Академик Љупчо Коцарев:1.000 години од основањето на манастирот „Свети Јован Крстител Бигорски“
Како вистински раритети во ризницата на манастирот се издвојуваат трите хартиени (графички) икони и една двострана графичка бакрорезна плоча, клише за печатење на овие икони. Оваа мала двострана бакрорезна плоча, всушност, е и единствената зачувана од времето на 19 век. Постарата графичка икона со претстава на св. Јован Крстител, патронот на манастирот, игуменот Арсениј ја нарачува во 1831 г., а изработена е од халкографот монахот Теофил на Света Гора и отпечатена во 1832 г. Иконата е реплика на постарата чудотворна икона од 17 век. З