логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVIT647

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ
ТИТ КОЛИАНДЕР

ПРВО ПОГЛАВЈЕ

TVIT645

            За цврста и трајна решителност
           Ако сакаш да ја спасиш својата душа и да придобиеш вечен живот, излези од зачмаеноста, осени се со крсниот знак: „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин“. Верата не се стекнува со размислување, туку со делување. Ниту зборовите а ни мудроста не нè учат за тоа што е Бог, туку искуството. За да ја проветриме просторијата, треба да го отвориме прозорецот; за да допрат до нас сончевите зраци треба да ја напуштиме куќата. Така е и со стекнувањето на дарот на верата: ниту една цел не се постигнува со удобно седење и чекање на одговор од Светите Отци. Блудниот Син нека ни послужи за пример: Па стана и отиде (Лк. 15,20).
Колку и да се тешки оковите што те врзуваат за овој свет, никогаш не е доцна. Не без причина е напишано дека Авраам имал седумдесет и пет години кога тргнал и дека наемникот што ќе дојде во единаесеттиот час ќе добие иста плата како и оној што дошол во првиот час. Ниту пак некогаш е прерано. Никогаш не е прерано да се започне со гаснење шумски пожар; зарем би сакал твојата душа да остане опустошена и изгорена?
При крштевањето, ја прими заповедта да водиш невидлива борба против непријателот на душата; започни ја таа борба веднаш. Веќе премногу одолговлекуваш; паѓаш во невнимание и духовна мрзеливост и губиш многу драгоцено време. Затоа треба да почнеш одново: дозволи да се извалка чистотата што ја прими при крштевањето.
Тогаш стани; веднаш, без двоумење. Не одложувај ја твојата намера до „вечерва“ или „утре“ или „подоцна, кога ќе завршам со она што го работам сега.“ Тоа одложување може да има фатални последици.
Во моментот кога ќе го решиш тоа во себе, со таа одлука ќе покажеш дека си го оставил стариот човек и дека си подготвен да започнеш нов живот, со нова цел и нов начин на живеење. Затоа, стани без страв и кажи: Господи, помогни ми да започнам! Во овој момент најмногу ти е потребна Божјата помош.
Држи се цврсто до својата решеност и не гледај повеќе наназад. Нека ти послужи како предупредување примерот на жената на Лот, која погледна наназад и стана солена карпа (Битие 19:26). Ти го отфрли стариот човек; тргни ја сега и лушпата што лежи на патот. Како Авраам, и ти го слушна гласот Господов: Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ќе ти ја покажам Јас! (Битие 12:1). Отсега целото твое внимание мора да биде насочено кон таа земја.

