Отец Стефан Санџакоски: Образ на кроткоста
Свети Николај присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Од голема ревност кон вистината, го удрил со рака ересијархот Ариј. Поради тоа бил отстранет од Соборот и од архиерејската служба сè додека на неколкумина водечки архипастири не им се јавиле Христос Бог и Богородица мајка за да им го објават своето благоволение спрема Николај.