Првата Божествена Литургија во првиот православен манастир во Танзанија (14.02.2020)
На 10 февруари 2020 година, во првиот православен манастир во Танзанија беше отслужена првата Божествена Литургија од страна на Неговото Високопреосвештенство г. Агатоник, Митрополит на Аруша и централна Танзанија, во Кидамали, во сослужение на танзаниски свештениц и грчки јеромонаси.
Манастирската црква е посветена на светиот архангел Михаил и свети Паисиј (Величковски), бидејќи неколку манастири и парохии од епархијата Јаши донираа за изградба на црквата.