·
💒➕💒 Молитва кон светиот великомаченик Димитриј!
О, Божји угодниче Свети Димитриј мироточив Солунски Чудотворец, моли Го Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител за нас грешните и неблагодарни луѓе, за здравје и спасение на душите наши. Да ни дарува Христос Бог, духовна мудрост, просветен ум и разум, срце храбро и чисто да создаде во нас и вистинскиот дух да го обнови во нас. По твоите молитви, Бог да го ублажи Својот праведен гнев, па по Својата милост и човекољубие, да ни ги прости сите наши гревови, на нашите родители и некои роднини наши, кои сме ги извршиле во деновите на нашиот живот сѐ до овој час: со помисла, збор или дело и со сите наши сетила душевни и телесни, волни и неволни, направени свесно или несвесно, за кои си спомнуваме или не си спомнуваме; поради коишто, нашиот Бог ги казнува децата наши, па сите ние заедно страдаме од безброј душевни и телесни болести; и по милоста Своја, да нѐ избави од ѓаволските мрежи што ги плете лукавиот сатана околу нас, за навек. Човекољубивиот Бог и Спасител наш, по Своето милосрдие да го всади коренот на добрината и стравот Божји во нашите срца, духот на кроткоста и смирението, духот на љубовта и трпението, духот на незлобието и братољубието и духот за грижа за нашето и спасението на ближниот, за да можеме од нас да ги отстраниме секое паѓање во грев, сите наши непотребни грижи, лоши мисли и помисли, кои нѐ осквернуваат и ни го расипуваат животот и односите со ближните, како би можеме да престанеме да се напаѓаме еден со друг и да си простиме еден на друг, и така помирени взаемно опростени двократно да Го восфалуваме и да Му служиме на нашиот заеднички Господ Бог Исус Христос и да бидеме Негови верни слуги.
Непрестајно моли Го Христа Бога, да го сочува мирот во нашата татковина и мир да завладее во целиот свет, да го сочува единството во Црквата наша од ереси и расколи; да ни подари снага и сила за да им оддолееме на видливите и невидливите непријателски напади. Моли Го Исуса, верните да ги утврди во верата а заблудените и оние што отстапиле од Црквата, да ги обрати на вистинскиот пат на покајанието на своите гревови и исповед, и да успеваме во духовниот живот, во секое добро и на Бога угодно дело, да ги исполнуваме Божјите заповеди и да се поучуваме во законот Божји; упатувај нѐ на патот на покајанието, та преку секојдневни молитви и покачен плач обилно да пролеваме солзи за да ги измиеме гревовите наши. Води нѐ по патот на спасението, за да можеме со твоето застапништво и помош да ги достигнеме Божјата правда и Царството Небесно.
Сесрдно те молиме, да ни помагаш, добро да се подготвиме на овој свет и да се очистиме од сите гревови и страсти, и од сета наша нечистотија; да ни даде добар христијански крај на нашиот живот, без болки, и непосрамен и добар одговор да дадеме на страшниот Христов Суд, кога ќе дојде да ни суди со Своите ангели; да се смилува на нас и да ги спаси душите наши и да нѐ удостои да стоиме од десната страна со сите светии во делот на спасените, да ни подари вечен живот и да нѐ прими во Царството Небесно, каде постојано блеска Вечната Светлината од Лицето Божјо, и таму со тебе заедно, Пресвета Богородица и сите Светии, да Го славиме и прославуваме нашиот Господ Бог Исус Христос, Кому Му прилега секаква чест, слава и поклонение, со Неговиот беспочетен Отец и Пресветиот, Благ и Животворен Дух Негов, постојано, и сега и секогаш и во вечни векови.
Амин!➕
Животот е борба
Snezana Todorova ·