ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО (3)
Значи, треба да се стремиме кон почесто причестување, но подготвени. Рековме, целиот наш живот треба да биде подготовка за тоа. Оние што живеат под духовно раководство: се трудат да живеат според Божјите заповеди, ги пазат постите, го исполнуваат молитвеното правило, го читаат редовно Светото писмо, се исповедаат и имаат благослов од духовникот, можат редовно да пристапуваат кон Причеста. И причестувањето да биде дел од еден нормален животен ритам.