот не може да излезе на крај со едно кебапче, како тогаш може да тврди, дека го достигнал нај високото ниво на духовно совршенство – љубовта?


Големиот познавач на човеговата душа, св. Теофан Затворник тврди дека, надворешните пројави на благочестие без внатрешен живот се можни, но внатрешен живот без надворешни пројави е невозможен.


Современите луѓе сакаат да измислат некакво христијанство без подвиг, без покајание, без борба, без лишувања. Христијанство, кое нема аскеза, а е угодување на себе си, „христијанство на прејадување“. Христијанство, во кое воскреснуваш, без да си распнат. Православието и Евангелието, да ти послужат за убедување дека си вешт и духовно издигнат.


Едноставно, да престанеме да јадеме. Толку ли е тешко тоа? Да, знам, тешко е. Светот никогаш не јадел така, како сега. Се гуши од лакомство. И токму тоа зборува за неговото духовно ниво. Само пред 100 години, дури и помалку, народот на трпезите имаше месо само на празници. Но, на тие луѓе не им било тешко да те разберат ако им објасниш нешто за духовниот живот. Сега е друго. Понекогаш се чудам дали месото на некаков чуден начин ни ја храни гордоста...


Има една позната мисла од св. Василиј Велики, во која вели, дека човекот треба да се воздржува не само од телесна храна, но и да не го „јаде“ брата си. Честопати ми се има случено да се воздржам од блажни јадења, но нури и во тие моменти сум продолжувал да „јадам луѓе“. Си велам: „Ќе сопрам, ќе се откажам од таа штетна навика“ но после повторно продолжувам. Едно време така беше и со цигарите. Решив: „Ќе престанам“, но после повторно пушев. На крај се исправив пред иконата на Господ и му реков: „Христе, ти гледаш дека ќе умрам од цигарите, но неможам да се откажам од нив, ако не ми помогнеш, заради тоа што ми се усладија“. Неколку дена покасно, се разболем толку тешко, што неможев да пушам цела седмица. И, некако успеав да ги откажам со Божја помош. Така треба да биде и со „јадењето“ на народот. Тие исто така се слатки. Најпрвин не чувствуваш како си ги изел. Ги сакаш, но ги „јадеш“. Ги храниш, а после им велиш: „Тие се такви. Тие се виновни. Јас требаше да ја кажам вистината“. Многу е жестока таа наша „вистина“ и често нема ништо заедничко со Христовата правда.


Сте забележале ли, дека во денешно време никој за ништо не е виновен и дека сите се разбираат од сè? Освен фудбал и политика, Православието исто е популарна тема. Секој, кој што се крстил, веќе го кажува своето мислење каква треба да биде Црквата. А како што гледам дури и некрстените имаат мнение по тоа прашање. Многу ми е тешко тоа, што во луѓето не наоѓам ниту основно познавање. Се чудам на лесномисленоста, со која мнозина денес даваат одговор на сложени духовни прашања. Баш како во едно семејство да се соберени возрасните да решат некој финансиски проблем, и однекаде влегува 5 годишното им подалено дете и почнува да им објаснува што и како треба да прават. Оние пак луѓе, во кои навистина гледам духовен живот, цело време молчат, и не зборуваат за духовни теми, ако не ги принудиш да го направат тоа.


И ете всушност што треба да се прави. Црквата востановила пост. Тој, се разбира, не е задолжителен. Но во принцип, во Црквата ништо не е задолжително и сè е според човековата желба. Самото спасение може да се изврши само ако е во согласност со волјата на човекот, а не задолжително. Дел од таа желба е да се бориш со телесните страсти, односно да се подвизуваш. Дури, каков впрочем е тој подвиг да не јадеш две седмици блажно? Ако некој привлечен претставник од спротивниот пол ти каже дека си дебел/а – ќе се подложиш себе си на какви ли не лишувања заради повредената суета. Ако ти ветат напредување на работната положба, ќе останеш уште подолго време на работното место. Впрочем, тоа се едноставно човечки глупости. Семоќниот Бог ни го ветува Царството Небесно. Неможеме ли да се потрудиме малку и за Него? Има цел чин на свети луѓе, кои заблескале на Небото, а се наречени постници. Како еден од нив не кажа дека „не е важно нејадењето на месо, но само духовниот живот“, а сите го запазија и едното и другото?


Се разбира, нај напред треба да земеме благослов од исповедникот, кој најдобро знае какви се силите на човекот, какви се неговите немоќи и колку би било полезно за него да пости. Во таквото разрешување на постот од исповедникот нема ништо лошо, зашто тоа е изградено врз лично познавање, општење и смирена помисла. При мене дојде една баба на средината од Великиот пост и плачеше, заради тоа што е многу стара и нема сили да го запази целиот пост. Ми стана многу мило. Ми заприлега на стар, испитан воин, на кого му прилега заслужена почивка, но тој сеуште сака да се бори. Има и болни луѓе, кои сакаат да постат, но јас не им давам. Но тоа е едно, а сосема друго е да измислуваш философски објаснувања за љубовта кон ближниот во името на кебапчето.


Од друга страна пак, постот не е цел сама за себе. Не е работата во тоа, да не јадеш две седмици и потоа да кажеш: „Еве каков херој сум, издржав“. Некои одат на служба, застануваат пред светата Чаша и велат: „Јас треба да се причестам, затоа што постев многу дни“. Па, како после такви „херојски“ напори, Христос може да не им го даде Телото и Крвта Негова? Нејадењето не е цел. Тоа е првиот чекор во постот, чија што основа е покајанието. Нејадењето без покајание се нарекува диета. Навистина е подобро да постиш два дни со смирение и љубов, отколку во крајот на втората седмица да се правиш подвижник. Но, иако се два дни, гледајќи ја нашата немоќ, нека ни служат на смирение.


Откако човек ќе сопре да го потхранува своето тело, треба да започне да се моли повеќе. Ете, сега, освен обичните молитви, може да се чита Канонот на Пресвета Богородица. Интернетот е полн со Акатисти кон нејзини чудотворни икони. И верувам дека оној кој искрено пристапува, ќе добие озарение од неа, Божјата Мајка. Ќе може да го изедначи сопствениот живот со нејзиниот и ќе види во каква ужаснувачка огревовеност живееме сите ние. Ќе се запраша: „Моето смирение дали е како Нејзиното? Го сакам ли јас Бога така, како што Таа го сака“? Видете како го следела молчеливо дури до Крстот. „Ги сакам ли јас луѓето така, како што таа ги сака“? Таа се моли за сите луѓе, иако ние со нашите гревови го распнавме Нејзиното Чедо. Така ли правиме и ние? Одговорите на тие прашања јасно ни ги покажуваат проблемите во духовниот живот. Секому треба да му биде тешко гледајќи ја својата душа пребиена од гревот. Таков човек, кој што се кае, навистина добива полза од постот, исполнувајќи се на него зборовите на св. Симеон Богослов, дека Бог со милоста и сострадањето ги чисти, осветува и прави причестници на светлината, присоединувајќи ги кон Себе си, оние кои силно се кајат. И она што е чудно и за ангелите и за човечките умови, многу пати им го говори како на Свои блиски пријатели.

Имајте богоугоден и спасителен пост!

автор: свештеник Владимир Дојчев


извор: http://pravoslaven-sviat.org/2014/

 

30-ти ноември 2016 год.

 

Избор од фејсбук страната на:

свштеник Дејан Апостоловски

 

Друго:

Презвитер Дејан Апостоловски - Задушница (04.11.2015)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная