Архимандрит Захариј од Есекс: Духовното раководство како служба на помирување меѓу човекот и Бог – I дел
Во Стариот Завет, Христос е пророчки најавен како „Отец на идниот век“ (Ис 9,6) од Неговите неизглаголиви „наследници“ (Ис 53, 8). /Кој може да зборува за Неговите наследници, не само за Неговите небесни, туку и за Неговите земни наследници? / Преку Неговите неискажливи „наследници“, Тој дојде и ни зборуваше за творечките и животодавни слова на Неговиот Отец (сп. Jн 6, 63). Уште повеќе: „како јагне Тој беше одведен на колење“ (Ис 53, Дела 8, 32) и со Својата крв си „очисти“ нов „избран народ“