логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

13/26 февруари 2017 лето Господово

 20.jpg

Пристигнувајќи пред самите двери на Четириесетдневното посно патешествие, денес Црквата Божја ни го дава клучот за нив – блаженото простување. Простувањето на грешките на ближните има голема духовна вредност, зашто го уподобува човекот на милостивиот Бог. Затоа, нашиот Старец, Архимандрит Партениј, во своето вдахновено слово после денешната Света Литургија, уште еднаш нè потсети на неопходноста од простувањето, но и на длабоката суштина на постот.

14.jpg
Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Неделата на простувањето, изговорено во манастирската трпезарија


Возљубени мои браќа и сестри, еве денес, на само еден ден пред почетокот на Светиот и Велик Пост, преку Евангелието што се читаше на Светата Литургија (Матеј 6,14-21), Господ уште еднаш грижливо нè потсети на крајната цел на нашето суштествување на земјата. Нè потсети, имено, дека освен овој живот постои и друг, вечен живот, и дека единственото предназначение на тековниов живот е подготовката за идниот, собирањето духовни богатства за него. Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за секого што сака да влезе во него. Затоа и вели: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Матеј 6,19-21). Тие богатства, пак, на небото се духовните плодови: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста (сп. Гал. 5,22-23) Ако добро размислиме ќе видиме дека во сите нив лежи и простувањето. Затоа и денешното Евангелието започна со Спасителовата напомена за неопходноста од простувањето, кое е основа и за правилниот, нелицемерен, богоугоден пост. Не таков каков што во Христово време практикувале фарисеите и книжниците, кои постеле не за Бога, туку за луѓето, ловејќи ги страсно нивните пофалби. На Бога Му е угоден постот во љубов и смирение. Кога постам треба да знам дека јас сум прв меѓу грешниците. Никако не смеам да ја прифатам помислата што ми вели: „Колку си ти добар! Постиш, се подвизуваш и затоа си праведен, а не како оние, грешните што не постат“. Не! Постам бидејќи сум најгрешен од сите луѓе и ми е насушно потребно Божјото опростување. Чувствувам дека без него не можам да живеам.

Сите ние постојано и многу грешиме. Ја валкаме нашата душа, умот, телото -  најнапред со помислите, а потоа и со зборовите и делата. Затоа пристапуваме со покајание и смирение кон Господ, барајќи прошка, олеснение за нашите прегрешенија. А Господ со Неговата неизмерна милост е секогаш тука, подготвен да ни прости. Меѓутоа, како би можеле да застанеме пред Него, молејќи за опростување, а самите ние не им проштеваме на нашите ближни? Таквата молитва би била крајна навреда за Него. Токму затоа, денес Христос нè опоменува: ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите (Матеј 6,14-15) Господ ги гледа нашите срца, знае дека се тие жестоки и скаменети, па затоа и нè повикува да ги омекнеме и смилостивиме со љубов и проштевање кон оние што ни погрешиле. Не се молиме ли секојдневно така во Господовата молитва? Да побараме од Господа со духовен плач да ни даде сили за да можеме да си простиме еден на друг искрено и од срце. Со секое такво простување ние добиваме смелост да застануваме пред Бога. Да се трудиме со најголема љубов во тоа приближување до Него.На прагот сме пред Светата Четириесетница, пред таа боговдахновена подготовка за најголемиот празник во нашата света вера – Воскресението Христово, празникот што ја содржи полнотата на благодатта. Впрочем, и целиот наш живот на земјата треба да биде подготовка за нашата конечна средба со Бога. Годишниот богослужбен циклус на празници е така премудро составен, што непрестајно нè потсетува дека во текот на секоја година, ние треба неодложно да се подготвуваме за средба со Бога. Во текот на секој ден, би рекол, на секој час и секоја минута... Тоа особено силно се чувствува во времето што настапува – најдревниот и најсвет Пост. Ќе имаме можност секојдневно да ги слушаме повиците на Црквата, да ги оставиме сите дела на мракот и, преку духовни вежби, да се подготвуваме за средба со Бога. Како што војниците и атлетите, пред да излезат во борба или на натпревар, прилежно се увежбуваат, така и ние, со духовни вежби и подвизи, доаѓаме поблиску до Бога. Затоа постот е толку полезен. Дури и на првиот човек во Рајот, на нашиот прататко Адам, единствената заповед што Господ му ја дал била да пости. Со прекршувањето на таа заповест, тој се лишил од Божественото достоинство: „Од боготкаената облека се лишив, кутриот јас, откако Твојата божествена заповед ја прекршив, Господи“ (Стихира од Сиропусната недела). Новиот Адам, пак, Христос, Кој му го врати на човекот изгубеното достоинство, повторно нè повикува на пост. Затоа, ве замолувам повеќе да се каеме во текот на овој пост, да плачеме за нашите гревови, измолувајќи од Бога сили да Му угодиме.Во Светото Писмо читаме дека кога народот бил во опасност од пропаст поради отклонувањето од Божјиот закон, Господ испраќал пратеници да му укаже дека треба да пости и да се покајува. Така, во Стариот Завет читаме за Ниневијците, кај кои беше испратен пророкот Јона да ги повика на покајание. Јона се сметал за недостоен да одговори на Божјиот призив, па сакал да „избега од лицето Господово“, меѓутоа, по Божја промисла бил фрлен во морето и проголтан од големо морско животно, од кое, по три дена, бил исфрлен на суво. Тогаш Јона ја послушал Божјата заповед и отишол во Ниневија да проповеда покајание. Царот ниневиски навистина го послушал пророчкиот глас и издал царска наредба сите Ниневијци да постат строго четириесет дена и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од насилството на рацете свои (Јона 3,8). Народот, како и самиот цар ги соблекле своите меки и угодни облеки, се облекле во кострет, и се посипале со пепел во знак на скрушеност и покајание, молејќи Го Бога да ги сочува, и нив, и градот, од праведното наказание. И навистина, тоа и се случило. Ниневијците покажале плод на големо покајание и поради тоа Господ се смилувал. Но, погледнете до каде оди милоста Божја! Он секогаш прво ни укажува кога грешиме и трпеливо го чека нашето покајание. Наоѓа начин да ни соопшти дека тоа што го правиме не е добро. Со љубов и долготрпение нè повикува да се покаеме. Зашто, како што на многу места се вели, Господ не ја сака смртта на грешникот, туку сака да се поправи и да биде жив.

