Средба на Архиепископот со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго
На 4.7.2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан оствари средба со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго. Г-ѓа Славица е долгогодишен хорист во САД која покрај руското, го користи и македонскиот напев на црковните песнопенија. Таа е автор и на неколку црковни композиции.