Архимандрит Андреј Конанос: КАКВИ ЛИ ЌЕ БЕВМЕ АКО НЕ ВЕРУВАВМЕ ВО ХРИСТОС!
Сите одиме по тој пат. И јас и ти и оние кои ги гледаш и им се воодушевуваш, во тајната градина на срцето, во таинственото пространство на својата душа, секој внатрешно го понесува својот крст, се бори со себе ги гледа длабочините на своето срце, гледа како му врви животот, не што говориме со устата, кога одиме надвор, ги облекуваме нашите алишта, ги поздравуваме соседите и сите велиме: Како сте? Добро! Вие? Што има ново? Децата? Дали сите се добро?