ПАРАСТОС ПО ПОВОД 200 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДИЧО ЗОГРАФ
Свеченото одбележување заврши со парастос во храмот „Св. Петар и Павле“ во родното село на Дичо - Тресонче, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј, свештеникот Ѓорѓи Блажевски и ероѓаконот Анатолиј. На Парастосот присуствуваа и учесниците на Симпозиумот, кои потоа го посетија манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, како и манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“.