Скопје, 08.12.2018 год.- Соборен храм на св.Климент Охридски
На 8-ми декември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Свети Климент, архиепископ Охридски
- Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски
На 8- ми декември 2018 година, на празникот на св.Климент Охридски, молитвениот закрилник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во соборниот храмот на светителот, во Скопје,се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која покрај бројниот верен народ присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија Н.Е. Сergej Баздникин и проф. д-р Велимир Стојковски.
Со Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел,Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, Епископот Полјански г. Јаков заедно со многубројно свештенство и ѓаконство.Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата слово за значењето на патронот на македонскиот народ и црква, свети Климен Охридски, произнесе Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- „РЕЛИГИЈА и ПОЛИТИКА“ – голема научна дебата на 13.12.2018 г.
- † СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ И СВ. КЛИМЕНТ ПАПА РИМСКИ
Митрополитот Тетовско-гостиварски: „...И секогаш кога се вдлабочуваме во личноста и делото на овој наш просветител се прашуваме: Што повеќе кај него нè импресионира – дали како мисионер, просветител, учител, книжевник или, пак, архиереј?! И не мораме премногу да размислуваме – во сето ова напоменатото – го имаме свети Климент во полнотата. Но, најмногу од сè, меѓу ова, многумина од нас го чувствуваме како отец – како духовен татко, како мил и предан архиереј за своето стадо. Тој никогаш не одбивал да поучи, да служи, да се предаде целиот на својот и нашиот Господ, да помогне на своето стадо и на своите ближни, на своите чеда. Не му било одменост да ја слушне маката на своите чеда, да се најде на нивното ниво и меѓу обичниот човек, да им стане слуга за да ги придобие сите за Господа...“