Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча
Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за него во пустината“. Он е Божјата утеха на луѓето што го носеле, и сега го носат товарот на срамната неплодност, блага посета на оние што престанале да се надеваат. Он го почнува својот живот како знак на надеж на безнадежните, како знак на плодното трпеливо чекање, како знак на надминување на законите на природата, како знак на изобилно излевање на Божјата добрина,