Поплака (15.08.2018)
Магнет ли сум јас за камењата
Или ги привлекувам туѓите мислења –
Вага ли сум за сечија тежина
Јас кој не можам да ја носам својата сопствена.
Магнет ли сум јас за камењата
Или ги привлекувам туѓите мислења –
Вага ли сум за сечија тежина
Јас кој не можам да ја носам својата сопствена.
Ете, се јави пресветото Дрво – крепката надеж на верните, избавувањето од клетвата, радоста на народите се положува пред нас, изобличувајќи го началникот на темнината. Верни, со радост да му се поклониме.
Во присуство на повеќе од 350 верници – планинари, алпинисти, спортисти и вљубеници во православната богослужба и во природните убавини, имавме една прекрасна можност, заедно со сите нив да Му ги произнесеме на нашиот Господ своите молби и топлото душевно расположение. Оти, навистина голем е подвигот човек да се искачи на овој чудесен по својата убавина врв и таму,
Поминаа многу векови откако лукавиот демон, преку нашата прамајка Ева, го наведе Адама, нашиот праотец, на прекршување на Божјата заповед, а преку тоа и севкупниот човечки род падна во грев и ја изгуби првоначалната убавина. Светите апостоли зборуваат дека од тој грев не страда само природата, туку и сè воопшто создадено.
Сe раскажува какo eднo мoмчe рeшилo да му служи на eдeн мнoгу чудeн старeц самo Бoг да му ги oпрoсти грeвoвитe. Вo најтeшка служба издржал 12 гoдини и сe прeтставил прeд Бoга. Нeкoј гoлeм духoвник ја видeл душата на мoмчeтo вo Рајoт кадe штo сe мoли на Бoга за oнoј лoшиoт старeц: “Гoспoди, какo штo си сe смилувал кoн мeнe заради нeгo, смилувај сe и на нeгo спoрeд Твoјата...
Нo, акo знаeтe, и, акo нe знаeтe, впeрeтe гo свoјoт ум кoн Гoспoда, oградeтe сe сo знакoт на крстoт, пoвикајтe ја на пoмoш свeтата Прeчиста какo и Бoжјитe угoдници, а пoсeбнo свoјoт ангeл-чувар и нe плашeтe сe. Притoа сeкoгаш прашувајтe ја Црквата, и таа какo мнoгуискусна и прoтив ситe лаги пoбeдoнoсна, ќe ви ја кажe вистината. Бидeјќи виe стe oд вчeра, а Црквата e oд мнoгу oдамна.
Така, секоја твар има свој сопствен глас, и кога ветерот ќе дувне, тогаш настанува хармонично и таинствено славење на Бога. Што да кажеме за ползачите, или за крилестите птици? Кога еден светител го пратил својот послушник да им каже на жабите да замолчат за да ја довршат Полуноќницата, тие му одговориле: Чекајте малку, најпрво ние да ја довршиме Утрената Богослужба."
Гoлeма e жртвата да сe oстави свoјата таткoвина и дoбрoвoлнo да сe живee вo туѓина заради кoрист на свoитe ближни. Нo кoлку e пoгoлeма жртвата да сe oстави свoјoт ум и пoстoјанo да сe прeправа прeд луѓeтo какo бeзумeн! Зарeм бeзумиeтo нe e најгoлeма туѓина? И да сe живee вo таа страшна туѓина гoдини и гoдини и тoа сè заради пoлза на свoитe ближни.
Ако народот е оддалечен од Бога, од покајанието , од недоволната молитвеност, од недоволното литургиско познание на нашата вера,а верата наша е сосредоточена најмногу во Литургијата, тогаш неможат да се изнедрат добри пастири.
Христос Господ не забранил помислите да се прикрадуваат во нашето срце, за да може едните како омразени на срцето веднаш да бидат истребени, а другите, како омилени, да останат. Со тоа се покажува и благодатта Христова и волјата човекова, т.е. неговата љубов – или кон подвигот заради благодатта или кон помислите заради самоугодување...
„Царството Божјо е внатре во вас“ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нè учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него...
Кој ли ме разбуди во ноќва?
Кој ли немир се спушти над мојата глава сонлива
Дали е тоа заборавен грев
Несознаен во моето срце
Или е тоа голем змев
Чиј здив треба да ме заплаши.
Jас ништо не одобрувам и не обвинувам, ми стои нешто во грлото, својата нечистотија. Ако го исчистам светот за мала дамка од себе, на светот тоа му е доволно. Спаси се себеси и доволно е тоа од тебе.
Многу поклоници одат кај моштите на Серафим Саровски во надеж да се излечат од страшни болести. Од запишаните случаеви на исцелување во манастирот создадоа архива на чудеса. Ние ви цитираме само мал дел.
- Серафим помага дури и кај онколошките болести- вели раководителката на манастирот,
Вие тагувате кога другите не се добри, а би требало да се предадете на молитвата за со помош на Божјата благодат да дојдете до посакуваната цел. Вие укажувате на доброто потпирајќи се на својата мудрост, а тоа всушност, и не е толку правилно. Тајната е во нешто друго. Тајната не е во она што ќе им го кажеме или што ќе ги посоветуваме другите.
Еднаш преподобен Партениј се најде во Крусона, и таму еден овчар побара од него да го благослови неговото стадо од овци и кози. Старецот се согласи и отиде во мандрата, каде што беа собрани животните и со чудотворниот крст за благословување што го носеше секогаш со себе, го благослови стадото, кажувајќи разни молитви.
Потоа легнав и заспав на земјениот под од мојата куќарка. Додека заспивав, почувстував голема радост во моето срце. Истовремено чув чекори покрај вратата. Станав. Видов дека жена ми е во креветот. Излегов надвор. Таму наидов на еден блескав младич.
Се изненадив. Се стресов. Сфатив дека тоа беше светиот Пантелејмон.
Еднаш си реков: „Боже мој, Те молам, направи така да се промени животот на сите мои пријатели и на луѓето кои го слушаат радио емитувањето“. И Бог вели: „Не разбрав! Односно ти сакаш да не се научат да одат сами? И да добиваат сѐ на готово? Ќе чекорат на нивните нозе, Јас ќе им подадам рака, ќе ги подигнам да одат. И грешки ќе направат, но треба да се борат во својот живот…“
Уште повеќе, преподобниот Јован Лествичник ни вели: „Со раката на смирението отфрлај ја радоста која доаѓа, како недостоен за неа, за да не би се соблазнил од неа и да не би го зел волкот за свој пастир“. Таа мисла, на различни начини, ја искажуваат сите свети отци.
Ние имаме право само да кажеме: „Нека Господ те спаси, нека те сочува Господ, нека ти помогне Бог, и јас верувам во тебе, за сé што си постигнал јас сум задоволен, што ти донесе самостојно решение, но беше потребно да се посоветуваш со мене... и сé во таков дух (позитивен).“