Чист вторник (28.02.2017)
Христос искушуван беше, а ѓаволот Го искушуваше, барајќи од Него камењата лебови да ги направи; на (висока) планина Го одведе, за миг сите царства да ги види. Душо, од стапицава исплаши се, отрезни се, и во секој час на Бога моли Му се.






Тропар, глас 2.
Постот е добар, ако во него се запазува мирна, кротка, послушна, смирена и сострадална расположба на духот, како и секоја друга добра расположба. Но, ѓаволот се труди на секој начин да вложи во оние што постат нешто што е спротивно на ова: да ги покаже груби, гневни, лути, горделиви, за да направи од постот да имаат повеќе штета отколку полза, но ние, „бидејќи неговите замисли не ни се познати“ (Кор. 2, 11),
На почетокот, го немавме дури ни вечниот живот како дар, туку го примивме преку простувањето што на сите ни Го подари Синот Божји на Крстот. Оттогаш, благодарение на ова простување ние постоиме, повикани да го оживуваме светот во секој миг, преку проштевањето што си го даруваме едни на други.
Ирмос: Погледнете и видете дека Јас сум Оној што во морето спасува, и во пустината израилскиот народ го наситува, и вода од каменот на луѓето им пушта, за да го понесам оној што некогаш во кал падна, и кон Мене да го привлечам, поради милоста (Моја) неискажлива.
О, Адаме, кој го вложи во тебе тој страв и кој ти рече дека си гол? – Тоа е последица на отстапувањето од Божјите заповеди. Потоа, следело изгонувањето од блаженото место и пресудата да поднесува труд, жалости и лишувања во текот на овој живот. Затоа, да се држиме што подалеку од советите на ѓаволот.Непријателот наш секогаш е готов да ни дава свои лекарства; секогаш треба да бидеме подготвени да ги одбиваме.
Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за секого што сака да влезе во него. Затоа и вели: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Матеј 6,19-21).
Таа посна атмосфера, таа единствена состојба на духот се создава пред сé преку богослужбите, преку различните литургиски промени коишто се воведуваат во литургискиот живот. Ако овие промени се разгледуваат одвоено, може да се добие впечаток дека се формално накалемени, но ако се сфатат како целина тие ни ја откриваат и ни ја соопштуваат самата суштина на постот, ни овозможуваат да ја видиме и да ја почувствуваме таа „радосна тага“, којашто претставува вистинска порака и вистински дар на постот.


На 26-ти февруари 2017 година, во Недела сиропусна, кога МПЦ-ОА го празнува споменот на преподобен Мартинијан, преподобен Симеон Мироточив, во храмот на св. Јован Крстител,во скопската населба Капиштец, старешината на храмот, отец Жарко Пејковски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По литургијата отец произнесе празнична беседа за просувањето и покајанието.






























