Митрополит Атанасиј Лимасолски: Човекот е љубов по благодат – IV дел
Така, вистинската цел е љубовта кон Бога. И ако ја постигнеме, тогаш сите други нешта го заземаат своето правилно место и човекот не се измачува. Да кажеме дека имаш тежок брак, сопругот те измачува, свекрвата исто така и ти доаѓа да напуштиш сѐ. Ако се анализирам себеси, ќе видам дека причината е длабоко во мене, имено, дека не Го љубам Бога. Да Го љубев Бога целосно и да бев свесна дека целта на мојот живот е љубовта кон Него, тогаш проблемите во мојот брак, здравјето, работата, финансиите, дури и фактот дека стареам...