TVIT640


ВТОРО ПОГЛАВЈЕ

TVIT643
            За недостигот на човечка сила
           Светите Отци едногласно велат: прво што секогаш мора да го имаш на ум е дека никогаш и во никој случај не треба се потпираш на самиот себе. Борбата што ти претстои е исклучително тешка и целата твоја човечка сила е недоволна за да истрае во неа. Ако се потпреш на неа, веднаш ќе бидеш соборен на земја и веќе нема да имаш желба да продолжиш понатаму. Само Господ може да ти ја даде победата која толку многу ја посакуваш.
Одлуката да не се потпираш на себе си и на сопствените сили за многумина е сериозна пречка на самиот почеток. Таа пречка мора да се надмине, во спротивно нема изгледи дeка ќе продолжиш понатаму на истиот пат. Како може човек да прима совети, поуки и помош ако верува дека знае сè, дека може сè и дека воопшто не му треба совет? Ниту еден зрак светлина не продира преку таков ѕид на самодоволност. Тешко на оние, кои се мудри во своите очи и разумни пред самите себеси!, вели пророкот Исаија (Иса. 5:21), а апостол Павле предупредува: не мислете дека сте мудри; (Рим. 12:16). Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на младенците. (Мат.11:25).
Затоа, мора да се ослободиме од преголемата верба во себе. Честопати таа е толку цврсто вкоренета во нашето срце, дури и да не разбираме до кој степен таа управува со него . Токму нашиот егоизам, егоцентричност и нашето самољубие се причината за сите наши тешкотии, разочарувања и страдања на душата и телото.
Затоа, погледни се и види до која мера робуваш на желбата да си угодуваш себеси и само на себеси. Слободата ти ја ограничуваат оковите на самољубието и ти како поробен мртовец талкаш така од утро до вечер. „Сега ќе јадам“, „Сега ќе станам“, „Сега ќе го читам весникот“. Опседнат со себе си, носен од миг во миг, но штом нешто ти го попречува патот, незадоволството се разгорува и расте во тебе.
Ако нурнеш во длабочините на сопствената совест, ќе наидеш на истата сцена. Таа лесно може да се препознае по непријатното чувство што те погодува кога некој ти противречи. Тоа е суштината на ропството во кое ние живееме, а каде што е Духот Господов, таму има слобода. (2. Кор. 3:17). Може ли нешто добро да излезе од постојаното кружење околу сопственото јас? Нели Господ ни заповеда да го сакаме ближниот како себеси, но пред сè да го љубиме Господ Бог? Но, дали го правиме тоа? Зарем нашите мисли постојано не се занимаваат само со сопствената среќа?
Биди сигурен дека ништо добро не може да произлезе од тебе самиот. Ако пак случајно, во тебе се роди несебична мисла, можеш да бидеш сигурен дека таа не доаѓа од тебе, туку од самиот Извор на добрината и како таква ти е дадена: таквата мисла е дар од Животодавецот. Исто така, способноста да се спроведе добра мисла во добро дело не е твоја, туку е одозгора, дарувана од Света Троица.

 TVIT644

ТРЕТО ПОГЛАВЈЕ


             За градината на срцето
            Новиот живот што штотуку го започна често се споредува со градина. Почвата што градинарот ја обработува е дар од Бога, исто како и семето, топлината на сонцето, дождот и енергијата потребна за растење на растението. Сепак, самата работа во градината му е доверена на градинарот.
Ако земјоделецот сака богата жетва, мора рано да сее и доцна да жнее, да плеви, да проветрува, да наводнува и да прска, бидејќи обработувањето на земјата е проследено со многу опасности кои ја загрозуваат жетвата. Мора постојано да работи, постојано да набљудува, да биде постојано на штрек, секогаш подготвен; но жетвата на крајот зависи од природните услови, односно од Бога. Градината што почнавме да ја обработуваме и чуваме е ливадата на нашето срце, а жетвата - вечниот живот.
Вечен, бидејќи е независен од времето и од просторот, како и од сите други услови; тоа е вистински слободен живот, живот на љубов, благодат и светлина во кој не постојат природни граници и токму поради тоа е вечен. Тоа е животот духовен, во една целосно духовна рамнина: состојба на битисување. Тој започнува овде, во овој живот, и нема крај, и ниедна сила на овој свет не може да го изнуди; може да се најде единствено во човечкото срце.
Осудувај се себеси, вели свети Исак Сирин и непријателот ќе се повлече штом ќе се приближиш. Помири се со себе, и небото и земјата ќе помират со тебе. Обиди се да влезеш во скриената одаја на твоето срце и ќе ја видиш небесната одаја, бидејќи таа е една и иста одаја, кога ќе влезеш во едната ќе ги видиш и двете. Скалите што водат кон Царството се во тебе, скриени во твојата душа. Отфрли го товарот на гревот и во себе ќе видиш нагорен пат кој ќе ти овозможи да се искачуваш.
Небесната одаја за која зборува овој светител е друго име за вечниот живот. Се нарекува и Царство Небесно, Царство Божјо или едноставно: Христос. Да се живее во Христа значи да се живее во вечниот живот.

TVIT642

TVIT641

Продолжува


За Преминпортал подготвил С.Стефковски

17.06.2023 лето Господово

 

Друго:

 ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ- ЗА НЕДОСТИГОТ НА ЧОВЕЧКАТА СИЛА

19042009

 Патот на подвижникот (За тмурните времиња)

 

ТИТ КОЛИАНДЕР - О ИСУСОВОЈ МОЛИТВИ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная