О. Гаврил: „На денешниот човек му недостасува љубов. Посебно на овие простори, каде се живее во бесчуствителниот и суров натпревар за стекнување на овоземен капитал, студенило во односите и голема идвидуалност, а со тоа и осаменост, недостаток на љубов.
Изморениот човек на денешницата има потреба од некој да му ја покаже таа љубов, посебно на нашиот народ кој е како едно пресадено дрво и се бори да се привикне на новата почва и да преживее. Борбата е тешка и со големи ризици. Ако ние, како свештени лица, и служители Божји не ја сведочиме таа љубов Божја, тогаш сме го промашиле нашот позив, а да не кажам и нешто потажно - сме го промашиле и нашиот живот.“
(извадок од: Интервју: „Треба да се надминеме себеси, да си простиме и да си подадеме рака“)
10-ти април лето Господово 2016