На Мајката
Цвет не можам да донесам
зошто таква градина немам,
која послана може да биде
од мириси кои срце не ги виде.
Цвет не можам да донесам
зошто таква градина немам,
која послана може да биде
од мириси кои срце не ги виде.
Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански идентитет – го зајакнува својот национален идентитет.
Не можат да се разберат меѓу себе оној што се поистоветува со партија, држава и нација, со оној што негува пастирски однос кон партиите, државата и нацијата.
Исихастичкиот карактер на иконографијата постоел и пред исихастичките спорови од 14-от век, затоа што тој е дијахронична реалност на сите фази од развојот на црковната историја. Исихастичките спорови биле само повод за богословието на св. Григориј Палама за нестворената светлина, кое било изобразено на иконите. На тој начин, св. Григориј Палама, како и сите поборници на исихазмот ни помагаат подлабоко да го сфатиме претпостоечкиот исихастички карактер на иконите.
Постојат моменти во нашиот живот што имаат посебно значење. Ако се важни тие моменти зашто треба да ги искористиме за нашето спасение, тогаш толку се важни и овие кои му претстојат на нашето братсво. Сите увидуваме дека се судбоносни и дека нашите одлуки треба да бидат во согласност со светата волја Господова.
Го молиме Бога да нè просветли, и вас- за да го прифатите сето она што е за вашето спасение; и мене, за да ви го кажам во овој момент она што е
На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов треба да го победиме. Затоа во овие моменти на криза на целокупното општество ширум светот, ние не треба во никој случај да дозволиме да паднеме во очајание и безнадежност, туку треба постојано да Му благодариме на Бога ...
Богородица Марија. Име на возвишеност и светост; име на Божествена убавина, „радост за сите народи“, „Служителка на светата радост!“ Колку и да се големи искушенијата што ги врвиме; колку и да се длабоки и бурни брановите што се закануваат да нè потопат и удават; колку и да се тешки маките што нè притискаат; колку и да се големи тагите и жалостите што нè гушат – секогаш последниот збор го има Мајката Христова, Мајката наша, Утешителката на децата
Лесно е да кажеш - љубов. Но, колку само подвиг треба за да ја стекнеш вистинската љубов. Таа нѐ завидува, нѐ суди, не се срди, на сѐ се надева, во сѐ верува. Таква е љубовта. Оти ако завидуваш, ако сѐ срдиш, како можеш да имаш нешто заедничко со Бога? Ако постојано судиш или завидуваш, како ќе живееш во просторот на љубовта? Таа ќе те гори, ќе те пече, ќе те измачува!
„Од каде да почнам да ги оплакувам делата на бедниот живот мој? И што да поставам за почеток на плачот мој сегашен, Христе? Но Ти, како Благоутробен, дај ми прошка на прегрешенијата“ – започнува молитвениот плач на Свети Андреј, чиишто зборови неизоставно оставаат печат во сечија душа. И така, се редат непрестајно, примери и поуки од Стариот и Новиот Завет, проткаени со неопислив дух на покајание и скрушеност.
Затоа скрушено стоиме и со цврста надеж се молиме: Погледни Боже, на Твоето создание, кое со склоност кон гревот се роди и многу години не престана да греши, та по молитвите на Светиот отец наш Андреј Критски и по застапништвото на Преподобната мајка Марија Египетска, дај ни да се поклониме на Твоите неискажливи страдања и да се покажеме учесници во Твоето славно Воскресение од мртвите. Амин.
Општо земено, кога човекот е глув за верата, не е надарен за мистично чувство или, пак, е скептички настроен спрема религиозно-филозофската проблематика, тој може да биде подеднакво оддалечен и од Христа и од Неговиот антипод. Кога човекот е религиозен, па дури и кога е религиозно надарен и образован, него од Христа до антихриста, со тек на времето, може да го дели само еден чекор, доколку самиот е исполнет со гордост, желба за слава и властољубие.
