Драган Таневски: Дедо, сакам да сум како тебе...
- Те гледам како ти светнуваат очите кога баба ќе влезе во собата. Сакам и јас да го имам тоа. Се учи ли тоа бе дедо?
- Синко, не научив јас многу школи, ама животот добро го научив. Тоа што го знам, тоа ти го кажувам... Некои луѓе мислат дека радоста е во многу жени. Тие се кукавици синко. Тие само земаат, а се плашат нешто да дадат.