Св. Јован Златоуст: Во окови Христа ради
Кој има љубов за Христа, се радува на секое страдање заради Христа. Затоа, ништо не е така славно како што се оковите заради Христа. Да се биде затворник и роб заради Христа пославно е одколку да се биде апостол или учител или евангелист. Кој Го љуби Христа ќе ги разбере овие зборови. Кој гори за Господа и копнее по Него, ја знае силата на оковите.