Првото литургиско заедничарење и осветување на куполните Крстови и црковното Ѕвоно во Населба Рача - Охрид
На 29ти јули 2020 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светеномаченик Атиноген и маченица Јулијана, во Воведенскиот храм во охридската населба Рача, ереј Сашо Ристески во сослужение на ереј Александар Димоски и презвитер Димче Азески отслужија Божествена Литургија, за соединување со Хиста преку путирот од кој живот исходи.