Во еден манастир имало еден калуѓер, кој бил клучар и им давал вино на другите браќа. Тој имал голема љубов кон света Богородица и никогаш не го оставал црковното пеење. Многу се трудел во монашкиот живот, но и пиел многу вино.
Еднаш, по вечера, се напил добро и легнал да спие. Утредента кога ја чул камбаната за утрена, станал да оди в црква, но од главоболие не можел да оди. По патот му се јавил ѓаволот во вид на бик и сакал
- Разбрав! Прво ќе бомбардира авијацијата и потоа ќе се случи нападот! Значи, ќе одам горе и ќе ви донесам вести!… Некои луѓе, дури и постари, доколку лекарот им каже: „ќе умреш“ или: „педесет проценти е надежта да преживееш“, се секираат. Сакаат да живеат. Што ќе постигнат? Се чудам! Доколку некој е млад, на некој начин тоа е оправдано; но, еден остарен човек да прави обиди за да живее, тоа не го разбирам. Друго е да зема терапија, за некако да може да ја издржи болката.
Богослужбите не се забрануваат ниту некогаш треба да престанат. Тие се стожерот на живата црква и вера. Мерките, пак, не се репресија врз верата и догмите,туку се превентивен систем наменет за верниците и клириците. Вака директорот на Комисијата за односи со верските заедници во интервју за весникот ВЕЧЕР одговара на прашањето дали со владините мерки за справување со пандемијата на коронавирусот се забрануваат богослужбите.
Толку, колку будно внимаваш на својот ум, со толку потопла желба ќе Му се молиш на Исуса; а доколку невнимателно го надгледуваш својот ум, толку ќе се оддалечуваш од Христа Исуса. И како што првото го осветлува воздухот на умот, така последното, - отклонувањето од трезвоумието и слаткото повикување на Исуса – обично потполно го помрачува.
Унапредувањето со времето е духовен темперамент на хармоничниот соживот на кинеските религии. Хармоничниот соживот на кинеските религии е база на кинеската традиционална идеологија „Хармонија во различностите“, e политика која е воведена од кинеската влада за почитување на религиозната слобода. Во рамките на законите, се развиваат правилно односите помеѓу политиката и религиите.
“Светов го опфаќа една нова заразна болест - бесчуствителност кон оние што страдаат. Ај кај светските моќници, но кај обичните луѓе?
Се' повеќе сум убеден дека ако не научиме да сочувствуваме, на дело, во страдањата на другите, тогаш ќе научиме од сопствените страдања.“
Некој богат човек имал ќерка, по име Ефимија, која била толку побожна и живеела така богоугодно што уште како дете отишла в манастир и никојпат не изостанувала од црковните богослужби; била и многу убава. Колку повеќе растела, толку поубава станувала, а заедно со телесната снага растела и нејзината духовна сила, па сите се чуделе на нејзината светост.
Нема големо значение, ако некое слово на духовниот Отец е против нас или ако, некој совет ни се чини неразумен за општата логика. Ако сме подготвени да го следиме словото, советите, ако имаме доверба во Него, тогаш Бог ќе ги нареди работите, така што кончанието да биде позитивно. Тајната на послушанието е една од посериозните стварности на патот кон спасението!
Во поттекстот на сите тие поплаки за отсуство на свеста стои едно убедување дека мислењето е предуслов за свеста. Се смета дека свеста е логична последица на мислењето. Затоа и се верува дека со покачување на степенот на образованието (просветата) ќе се стекне таа толку посакувана човечка свест. За жал, работите, како и многупати досега, се поставени на глава наместо на нозе. Никакво образование, никаква просвета не гарантира свест.
По повод случувањата во последните денови – прекин на светите богослужби поради новопојавениот вирус, би сакале смирено да го изложиме ставот на Светата Црква за тоа дали се пренесуваат болести преку Светите Тајни или преку нејзините средства за осветување - поклонувањето на светите икони, целивањето на раката на свештениците, како и посетувањето на светите храмови.