Старец Силуан Атонски - ЗА ВОЛЈАТА БОЖЈА И ЗА СЛОБОДАТА
Кога душата целосно и се предава на волјата Божја, тогаш Самиот Господ почнува да раководи со неа. И душата учи непосредно од Бога, додека претходно беше насочувана од учители и од Писмото. Но, ретко се случува, Учител да и биде Самиот Господ, со Својата благодат на Светиот Дух. Малкумина го знаат тоа. Само оние што живеат според волјата Божја!