Во 16 недела по Педесетница кога го празнуваме и празникот на Воздвижение на Чесниот Крст во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света воскресна богослужба.
Со Величание на Чесниот крст беа пеени богослужните стихови и верниот народ се поклони на Животворниот Чесен Крст Христов. На литургијата многуброен народ, дечиња, мажи и жени пристапи да се соедини со Пречистите Тајни, крвта и телото на нашиот Господ Исус Христос!
На 27ти септември2020 година, во шеснаесетата недела по Педесетница, кога соборната црква молитвено го прослави споменот на Воздвижение на Чесниот Крст, свештеникот Димоски Александар отслужи Божествена Литургија. На Божествената Литургија, верниот народ пристапи кон Исуса, лeбот на вeчниoт живoт, на вистинскиoт и нeминлив живoт, најблагиот лeб, Кој нè храни сo Сeбe си.
Околината надвор од домот, претставува можност за човечка интеракција,но не служи за оваа цел (т.е. не можеме преку неа доволно да се спознаеме себеси). Кога се среќавате со луѓе кои што не ги познавате, човекот најчесто го прикрива своето внатрешно настроение, го чува за себе и се обидува пред другите да изгледа добро. Човекот се срами од тоа што другите можат да мислат за него, се срами од јавното мислење и затоа не ја покажува неговата вистинска природа.
Ние честопати гледаме големи и значајни личности како восхитувачки сакаат да молчат, како се скржави на јазикот. Ти друго размислуваат. Размислуваат полека. И скржаво, скржаво зборуваат. Што повеќе се едуцирани тие големи луѓе, толку повеќе сакаат да молчат. Неможеш од нив да извлечеш подробен и по опширен одговор, бидејќи тоа се луѓе кои живеат духовен живот, луѓе со огромно искуство кои сакаат да се спасат или сфаќаат дека Бог е секадеприсутен.
Непокорливоста на македонскиот народ е всушност објаснета преку симболиката на пирејот, а дел од мудрите изреки кои може да се најдат во романот се:
„Некогаш не те сака Господ или намерно те остава за да се мачиш.“
„Лошото време го прават лошите луѓе.“
„Стравот е страшен само за оние што му се плашат.“
Со векови на денот на Воздвижението, односно Воздигнувањето на Чесниот Крст, архијереите, стоејќи среде црквата, окружени од мноштвото свештеници, го издигале Крстот високо над главите на соборот на верни, додека хорот во тоа време громогласно пеел „Господи, помилуј!” Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…”
Духовното поклонување на Крстот е покорност на Божјата промисла, тоа е трпение во тагите и искушенијата, во она што претставува крст на нашиот земјен живот.
Духовното поклонување на Крстот е желба човекот да ги олесни маките на другите, да го земе на себе нивниот дел, нивните немоќи и болести, како што Господ на Крстот ги зел на Себе нашите гревови и страдања.
„Христос ни предлага модел во кој преку учество во Крстот Негов ќе воскреснеме духовно – уште сега, а потоа и телесно. Овој свет ни наметнува модел во кој преку учество во неговите уживања ќе умреме духовно – уште сега, а потоа и телесно. Христос ни предлага затоа што не сака да ја наруши нашата слобода, а светот ни наметнува затоа што веќе ја нарушил нашата слобода.“
Самиот чин на прекрстување, односно изобразување на Крстот е еден вид на прозба, молба за благослов Божји. Го следиме овој редослед, за да го одразиме давањето благослов од страна на свештеникот. Самиот свештеник, кога благословува, тоа го прави од лево надесно. Оттука, самите верници, за да го одразат свештеничкиот благослов, кој е благослов на Црквата, односно на Христа, истото го прават оддесно налево.
На тебе адот се натакна,
На тебе страстите се распнаа,
На тебе душата се подига,
На тебе умот слободно делува.
Крсту од искона предвиден,
Жезол Аронов умудрен,
Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали нашето страдање е сведоштво на Крстот Христов во овој свет или тоа страдање е празно самопромовирање и суета? И, дали од тоа страдање ја црпиме несоздадената енергија на Преобразувањето и Воскресението, или само предвкусот на смртта? Вистинско почитување и поклонување на Крстот значи вистинско сведоштво на Крстот Христов.
Во овој живот има. Што да правам? Прегрни ја болката, целивај го крстот, држи го својот венец, гордост, украс и убавина и моли Го Христа да ти ја открие Неговата тајна. Зошто се случуваат сите овие работи? Па, кога ќе се изнемоштиш, ќе се наведнеш. Ќе паднеш на колена. Господ тргнал на Голгота и во еден момент паднал на колена. И ти ќе паднеш на колена...
Меѓутоа, во сета негова внатрешна агонија, тие се и неговиот потсетник дека нема време за тага, нема време за прашања и испитувања, туку за дела на љубовта. Тие треба да се прават до крај, оти само тие можат да го украсат човечкиот живот со вистинска среќа и неговиот крај со нов порадосен почеток. И уште повеќе, во безграничниот простор на нашиот дух, на нашиот внатрешен човек, тие се реална средба со Бог Кој е Вистина - средба која својата полнота ја доживува во вечноста. Затоа, пред самиот залез на неговиот живот, во мигот кога
Во присуство на претставници на највисокото црковно и државно началство, на културниот, научниот и општествениот живот, Филхармонијата изведе достоен за секаква пофалба концерт на стари македонски изворни композиции, во кои се воспеваат верата и љубовта кон Бога и кон Татковината, подготвеноста на пожртвуваност за нив, како и стремежот кон убавото и возвишеното. Среде присутните гости, ова торжество го проследија во живо: Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан, Претседателот г. Стево Пендаровски, членови на Светиот Синод на МПЦ-ОА, членови од Владата, свештеници, монаси и монахињи,
Кога пророкот Давид тешко згрешил пред Бога, барал жртва достојна за откуп според големината на својот грев. И не нашол друга подобра жртва од смирението, понизноста и покајното срце (Псал.50,17). Ако се смириме и ние, го понизиме нашето срце и искрено се исповедаме, не е можно да не ги почувствуваме последиците од покајанието, од кои најлесно се чувствуваат слаткиот мир на совеста и пламената обновена љубов кон Бог, која го тера срцето да грее од среќа.
Против мрачните сили не се бориме со колачиња и со алва, туку со солзи, душевна болка до смрт, крајно смирение, големо трпение и непрестајна молитва“. Нашата надеж, издвоена, нема да ни користи, како што ни нашата вера, ако не е покриена со љубов (1 Кор. 13), љубов кон Бога, љубов кон ближните, и сето тоа покриено со Љубовта која се излева врз нас како благодатни енергии, со што повторно, во еден заклучок, можеме, напросто во едноставност, да согледаме, како што вели светителот за надежта, која е израз на верата, насочена кон љубовта, „земјоделецот ја ора нивата, ја чисти, ја сее и чека милост Божја.