Оливера Ќорвезироска- 10 МАРТ: ВИНОИРАКИЈА
Секогаш кога ќе плисне ненадеен пороен дожд и кога на небото ќе се појави или само ќе ми се пристори шарен, небесен свод низ кој може да се спровре тагата и да стане радост, заборавам дека сум возрасна, дека сум некаков лингвист, некаков писател,.. ги заборавам сите зборови на светот, сите слики, освен Кашавелскиот рид во Старо Нагоричино и баба ми Тимка