Изминатиов период беше доста актуелно да си разменуваме мислења за политичките (не)прилики во Македонија, па честопати констатиравме дека државата ни е во многу лоша состојба. Ете, на сите што вчера ми доаѓаа на исповед, им велев да се молат за Татковината. И добивав одговор: „Да, отец, мораме да се молиме, бидејќи навистина е многу лоша ситуацијата...“. А, сме се прашале ли зошто е така? Поради нашето непокајание. Најнапред, секако, поради моето лично непокајание, а потоа и поради непокајанието на секого од нас поединечно. Оти, тие луѓе што седат таму во Парламентот и во Владата, или, пак, што се борат да дојдат таму, а кои што ние постојано ги обвинуваме и осудуваме, не се донесени од некаде отстрана, туку се произлезени од нашето општество, одгледани се од нашите семејства. Затоа, подобро е да гледаме ние самите да не се оддаваме на страсти што живеат во нас, туку против нив да се бориме. Бидејќи кога човек ќе се оддаде на страстите, тогаш потполен мрак завладејува со него. И кога се повеќе поединци пребиваат во духовен мрак, тогаш мракот преовладува и во целото општество. Па така, ако во народот страста на среброљубието – коренот на сите зла (сп. 1. Тим. 6,10), е присутна во големи размери, тогаш неизбежно е и народните водачи да бидат обземени со неа. Затоа Господ нè повикува да се каеме, да проштеваме, да љубиме. Пред сè, да се каеме ние лично, а потоа да произнесеме и молитва за водачите. Оти и тие се дел од нас, според наша заслуга, сообразно духовниот раст на народот. Да бевме подобри, Бог сигурно ќе ни испратеше и подобри водачи.Ве замолувам, возљубени мои, барем ние кои сме свесни за силата на покајанието, да постапиме како Ниневијците, кои го послушаа Божјиот глас упатен до нив преку пророкот Јона и навистина се покајаа. Принесоа плодови достојни за покајание и Господ се смилува над нив. Најнапред ги замолувам монасите да се трудат непрестајно во покајанието, бидејќи ние кои носиме расо сме највиновни за тоа што нашето општество е такво. Ние треба да бидеме први сведоци за Христовата светлина.

Се молам Господ да ни даде вистинско покајание и нелицемерен пост. Зарем е потребна жртва да го смилостивиме нашиот Бог? Можеби треба телото прекумерно да го истоштиме? Не. Бог сака љубов; таа му е жртвата благопријатна. Да постиме со љубов, да правиме добри дела. Ги советувам Христијаните, доколку заштедат пари со постот, да им дадат на оние што имаат потреба. Сигурно меѓу нашите соседи има луѓе што не ќе можат да си дозволат празнична трпеза за Велигден. Затоа, да гледаме во овој пост да заштедиме што повеќе за нив, а не што повкусни и побогати посни јадења да готвиме. Вистинскиот пост подразбира скромна трпеза. Во денешно време, за жал, само се изнаоѓаат разни богати посни јадења, со што се губи смислата на постот. Господ да нè благослови да го поминеме постот со богоугодни дела и да го дочекаме светлото Христово Воскресение, со надеж дека големите проблеми со кои се соочуваме, ќе се разрешат. Господ да им даде сили и мудрост на оние што нè водат, и во Црквата, и во Државата!
Добри пости на сите! Амин!

 23.jpg

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная