Архимандрит Андреј Конанос: Да ја пронајдеш тајната на радоста (втор дел)
Мислам дека тоа е суштината на духовниот живот. Денес некој ми прати меил и ми напиша: „Многу те молам, отче, кажи нешто за Третата светска војна!“ Добро де, луѓе, да кажам и за неа. Но јас сум сигурен дека многу од тие кои прашуваат, нема да ја доживеат Третата светска војна како што се плашат, но ќе успеат до вечерта да ја преживеат нивната светска војна со жената и со децата!