Литургија на претходно осветени дарови- Втор ден на Мироварение, Скопје (19.04.2022)
По завршетокот на Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, Митрополитот г. Агатангел и поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, се упатија во параклисот при Соборниот храм, кадешто се извршува варењето на Светото миро. Таму, архијереите, прочитаа зачала од Евангелието, по што во котелот во којшто се извршува Мироварението беа додадени маслата со темјанот, смирната и мастикосот.